3IN MEMORIAM: Почина проф. д-р Зоран Спировски, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
1Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, била потпишана 19 дена пред трагедијата - се очекува рекордна сума
3Канје Вест одржа прва модна ревија по четири години, најголемо внимание привлече неговата сопруга Бјанка (ВИДЕО)
КултураОд 20 до 30 август Карпош станува културна сцена: Започнува „Карпошово културно лето’’Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов – Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ КарпошОд 20 до 30 август, Карпош ќе живее во ритамот на музиката, филмот, уметноста и културното творештво. На повеќе препознатливи локации низ општината ќе се одржи годинешното издание на „Карпошово културно лето’’, со десет програмски дена што ги поврзуваат македонската музичка сцена, културното наследство, киното, визуелната уметност, детското творештво, фолклорот и современите урбани содржини. Програмата беше претставена на прес-конференција одржана на 17 август во холот на Општина Карпош. Концептот на годинешното издание ја носи културата на повеќе точки низ општината - од плоштадот „Делфина“ во Влае и Плато на ,,Млечен’’ , преку Карпош 3 и Бардовци, до Кинотека, дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“, просторот кај ФИНКИ и општинската зграда. Во фокусот е македонското творештво - домашните изведувачи, филмот, драмското и музичкото наследство, традицијата и новите креативни практики - надополнети со ликовни и други културни содржини што ја отвораат програмата кон различни генерации и уметнички изрази. Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, на прес-конференцијата ја истакна токму поврзаноста меѓу наследството, традицијата и иднината на македонската култура и упати отворена покана до јавноста да биде дел од фестивалските денови. „Целата програма е олицетворение на она што е културно наследство, традиција, креативен капацитет и македонска иднина во областа на културата. Изразувам голема благодарност до тимот кој посветено работи на овие проекти, како и до сите учесници. Упатувам отворена покана до сите карпошани и сограѓани - бидете со нас, посетете го киното на отворено, бидејќи ветуваме добра забава, дружба и незаборавни доживувања!’’, изјави градоначалникот Сотир Лукровски. Свеченото отворање на „Карпошово културно лето“ е закажано за 20 август во 20:00 часот на плоштадот „Делфина’’ во Влае, со настапи на Александар Тарабунов - Тара и Нокаут, како и диџеј-програма. Во следните фестивалски денови публиката ќе може да ги проследи Тумбао Салса бенд со Сашо Гигов - Гиш и проектот „Gypsy Night“, Дац и Александар со специјалните гостинки Маријана и Росана, Balkan Jam, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Day Off. На 29 август, Бардовци ќе биде домаќин на вечер посветена на македонската народна музика со Душко Георгиевски, Зуица Лазова и Миле Кузмановски, како и настап на КУД „Етнос“. Музичкиот мозаик го дополнуваат детскиот фестивал „Поточиња’’, хорот на Здружението на пензионери Карпош, женскиот хор „Фрида’’, АКУД „Мирче Ацев’’, квартетот „Полихимниа’’ и други програмски содржини што ги поврзуваат современата сцена, евергринот, хорската музика, фолклорот и традицијата. Културно наследство, визуелна уметност и нови креативни практики Посебно место во програмата има изложбата на 25 плакати од театарски претстави на Горан Стефановски, пронајдени во неговата лична колекција. Плакатите се од различни претстави изведувани во земјата и надвор од неа и претставуваат визуелен пресек на сценскиот живот на неговите текстови и потсетување на трајното значење на неговиот драмски опус. Современото творештво и одржливоста се поврзуваат преку ReART - патувачка изложба на циркуларна уметност, реализирана во соработка со Фондацијата „Берта Додедевска“ и „Нула отпад“. Проектот ја истражува креативната реупотреба на електронскиот отпад како уметнички материјал и ги отвора темите за циркуларната економија, одржливиот развој и одговорниот однос кон животната средина. На 21 август во Кинотека ќе биде отворена и меѓународната изложба „Ликовни визии на имагинацијата’’, на која ќе бидат претставени дела од десет академски ликовни уметници - осум од Македонија и двајца од Србија. Истиот ден ќе се одржи и промоцијата на книгата „Зоја’’ од Јоана Шишкова. На 27 август, на платото на ,,Млечен’’ , ќе биде поставена и изложбата на отворено „Карпош помеѓу боите и генерациите’’, со дела на деца, млади и возрасни автори. Кино под отворено небо и содржини за најмладите Еден од препознатливите сегменти на годинешната програма е Карпош кино на отворено, кое започнува на 21 август во 20:00 часот во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов’’. Првата проекција е „Приказна за Силјан’’, а кино-програмата продолжува и во наредните фестивалски вечери до 27 август. За најмладата публика, покрај настапот на „Поточиња’’, на 23 август кај фонтаната во Карпош 3 ќе се реализира интерактивната просторна работилница „Нашето маало - #СоздавамеЗаедно’’. Преку заедничко создавање, децата ќе градат просторна инсталација инспирирана од маалото - со згради, улици, паркови, игралишта и други елементи – поврзувајќи ги имагинацијата, заедништвото, грижата за јавниот простор и креативната реупотреба на материјалите. Со музика, филм, ликовна уметност, културно наследство, детско творештво, фолклор и урбани содржини распоредени на повеќе локации, „Карпошово културно лето’’ ја отвора општината како простор за култура и средба со публиката, поврзувајќи афирмирани домашни имиња, нови автори и различни генерации. КОМПЛЕТНА ПРОГРАМА „КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО’’ 20 АВГУСТ | ЧЕТВРТОК 11:00 | Хол на Општина Карпош Изложба на плакати од театарски претстави на Горан Стефановски 19:00 | Сити Мол ReART - патувачка изложба 20:00 | Плоштад „Делфина’’, Влае Свечено отворање на „Карпошово културно лето’’ Диџеј-програма Александар Тарабунов - Тара Нокаут 21 АВГУСТ | ПЕТОК 12:00 | Кинотека Меѓународна изложба „Ликовни визии на имагинацијата’’ 12:30 | Кинотека Промоција на книгата „Зоја’’ од Јоана Шишкова 19:00 | Плоштад „Делфина’’ Детски фестивал „Поточиња’’ 20:00 | Плоштад „Делфина’’ Хор на Здружението на пензионери Карпош Диригент: Благица Душкова 20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’ Отворање на Карпош кино на отворено Проекција: „Приказна за Силјан’’ 21:00 | Плоштад „Делфина’’ Тумбао Салса бенд со Сашо Гигов – Гиш Проект: „Gypsy Night’’ 22 АВГУСТ | САБОТА 18:00 | Бараките на ФИНКИ Журка на ФИНКИ - „Мурал во Карпош’’ 20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’ Кино на отворено Проекција: Јон Вардар против Галаксија 23 АВГУСТ | НЕДЕЛА 17:00 | Фонтана, Карпош 3 „Нашето маало – #СоздавамеЗаедно’’ Детска интерактивна просторна работилница 20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’ Кино на отворено Проекција: Мирно лето 20:30 | Фонтана, Карпош 3 Рап журка со ,,Жабата’’ 24 АВГУСТ | ПОНЕДЕЛНИК 19:00 | Плато Млечен КУД „Мирче Ацев’’ - меѓународен фолклорен фестивал 20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’ Кино на отворено Проекција: Медена земја 21:00 | Плато Млечен Евергрин вечер со Дац и Александар Специјални гостинки: Маријана и Росана Промоција на заедничката песна „Засекогаш млади’’ 25 АВГУСТ | ВТОРНИК 19:00 | Плато Млечен ReART - патувачка изложба 20:00 | Плато Млечен Диџеј-програма 20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов“ Кино на отворено Проекција: Te Dua жими мене 21:00 | Плато Млечен Balkan Jam 26 АВГУСТ | СРЕДА 14:00 | Хол на Општина Карпош Квартет „Полихимниа“ - концерт 19:00 | Плато Млечен КУД „Мирче Ацев’’ - меѓународен фолклорен фестивал 20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’ Кино на отворено Проекција: Исцелител 21:00 | Плато Млечен Игор Џамбазов и Гуру Харе 27 АВГУСТ | ЧЕТВРТОК 19:00 | Плато Млечен Хор „Фрида’’ Проект: „Песната е лек’’ 19:30 | Плато Млечен Изложба на отворено „Карпош помеѓу боите и генерациите’’ 20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’ Кино на отворено Проекција: Балкан Кан 21:00 | Плато Млечен Day Off 29 АВГУСТ | САБОТА 09.00 | Бардовци Фудбалски терен на ФК Лепенец (бардовци) Дводневен (викенд) фудбалски турнир 20:00 | Бардовци КУД „Етнос’’ 21:00 | Бардовци Фолк вечер Душко Георгиевски Зуица Лазова Миле Кузмановски 30 АВГУСТ | НЕДЕЛА 11:00 | Хол на Општина Карпош Ерхан Шукри - концерт Изложба на уметнички дела ReART - патувачка изложба, поставка во холот Изложба на плакати од претставите на Горан Стефановски Дело од Детскиот ликовен центар Дело од ликовната колонија „Нерешки мајстори’’ Дело од изложбата на отвореноКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМурињо го собори рекордот на Ла Лига Реал Мадрид убедливо ја победи Валенсија со 3:0 на „Местаља“ вчера вечерта во 12-то коло од Ла Лига, а со таа победа тренерот Жозе Мурињо дополнително ја подобри својата веќе импресивна статистика. Тоа беше 97-ма победа на Португалецот во 126 натпревари, со што неговата стапка на успех достигна 77 проценти. Овој резултат го става Мурињо на првото место меѓу тренерите кои воделе најмалку 100 натпревари во шпанското првенство. Никој во историјата на натпреварувањето нема поголем процент на победи во таа категорија. Веднаш зад него е Пеп Гвардиола, кој забележа 116 победи во 152 натпревари, што претставува стапка на успех од 76,3 проценти. Флик има уште подобар процент Според податоците на шпанските статистичари, Карло Анчелоти е следен на листата со 71,1% (162 победи во 228 натпревари). Ханси Флик има уште подобар коефициент од Мурињо, 79,3 проценти победи, но сегашниот тренер на Барселона сè уште не ја достигнал границата од 100 водени натпревари. Флик забележа 69 победи во 87 натпревари. 1. Ханси Флик - 79,3 % (69 победи во 87 натпревари) 2. Жозе Мурињо - 77% (97 победи во 126 натпревари) 3. Пеп Гвардиола - 76,3 % (116 победи во 152 натпревари) 4. Карло Анчелоти - 71,1 % (162 победи во 228 натпревари) Во победата над Валенсија, Реал поведе со голот на Федерико Валверде во 28-та минута, а Арда Гулер го дуплираше водството во 36-та минута. Конечните 3:0 ги постави Килијан Мбапе во 75-та минута. За мадридскиот тим ова беше осма последователна победа во сите натпреварувања.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветСе зголеми бројот на жртвите во железничката несреќа во Египет (ВИДЕО)Бројот на жртви во големата железничка несреќа во Египет се искачи на седум, а 112 лица се повредени, соопштија египетските власти.Несреќата се случила кога четири вагони од патнички воз излетале од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза и се судриле со друг воз, недалеку од Каиро, објави „Араб њуз“. Локалните медиуми претходно објавија дека 120 лица се повредени, без да ја прецизираат сериозноста на нивните повреди. Некои египетски медиуми објавија дека бројот на повредени е повеќе од 150. Несреќата се случила во областа Ал-Ајат, по што на местото на настанот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави „Галф њуз“. Four train carriages have overturned in a major derailment, with up to 150 injuries reported and more than 50 ambulances dispatched to the scene in Giza, Egypt. https://t.co/PMGZobDwl7 — Weather Monitor (@WeatherMonitors) November 8, 2026 Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Како што претходно објави „Ал Арабија“, машиновозачот им подлегнал на повредите. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да ги спроведе потребните проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси изјави дека ја следи несреќата со „голема загриженост“ и им нареди на властите да спроведат итна истрага за да „ги повикаат на одговорност сите оние за кои е утврдено дека биле небрежни“.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФинансаискиот директор на „Бајненс“ поднесе оставка по хакерската кражба на 6,3 милијарди долари „Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек.„Бајненс“, најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека нејзиниот финансиски директор Кајзер Нг ја напушта функцијата и дека ќе биде наследен од Џастин Јек, само неколку дена откако хакерите украдоа криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од платформата. „Кајзер Нг одлучи да започне нов потфат по повеќе од пет години во „Бајненс“, со план за транзиција кој беше имплементиран во текот на изминатите шест месеци. Му посакуваме се најдобро во неговото следно поглавје“, рече копретседателката на компанијата, Ји Хе, според „Блумберг“. Нг се приклучи на компанијата во јануари 2022 година, откако помина околу пет години на друга крипто берза, „Кракен“. Неговиот наследник, Џастин Јек, претходно беше потпретседател за финансии во компанијата за услуги за плаќања „Ервалекс“. „Воодушевен сум што ја преземам улогата на финансиски директор во „Бајненс“. Со нетрпение очекувам да го водам финансискиот сектор на компанијата додека продолжуваме одговорно да го шириме нашиот бизнис и да ја постигнеме нашата глобална мисија“, рече Џек во соопштението. Компанијата претходно објави дека хакерите минатата недела украле 6,3 милијарди долари криптовалути, што беше опишано како најголема кражба во историјата на индустријата. Федералното истражно биро на САД (ФБИ) на 31 октомври објави дека Северна Кореја стои зад нападот. „Бајненс“ по нападот соопшти дека вратила околу 90 проценти од украдените средства и продолжува да работи на целосно обештетување на корисниците. Нападите врз крипто платформите претставуваат растечки безбедносен предизвик за индустријата која се прошири на глобалниот финансиски пазар во последните години, соопшти американската агенција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook