БалканОд 1990 до 2023 година Албанија изгуби 40, а Косово 50 отсто од населението Според извештајот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од 1990 година, Албанија и Косово се двете земји кои имаат најголема емиграција на населението од посткомунистичките земји.Во извештајот се наведува дека Албанија изгубила околу 40 отсто од своето население во периодот 1990-2023 година, само преку нето емиграција, второ највисоко ниво во Европа и во целата група економии на ЕБОР. Од друга страна, природниот прираст бил позитивен во поголемиот дел од периодот и компензирал за околу 27 проценти од населението во 1990 година, што делумно го ублажува ударот, но недоволно за да ги неутрализира одливите. Косово, исто така, изгубило 50 отсто од населението во истиот период, што е највисоко ниво во Европа, иако имало помал природен прираст од Албанија со речиси 40 отсто, наведува албанскиот весник „Монитор“ во својата анализа. Во извештајот се вели дека овој голем демографски јаз се претвора во значително економско оптоварување на Албанија. ЕБОР првпат го мери годишното влијание на демографијата врз растот на БДП по глава на жител. За Албанија, придонесот на населението бил негативен во периодот 2000-2023 година, со околу минус 0,2 отсто загуба на раст секоја година. За периодот 2024 – 2050 година, се очекува влијанието да се продлабочи од минус 0,3 до минус 0,4 отсто годишно, што ја прави Албанија една од најизложените економии во целиот регион на ЕБОР. Недостатокот на работна сила, зголемувањето на бројот на стари лица и слабеењето на основата на придонеси во социјалните шеми ја ставаат економијата под постојан притисок, се наведува во анализата. ЕБОР предупредува дека без зголемување на продуктивноста, технолошки инвестиции и политики што го спречуваат губењето на човечкиот капитал, земјите што доживуваат масовна емиграција ќе доживеат пад на нивниот долгорочен потенцијал за раст. Во извештајот се додава дека овој модел веќе има видливи последици врз пазарот на трудот, инвестициите, продуктивноста и фискалната стабилност. Според ЕБОР, Албанија и Косово се меѓу најизложените економии во целиот регион. Дури и ако економскиот раст остане позитивен, неговото потенцијално темпо ќе биде значително пониско отколку во земјите со растечко население, како што се Турција, Египет или земјите од Централна Азија. Извештајот сугерира дека во отсуство на зголемување на продуктивноста, технолошки инвестиции, раст на човечкиот капитал и подобрување на деловната клима, масовната емиграција ќе продолжи да го попречува економскиот раст најмалку уште три децении, заклучува „Монитор“.Тагови: Албанија Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook