Од 1 јули поскапува струјата, можно е и за повеќе од 5%?!

Првиот регулатор Марко Бислимовски изненаден од повисоката цена по која ЕСМ ќе ја продава произведената струја на универзалниот снабдувач, односно наместо досегашните 57 цената ќе изнесува 60 евра за мегават час.

Како во ковид и енергетска криза, Бислимовски вели така и сега ќе направиме се за да се заштити стандардот на граѓаните. Според него загрижува фактот што ЕСМ нема да го покрива целокупното количество на електрична енергија, туку на тендерот ќе понуди само 85 отсто, останатото количество универзалниот снабдувач ќе мора да го обезбеди од надвор. Сепак какви сметка ќе плаќаат граѓаните од 1 јули ќе се знае до крајот на месецов.

„Државните електрани во време на криза нудеа пониска цена е сега оваа цена од 60 евра за мегават час да бидам искрен е изненадување и за мене.... Значи оваа цена од 60 евра за мегават час некако можеме да ја исхендламе, но мене ме загрижуваат 15% кои што треба да се набавуваат на слободниот пазар. И тоа има сериозно влијание, ако е некаде сега на пазаров и фјучерсите кои што ги гледаме за третиот и четвртиот квартал цената во замисност од денот но се движи од 90 до кај 100 евра за мегават.“ -изјави Марко Бислимовски - претседател на РКЕ.

Во тек во регулаторна се и анализите за воведувањето на дополнителен уште еден час евтина дневна тарифа на струјата, која според најавите од првиот регулатор би се вовела во текот на зимските месеци, за што ќе треба повторно да се сервираат и броилата на сите домаќинства.

„Тоа што го правиме е тоа што се случува на пазарот на струја тие придобивки кои ги имаат индустриските и комерицјанлните потрошувачи што се на слободниот пазар конечно на крајот на денот да ги имаат и домаќинствата затоа што има периоди кога цената на електричната енергија е и 1 евро, 2, 3 евра и сетоа тоа е резулатат на голем број инвестицции во фотоволатици. “--изјави Марко Бислимовски - претседател на РКЕ.

Од регуларна како целосно неточни ги отфрлија и информациите дека со евентуално поскапување на струјата би скокнала и цената на лебот, бидејќи сите големи производителите струјата ја набавувата на слободниот пазар.

Од новата Влада, пак досега неколку пати посочија дека ќе се штити стандардот на граѓаните, евентуално поскапување на струјата велат нема да дозволат. Штом се формира новото министерството за енергетика, велат ќе бараат да се направи ревизија на работењето на РЕК Битола и ЕСМ.

Брнабиќ бара одговорност за летот на српската репрезентација со хрватски авион

- Очекувам да се откријат одговорните и да се види зошто тоа се случи. Имаме своја „Ер Србија“, сите секогаш патуваме со „Ер Србија“, претседателот Александар Вучиќ патува и на долги патувања, како на пример во Република Кина.

Претседателката на Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека српската фудбалска репрезентација на Европското првенство во Германија заминала со хрватски авион и посочи дека претседателот на Србија Александар Вучиќ кој се качил во авионот за да ги испрати играчите, бил очаен и лут поради тоа, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека за ова се премолчело и дека било тајна за да не се вознемири нашата репрезентација пред патувањето, како и да не се истакне чија е одговорноста.

Таа изјави дека апсолутно лично очекува да се откријат одговорните за тој пропуст, како и кој е одговорен што српските репрезентативци патувале со хрватски авион и со хрватско знаме.

- Очекувам да се откријат одговорните и да се види зошто тоа се случи. Имаме своја „Ер Србија“, сите секогаш патуваме со „Ер Србија“, претседателот Александар Вучиќ патува и на долги патувања, како на пример во Република Кина. Исто така, кога ќе слета авионот, се гледа „Ер Србија“, тоа е нашата гордост. Не знам зошто тоа се случи, но знам дека тоа се случи и дека не се зборуваше за да не ја сменат повторно темата за поддршка на нашата репрезентација и мислам дека тоа беше правилна одлука. Дека ова е срамота, срамота е, а Вучиќ беше очаен поради тоа и очекувам одговорните да бидат идентификувани, порача Брнабиќ.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Габриел Гуалано де Годој, од УНХЦР

Претседателката Сиљановска Давкова го прими Габриел Гуалано де Годој, претставник на Канцеларијата на УНХЦР.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими претставникот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации – УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој, соопшти нејзиниот кабинет.

На средбата беа разменети мислења и информации за досегашната соработка на македонските институции со УНХЦР, при што беше нагласена значајноста на нивната експертиза, како и институционалната и материјалната поддршка како клучни за зајакнување на капацитетите за изнаоѓање одржливи решенија за луѓето во ранливи ситуации.

Претседателката Сиљановска Давкова, потсетувајќи на нејзиниот ангажман како пратеник кога активно била вклучена во усвојувањето на законите подготвени со помош на УНХЦР, ја истакна нејзината длабока посветеност кон прашањата за бегалците, осигурувајќи се дека нашата правна рамка е усогласена со меѓународните стандарди. Таа го истакна ставот дека нашата земја ќе продолжи тесно да соработува со УНХЦР за да спасува животи и да гради подобра иднина за луѓето кои се принудени да ги напуштат своите домови поради конфликти, прогонство, климатски вонредни состојби.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство и за интензивната соработка со УНХЦР во однос на прашањето за лицата без државјанство. Во таа насока, претседателката истакна дека измените на Законот за матичните книги и Законот за странци, како и нивната практична примена ја разрешија состојбата на над 700 лица без државјанство и дека очекува во скоро време да станеме првата земја во Европа која ќе го искорени овој проблем, соопшти кабинетот на Сиљановска Давкова.

Д-р Игор Стојковски е назначен за нов директор на Клиниката за онкологија

Доктор Игор Стојковски е новиот директор на Клиниката за онкологија, потврди за Канал 5 министерот за здравство Арбен Таравари.

Стојковски доаѓа на местото на Виолета Клисаровска на која месецов и истекол договорот на вд позицијата.

Тој е специјалист во одделот за малигни тумори на ЦНС, коскени тумори и карцином на кожа.

Вчера новиот министер за здравство соопшти дека покрај онкологија, нови директори се назначени и на токсикологија и оннкологија, докторите Андон Чибишев и Фатмир Меџити.

Од друга страна се разрешени девет економски директори, раководни позиции на клинички кои новата влада најавува дека целосно ќе ги укине. Меѓу разрешените е и контроверзната директорка на токсикологија Бесија Иљази која ги потпиша спорните 18 договори за вработување, а воедно им забрани на вработените да даваат изјави за медиуми, но и доаѓаше со преведувачка на работа оти не знаеше македонски...

притисни ентер