Од 19. август почнува 11. издание на фестивалот „Македокс“ - Канал 5

Од 19. август почнува 11. издание на фестивалот „Македокс“

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ на прес-конференција, ја објави програмата и дополнителните активности за своето 11-то издание.

Од 19. август почнува 11. издание на фестивалот „Македокс“

Единаесетото издание на „Македокс“ ќе се одржи од 19 до 26 август во паркот кај МКЦ и во летното кино на Кинотеката , а ќе биде посветено на звукот и тишината. На слушање на наједноставното и најтешкото, и на поглед кон невидливото. Фокусот се става на поезијата во филмот - дизајнот на звук. Мото на фестивалот е „Слеј се со тишината“, според истоимената стихозбирка на Ацо Шопов од 1955 година.

Годинава фестивалот ќе се одржи во хибридно издание – ќе има проекции и настани во живо на отворен простор и настани што ќе се одржат он-лајн на интернет. Филмските проекции што ќе се одвиваат во живо паралелно ќе може да се следат и на интернет-платформа, што овозможува програмата да биде достапна низ целата држава. Поради пандемијата на коронавирусот годинава нема да дојдат гости од странство, но голем дел од авторите на филмовите на фестивалот ќе присуствуваат виртуелно. Планирано е он-лајн да се одвиваат дискусиите по филмовите, разговорите под смоква, како и мастеркласовите и работилниците.

- Покрај сите глобални случувања со пандемијата на коронавирусот, „Македокс“ успеа да го организира фестивалот со целата програма што беше замислена уште во 2019 година, пред појавата на вирусот – истакнува Дарко Набаков.

Постерите за годинашното издание прикажуваат микроскопски фотографии од кромидот, симболот на „Македокс“, ги изработи Самир Карахасан, а фестивалот изразува благодарност до Институтот за биологија при Природно-математичкиот Факултет од Скопје за отвореноста и соработка во изработка на визуелниот идентитет на фестивалот, како и до Фондацијата „Ацо Шопов“ за отстапувањето на авторските права за песната „Слеј се со тишината“.

Фестивалската програма ќе биде отворена на 19 август со проекција на документарните филмови „Спиењето на Макс Рихтер“ за композиторот Макс Рихтер и „Зборувај за да те видам“, портрет за Втората програма на белградското радио.

Селекторката на Главната програма и на категоријата „Нови автори“, Петра Селишкар, најави дека специфично оваа година ќе биде што на „Македокс“ се враќаат автори како Џон Апел, Хуберт Саупер, Томас Балмес и Младен Ковачевиќ. Филмови во главната програма се: „Епицентар“, „Испеј ми песна“, „Кога прашината ќе слегне“, „Колектив“, „Нашата временска машина“, „Само ѓаволот живее без надеж“, „Светиот татко“, „Спиењето на Макс Рихтер“, „Среќен Божиќ Јиву“ и „Фатени во мрежа“. Во категоријата „Нови автори“ има десет остварувања, а ќе се одржи премиера и на македонскиот документарец „Професорот“ на Јордан Дуков.

Програмата на кратки документарци содржи 15 наслови, а радува фактот што годинава пристигнале голем број остварувања на автори од регионот. Во рамките на оваа програма премиерно ќе бидат прикажани два македонски филмови „Нејзиното семејство“ на Елизабета Конеска и „Сите ќе умреме“ на Сашко Потер Мицевски. Студентската програма содржи 14 наслови. Детската програма ќе се одржи он-лајн, а се реализира во соработка со филмските фестивали „Ајс докс“ од Исланд, „Синедок Тбилиси“ од Грузија и фестивалот за анимирани филмови „Аниматека“ од Словенија.

Комплетната филмска програма, како и фестивалските жирија, може да се најде на фестивалскиот сајт: http://makedox.mk/mk/festival/filmska-programa/

- Земја во фокус на 11. МакеДокс е Кралството Холандија и во програмата се шест нови документарни остварувања. Холандските филмски документаристи не обработуваат само теми од „Ниската земја“. Напротив – своите филмски „бисери“ ги откриваат низ целиот свет како номади во потрага по скриени богатства. Со исклучителен документаристички сензибилитет, при што визуелните глетки на неверојатно функционален начин се надополнуваат со звучниот фон (музиката, природните звуци, говорот, тишината), овие автори го создадоа и го создаваат еден од најзначајните документаристички филмски опуси за човековата цивилизација – истакна селекторката Петрула Вељановска.

Програмата е поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

По премиерата на документарниот филм „Кога прашината ќе слегне“, холандскиот режисер Џон Апел на 22 август он-лајн ќе одржи и мастер клас, што ќе може да се проследи преку платформата „Зум“.

Во тек е работилницата за дизајн на звукот „Звукот го обликува филмот, филмот го обликува звукот“ со Владимир Ракиќ (1974, Нови Сад), композитор и дизајнер на звук кој, по потекло е од Србија, а веќе 20-ина години живее и работи во Амстердам. Работилницата ќе биде презентирана он-лајн на 20 август.

Во рамките на 11.МакеДокс се одржува второто издание на форумот МакеКоПроДокс, кое се реализира со поддршка од програмата Креативна Европа - МЕДИА Деск МК.

- Форумот целосно се одржува он-лајн. На 5 и 6 август имаше состаноци помеѓу регионалните филмски фондови. На 6 август се одржа и работилница за пичинг за 10-те проекти што се одбрани да бидат дел од форумот. Вториот дел од форумот ќе се одржи за време на фестивалот. На 20 август ќе има презентација на резултатите од работилницата за звук, додека на 24 и 25 август ќе продолжат он-лајн активностите на форумот – информира Сара Ферро.

На фестивалот ќе има и две дебати – за сексуална злоупотреба на 23 август, базирана на чешкиот филм „Фатени во мрежа“ од Вит Клушак и Барбора Чалупова, како и дебата за детската програма на документарни филмови на 26 август. На втората дебата ќе биде презентирана и мрежата „ФестДоксНетворк“ составена од фестивалите ДОК.фест Минхен (Минхен, Германија), ДоксБарселона (Шпанија), МакеДокс и ФИПАДОК (Биариц, Франција).

Годинава фестивалот „Македокс“ е коорганизиран во соработка со Младинскиот културен центар и Кинотеката.

Фестивалот е поддржан од програмата МЕДИА на Креативна Европа, Институт „Јунус Емре“, Амбасада на Кралството Холандија, Град Скопје, Амбасадата на Република Чешка во Софија.

Фестивалот „Македокс“ за своето 11-то издание, сѐ уште, нема добиено поддршка од Агенцијата за филм на РСМ. Станува збор за проблем од административна природа што се провлекува неколку месеци наназад. Поради виша сила фестивалот задоцни четири работни дена со својата апликација за поддршка од Агенцијата. Правното решение се чека веќе седум месеци. Без поддршката „Македокс“ мораше да се откаже од своето фестивалско гнездо – објектот на Куршумли ан, како и од платото пред Музејот на Македонија . Фестивалот има одобрување за користење на двата простори од институтот „Јунус Емре“, Музеј на Македонија и Археолошки музеј .

- Причината е наш административен пропуст, кој во изминатите седум месеци и покрај заложбите на директорот, администрацијата и членови на Управниот одбор на Агенцијата, дел од Управниот одбор одбива да го разгледа и да изнајде решение. Овој деградирачки пристап кон работата и значењето на фестивалот, кој е оставен без финансии во време на пандемија во која успеа да ја подготви својата програма во целост, придонесе истата да не може да биде реализирана според првичните планови. Токму затоа, оваа година принудени сме да го оставиме Куршумли ан во тишина, со надеж дека ќе се вратиме од следната година со третман и поддршка каква што „Македокс“ заслужува – нагласува Дарко Набаков.

Фестивалот „Македокс“ годинава нема да има официјално отворање, а на 18 август ќе се одржи едночасовно „слевање со тишината“ во Куршумли ан без филмска проекција, а според мотото „Слеј се со тишината“.

Билетите за проекциите во он-лајн продажба ќе бидат пуштени на 17 август, понеделник, преку мрежата mktickets.mk.

Проекциите и настаните на отворен простор ќе се организираат согласно протоколите за заштита од коронавирусот ковид-19:

- задолжително носење заштитна маска за време на целиот настан

- мерење температура при влезот во фестивалските простори

- одржување на растојание од 1,5-2 метри

- дезинфекција на рацете пред и по одржувањето на проекциите и настаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.

Фото: Хаос поради нозете на Џеј Ло

Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод.

Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе.

За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години.

Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото.

Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки.

Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови.

Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?

Фото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!

Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови.

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди.

Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание.

За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради.

Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур.

Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.

НБА инвестира милијарди во европската кошарка !

НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми.

Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови.

Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата.

Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ.

НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот.

Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност.

Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА.

Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер