Од 13 до 19 април стартува европската акциска контрола на брзина на патиштата - Канал 5

Од 13 до 19 април стартува европската акциска контрола на брзина на патиштата

Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции - ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за возење над дозволената брзина.

Од 13 до 19 април стартува европската акциска контрола на брзина на патиштата

Од среда, 15 април од 00.00 часот до четврток 16 април 00.00 часот ќе биде 24 часовен Маратон на брзина во кој период ќе има непрекинати акциски контроли на брзината на движење на територијата на целата држава.

Брзото возење останува една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици на нашите патишта. Затоа мораме да делуваме постојано. Со имплементација на проектот „Безбеден град“ и постојаните сообраќајни акциски контроли се:

Зголемува свесноста од опасностите на брзото возење

Се поттикнува промена на однесувањето на возачите на долг рок

Се спасуваат животи.

Голем дел од локациите на акциските контроли им се однапред познати на возачите со цел да се засили превентивниот карактер на акциите. Целта не е казнување, целта е сообраќај во рамките на обележаните брзини, сообраќај кој спасува животи.

ROADPOL маратонот за брзина (Speed marathon) е заедничка акциска контрола на сите европски сообраќајни полиции која се изведува истовремето на сите европски патишта.

Намалете ја брзината. Почитувајте ги ограничувањата. Со тоа спасувате животи, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Успешно реализирана обуката за дигитална писменост на постарите карпошани

Во вторникот, (30.06.2026) се одржа последниот час од бесплатните обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, кои беа реализирани како дел од проектот од годишната Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на Општина Карпош.

О. Карпош: Успешно реализирана обуката за дигитална писменост на постарите карпошани

Обуките, активно ги следеа 25 лица од три категории, вклучувајќи ги постарите жители на Карпош, лица во социјален ризик, како и граѓани од маргинализираните групи.

Предавањата беа распоредени во текот на 12 недели во траење од 90 минути по сесија. Во рамки на обуките, присутните се стекнаа со практични искуства за користење на електронските уреди, пребарување на интернет мрежите, притоа, совладувајќи ги современите техники за управување со електронското банкарство и безбедно користење на јавните електронски услуги.

Во оваа пригода учесниците добија и лиценцирани сертификати за посетување на обуките, со што ги унапредија своите дигитални вештини кои се неопходни во современиот свет на комуницирање, стои во соопштението од Општина Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: ФИФА се огласи за поништениот гол на Хрватска – ова е објаснувањето

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објасни зошто голот на Хрватска против Португалија беше поништен. 

Видео: ФИФА се огласи за поништениот гол на Хрватска – ова е објаснувањето

Јошко Гвардиол го совлада Рикардо Коста во 13-тата минута од судиското продолжение, но израмнувањето беше спречено од „Connected Ball“ технологијата.

Според ВАР системот асистентот на погодокот на Гвардиол , Марио Пашалиќ бил во офсајд, само затоа што неговиот соиграч Игор Матановиќ имал минимален контакт со топката со главата пред тоа.

„Според податоците обезбедени од технологијата „Connected Ball“ која што се наоѓа во внатрешноста на официјалната топка на Светското првенство -Adidas Trionda, докажано е дека хрватскиот играч Игор Матановиќ имал контакт во фазата на подготовка на акцијата пред голот против Португалија, што му овозможи на судијата правилно да утврди офсајд и да го поништи голот“, се вели во соопштението на ФИФА. Гледачите на ТВ екраните веднаш можеа да го видат тој мал контакт преку графика , што покажуваа дека Матановиќ имал допир со топката.

„IMU сензорите лоцирани во Трионда се способни да детектираат секаков мал контакт, прикажан на гледачите на емитувањето како „графика на отчукувања на срцето“ и да им обезбедат на службените лица невидено ниво на податоци за брзи и точни одлуки.“- стои во соопштението на ФИФА.

https://www.youtube.com/watch?v=lXNn1zzVmzw

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ново чудо во Венецуела, спасен маж кој осум дена бил под урнатини

Еден човек е спасен жив откако осум дена бил заробен во урнатините на зграда по двата земјотреси во Венецуела

Ново чудо во Венецуела, спасен маж кој осум дена бил под урнатини

Еден човек е спасен жив откако осум дена бил заробен во урнатините на зграда што се урна по двата земјотреси во Венецуела.тој бил на должност во мала бетонска кабина во подрумот на паркингот веднаш до трговски центар.

Се создала школка околу него, заштитувајќи го од 140-те тони урнатини што се урнале околу него и врз него.спасувачката мисија траеше 100 часа.

Чилеански пожарникар претходно ја опиша спасувачката операција како „ Најсложената и технички најтешката со која морал да се справи“.

До синоќа, потврдено е дека 2.595 лица загинале во земјотресите што ја погодија венецуела а десетици илјади сè уште се водат како исчезнати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер