Од 12 октомври сите македонски граѓани при влез во ЕУ ќе мораат да се фотографираат и да остават отпечатоци - Канал 5

Од 12 октомври сите македонски граѓани при влез во ЕУ ќе мораат да се фотографираат и да остават отпечатоци

Од 12 октомври сите македонски граѓани при влез во земјите – членки согласно новиот систем за влез и излез во ЕУ (ЕЕС) на граничните премини или на аеродромите ќе мораат да се фотографираат и да остават отпечатоци од прсти. 

Од 12 октомври сите македонски граѓани при влез во ЕУ ќе мораат да се фотографираат и да остават отпечатоци

По евиденција во системот, според најавите при секое идно патување само ќе се евидентираат податоците, а печатите во пасошите ќе станат минато. Од Делегацијата на ЕУ во земјава на брифинг со новинарите посочија дека не очекуваат проблеми на аеродромите, туку на копнените гранични премини каде велат дека е можно да се создаваат дополнителни застои.

Според најавите, доколку некој од Македонија патува во Грција или Бугарија кои се земји-членки на Унијата, ќе мора да излезе од возилото и на самата граница да се фотографира и да остави отпечатоци од прстите за да влезе во системот. Од таму велат дека Грција до сега најавила дека ќе започне со спроведување веднаш, односно од 12 октомври, за што веќе и започнале со подоготвка на инфраструктурата на сите гранични премини. Бугарија пак, процесот кон Македонија ќе го спроведува од истата дата, но само на граничниот премин Деве Баир, а од Делчево и Ново Село кон крајот на годината. Целта на новиот систем како што соопшти евромабасадорот во земјава Михалис Рокас е, пред се, да се зајакне безбедноста на Унијата.

-Постепено, кога граѓаните на трети земји ќе влегуваат во ЕУ ќе треба еднаш да ги регистрираат нивните биометриски податоци, тоа значи да се дадат отпечатоци и да се фотографираат. Откако тоа ќе се направи, при следниот влез и понатаму, тоа би било по лесно. На пример кога поминувате низ аеродроми ќе можете да ги користите автоматските порти што би било побрз начин за патување во границите на ЕУ.

Новиот систем кој Унијата треба да го спроведе до април идната година според најавите ќе се применува постепено, по што ќе се воведе на сите влезни точки од Шенген зоната.

Првите триесет дена ќе бидат опфатени само 10 проценти од патниците, а до април тоа ќе важи за сите. Од мерката ослободени се децата до 12 години. Од Делегацијата на ЕУ во земјава нагласија и дека важно е да се напомене дека системот за влез и излез (ЕЕС) е сосема различен од ЕТИАС чија примена треба да започне од втората половина на идната година. Станува збор два различни системи кои се комплементарни еден на друг и ќе функционираат паралелно. Со ЕТИАС кој пак е систем за претходна проверка се предвидува он-лајн апликација и такса од 20 евра која ќе важи три години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Весна Јаневска во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Весна Јаневска

 Весна Јаневска во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми.

Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството.

Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем.

Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот.

Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа.

Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата.

Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun).

Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд.

Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера.

Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“.

Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година.

Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер