Од 19 до 22 октомври 42. Скопски џез фестивал - Канал 5

Од 19 до 22 октомври 42. Скопски џез фестивал

Единаесет светски етаблирани состави од САД, Европа, Бразил и Македонија ќе  ја претстават својата музика во Националната опера и балет и во МКЦ во рамки на 42. издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржи од 19 до 22 октомври.

Од 19 до 22 октомври 42. Скопски џез фестивал

Годинава публиката ќе може да ги следи концертни настани во согластност со мотото на Гард Нилсен Суперсоник Оркестра: „Ако слушаш внимателно, музиката ќе биде твоја!“.

- Програмата, распоредена во четири вечери, е исклучително силна, разновидна и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес, соопштија од Фестивалот.

Фестивалот годинава ќе го отвори ексклузивната премиерна изведба на делото „After the Wildfire“, специјално за оваа прилика компонирано од норвешките џез ѕвезди Арве Хенриксен и Јан Банг како солисти, заедно со перкусионистот Ингар Зак. Музиката е аранжирана и под диригентство на Џијан Емин за Fame’s Institute Orchestra, а во изведбата ќе бидат вклучени и неколку познати македонски пејачки и кавалџии.

Истата вечер во МКЦ ќе настапи култниот композитор, корнетист, пејач, поет и еклектичен ерудит Бен Ламар Геј со неговиот ансамбл. Станува збор за еден од најоригиналните џез-уметници денес, претставник на инспиративната чикашка музичка сцена и потписник на водечката издавачка етикета во светот кога е во прашање современата креативна музика - International Anthem. Звукот на Геј поседува уникатен, препознатлив стил што тој го нарекува „Pan-American“, со широк спектар на влијанија: од џез до фанк, од R&B до тропикалија и од хип хоп до електро и современа класика.

Во рамки на втората фестивалска вечер ќе има два различни концертни настапи. Ќе настапи италијанскиот саксофонист Роберто Отавијано со својот актуелен проект „Eternal Love“, посветен на Африка, нејзината култура, музика и луѓе.

- Заедно со својот блескав квинтет, Отавијано нè води на возбудливо патување, во потрагата по звук и јазик што ќе ги обедини слободната импровизација, славната традиција на џезот и културните корени, наведуват од Фестивалот.

На фестивалска вечер ќе настапат и Силви Курвоазие и Мери Халворсон, современи импровизаторки кои на апстракцијата ѝ пристапуваат од две различни перспективи. Курвоазие како пијанистка што ги премостува фри џезот и европската класична музика, и Халворсон како деконструктивна гитарска импровизаторка, силно поврзана со бруклинската авангардна џез сцена.

Полноќниот концерт на домашниот џез состав „Cobalt Code Unit“ ќе ја заокружи првата половина од годинашната фестивалска понуда. Се работи за четири млади музичари кои, низ призмата на авангардниот израз, ги контемплираат хоризонтите на современиот џез, слободната импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Дел од овој состав се Драган Теодосиев - тапани, Симеон Ангеловски - бас гитара, синтисајзер, хармоника, Стефан Миладинов - гитара и Благојче Томевски - кларинет.

Саботната вечер на претстојното издание на фестивалот ќе помине во знакот на две значајни имиња на американскиот џез. Големиот џез пијанист Џејсон Моран ќе одржи соло рецитал. Последното гостување на овој брилијантен уметник на Скопскиот џез фестивал беше во 2008 година, кога се претстави со своето оригинално трио „Bandwagon“.

Во сабота во Националната опера и балет ќе настапи Џоел Рос, кој е најавен како еден од клучните протагонисти на новата генерација американски џез музичари, градејќи сè побројна и попосветена публика. Иако млад, го сметаат за најдобар џез-вибрафонист во светот во моментов, наследник на легендарните Милт Џексон и Гери Бартон. Познат е по своите извонредни технички вештини и виртуозност, но и по искрениот и автентичен пристап кон музиката. Ова е неговиот прв настап во Скопје, со својот квартет „Good Vibes“.

Во полноќната саботна програма публиката ќе има можност да го проследи уникатниот перформанс на тандемот „Rite“, составен од Зое Пиа и Матс Густафсон. Зое Пиа е италијанска кларинетистка, композиторка, музички ентузијаст и истражувач од Сардинија, а Матс Густафсон е познат шведски саксофонист, импровизатор, композитор и херој на скандинавската фри-џез сцена.

Последната вечер на 42. Скопски џез фестивал ќе ја отвори триото Златко Каучич/Бери Гај/Агусти Фернандез. Каучич е неприкосновена словенечка џез и импро легенда, плоден композитор, тапанар и уметник во слободен стил. Бери Гај е иновативен басист и композитор чијашто креативна разновидност во областа на џез импровизацијата, камерната и оркестарската изведба, како и соло рециталите, е резултат на страста за експериментирање и идеалот за музичка комуникација. Агусти Фернандез е еден од ретките шпански музичари со висок интернационален рејтинг и светска референца во областа на импровизираната музика.

Во Националната опера и балет во 22 часот ќе настапи скандинавска екипа која во последниве три години го освои светот и е „привилегија“ на најквалитетните и најелитните европски џез фестивaли - Gard Nilssen Supersonic Orchestra. Тоа се 18 големи имиња на скандинавскиот џез, сите поединечно лидери на бендови и импровизатори од светска класа. Музиката е енергична, сугестивна, динамична, креативна и експлозивна, инспирирана од Орнет Колман, Фела Кути, Сан Ра, Алис Колтрејн, Дјук Елингтон, Луис Мохоло и Кертис Мејфилд.

Годинешното фестивалско издание ќе го затвори еден од најпознатите, највозбудливите и највлијателните експоненти на современиот афро-бразилски звук денес - „Bixiga 70“. Тие умешно ги вткајуваат бразилските влијанија во својот звук, создавајќи уникатно и моќно музичко искуство. На завршниот концерт на 42. Скопски џез фестивал, експлозивните Бразилци ќе го претстават својот најнов, штотуку објавен, петти албум „Vapor“ (Glitterbeat Records).

Во рамките на фестивалот ќе биде доделена традиционалната Награда за најдобар млад џез-музичар во 2023 година, а ќе биде организирана и Џез работилница за деца „Jazz for Kids“.

Скопскиот џез фестивал и годинава, во соработка со УНХЦР, продолжува да го негува проектот Џез за солидарност со бегалците, упатувајќи уште еден гласен апел за емпатија, сочувство со неправедно и насилно раселените, обездомените, обезнадежените.../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер