Од 1 јануари тест фаза на е-фактура, ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури - Канал 5

Од 1 јануари тест фаза на е-фактура, ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

Од 1 јануари стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, најавува директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. 

Од 1 јануари тест фаза на е-фактура, ќе се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури

Петрова денеска во дискусија на панелот „Дигитална трансформација на јавниот сектор“ на третата годишна конференција за дигитализација на АмЧам, рече дека е избран модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција со нивните системи, како и дека се спроведуваат мерки кои ќе овозможат максимално да се минимизираат ризиците.

Според неа, со оваа реформа ќе се подобри управувањето со јавните финансии, ќе се подобри даночната усогласеност, брзо и лесно ќе се детектираат несоодтевните одлуки на влезен ДДВ, несодветно декларирани расходи кои не се признаваат за стопанската дејост, ќе се намали сивата економија, ќе има поефикасна даночна контрола,...

Како што рече Петрова, е-фактура е меѓу најзначајните дигитални реформи на УЈП и за целата бизнис заедница, а се спроведува многу внимателно за да се обезбеди подготвеност на економските оператори кои ќе бидат корисници на новиот систем.

Петрова соопшти дека активностите почнале на 1 јули годинава и оти завршена е набавката на современата ИТ опрема која треба да обезбеди стабилна инфраструктура.

- Се наоѓаме пред клучна фаза, целосно сме фокусирани на стартот на пилот имплементацијата од 1 јануари 2026 година. Тогаш ќе го објавимекомуникацискиот механизам кој треба да обезбеди автоматска и безбеда размена на податоците меѓу системите на компаните и системот за е- фактура. Же биде поставена техничката документација, врз основа на која компаните ќе можат да почнат да ги прилагодуваат своите софтвери, да ја спроведат техничката интеграција и да започат со тестирање на испраќање и издавање фактури во контролирана тест околина. Оваа фаза ќе биде наменета за ИТ компании и тимови кои работат на развој и одржување на фактурирачки и слични системи, како и економски оператори кои имаат свои ИТ решенија. До крај на првиот квартал 2026 година ќе бидат објавени и клиентската и веб апликацијата кои ќе бидат наменети за помалите компани кои немаат сопствени фактурирачки системи а до крајот на вториот кваратл ќже биде поставен продукциоскиот сервер. Планирано е до крај на третиот квартал да заврши тестирањето и да почне имплементацијата, информира Петрова.

Фазите за задолжителна имплементација се уште не се утврдени но најави дека и тоа ќе биде направено во најскоро, откако ќе се видат резултатите од почетното тестирање, во поглед на димензионираноста и дизајнот.

Појаснувајќи ги функционалностите рече дека е избран модел на централизиран државен систем со кој ќе комуницираат компаниите.

- Комуникацијата и доаѓањето на податоците ќе биде во реално време бидејќи преку тој систем ќе се врши издавањето на фактурите. Овој модел е најблиску до ОЕЦД концептот - Даночна администрација 3.0., кој се однесува на висока интеграција на системите на даночната администрација со системите на компаниите и други страни и создавање на интероперабилен даноче систем. Карактеристично за овој модел е и тоа што со Министерството за финансии се договоривме во овој систем покрај фактурите да поминуваат и да се издаваат и пропратните документи како испратници, приемници, времени ситации, итн, ... со што системот ќе обебдди целсона документирана деловна трага за еден деловен настан. Се прави со цел да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури, рече Петрова.

Најважните предизвици се однесуваат на обезбедување систем кој, како што појасни, ќе биде соодветно димензиониран и ќе има содветна брзина во функционирањето. Се работи и на заштита на податоците, автентичноста на фактурата, да нема можности за промени, заштитата од разни напади, блокирања на системот,...

На отворањето на конференцијата, беше порачано дека дигитализицијата го зајакнува владеењето на правото, го стеснува просторот за корупција и обезбедува транспарентни и унифицирани услуги достапни до сите граѓани.

Славе Пројковски, член на одборот на директори на АмЧам истакна дека дигитализацијата бара фокус на луѓето и нивните вештини и оти е потребна заедничка работа на јавниот и приватниот сектор. За исполнување на поставените цели неопходно е јакнење на рамката за сајбер бездност, што, посочи, е национална потреба затоа што секој нов систем, секој нов процес, секое ново поврзување мора да биде безбедно.

- Дигитализицијата на државните сервиси мора да се одвива во соработка со приватниот сектор. Прогресот зависи од една работа-работење заедно. Ни треба силно партнерство. Владата да го притиска приватниот сектор за иновации, а приватниот сектор да ја притиска Владата за модернизирање. Кога двете страни ќе ги здружат силите прогресот ќе биде побрз и одржлив. Луѓето се во центарот на трансформацијата. Мора да инвестираме во дигитални вештини на секое ниво, да им помогнеме на институциите да креираат и да понудат нови системи, на компаниите да ги дигитализираат нивните процеси, а граѓаните да се чувствуваат безбедно кога ги користат, рече Пројковски.

Конференцијата продолжува со панел „Од интероперабилност до институционална отпорност“, за искористување на потенцијалот на поврзаните податоци, по што се одржат и панелите „Дигитализација и сајбер безбедност во енергетскиот сектор“, „Забрзување на дигиталната трансформација во финансискиот сектор“ и „Финансирање на дигитализацијата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк

Во ретко ноќно гласање, чешката владејачка коалиција ги протурка промените во финансирањето на јавните медиуми во првото парламентарно читање, и покрај критиките дека тие би можеле да ја ослабнат независноста на јавниот радиодифузер.

Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата за јавниот сервис- новинарите најавија штрајк

Популистичката влада на милијардерот премиер Андреј Бабиш, поддржана од крајно десничарската партија СПД, честопати го критикуваше известувањето на јавните и приватните медиуми за своите политики и ги обвинуваше одредени медиуми за пристрасност.

Опозициските партии ги споредија предложените промени со реформите во Унгарија под поранешниот премиер Виктор Орбан, кој надгледуваше масовно проширување на прорежимските медиуми.

Чешката влада сака да ја укине задолжителната претплата на јавниот сервис. Новинарите најавија штрајк.

Владата вели дека ја укинува месечната претплата за домаќинствата од 205 круни (9 евра) со цел да ги намали трошоците за потрошувачите. Наместо тоа, финансирањето би се обезбедило директно од државниот буџет.

Предлогот беше ставен на дневен ред во петокот надвор од планираниот работен распоред. Претседателот на парламентот Томио Окамура од СПД-аф ја ограничи дебатата и го закажа гласањето за сабота во 4:36 часот наутро.

Владејачката коалиција потоа гласаше да го испрати законот до комисиите за понатамошна дискусија. Стотици демонстранти се собраа пред парламентот, а некои останаа таму цела ноќ. Локалните медиуми објавија дека неколку лица безуспешно се обиделе да влезат во зградата.

Критичарите предупредуваат дека промените ќе го ослабат јавното радиодифузно емитување и ќе го направат ранлив на политички притисок.

Чешката телевизија е најгледаниот радиодифузер во земјата меѓу сите главни возрасни групи, додека јавните медиуми се меѓу најдоверливите извори на вести во земјата - според анкетата на Институтот Ројтерс за 2025 година.

Новинарите најавија штрајк

Предлогот предвидува намалување на финансирањето на Чешката телевизија и Чешкото радио за околу 15 проценти, можеби веќе следната година, и задржување на номиналниот износ на финансирање непроменет неколку години.

„Нема војна за независни медиуми“, рече Бабиш на Фејсбук доцна во петокот. „Нема борба за демократија, ниту се подготвува национализација на медиумите.“

Предлогот и неговото итно разгледување предизвикаа остри критики од јавната радиотелевизиска компанија, меѓународните новинарски здруженија и институциите што ги вклучуваат универзитетите и Католичката црква.

„Предложениот закон е спротивен на Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), кој бара соодветно, стабилно и предвидливо финансирање на јавните медиумски услуги“, изјави Европската федерација на новинари во соопштението.

Новинарите и другите вработени во јавниот сектор најавија штрајк за 3 ноември, додека граѓанското здружение повика на протест во недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Истанбул: Жена отишла на липосукција во луксузна болница, не се разбудила по операцијата

Тугба Онур (46) почина вчера околу 16 часот за време на липосукција (отстранување на маснотии) во приватна болница во населбата Зејтинбурну во Истанбул. 

Трагедија во Истанбул: Жена отишла на липосукција во луксузна болница, не се разбудила по операцијата

По добивањето на трагичната вест, Мурат Онур тврдеше дека неговата сопруга починала како резултат на погрешна интервенција за време на операцијата. Се дознава дека болничките службеници не сакале да даваат никакви изјави во врска со случајот, објави Хуријет.

Мурат Онур (46) опиша што се случило и нагласи дека неговата сопруга немала здравствени проблеми пред операцијата, и дека лекарот во болницата дури и не ја посетил пред процедурата.

„Пристигнавме во болницата во 08:30 часот наутро. Чекавме до 15:30 часот. Кога пристигна докторот, мојата сопруга беше внесена во операционата сала. Докторот дури и не ја видел пред операцијата. По околу еден час, тој дојде до мене и рече дека мојата сопруга имала срцев удар и дека не можеле да ја реанимираат.

Моментално нема никој од администрацијата на болницата или од лекарите. Болницата е отворена, но немаме со кого да разговараме. Ни кажаа дека анестезиологот не е во болницата, дека си отишол дома. Како може анестезиолог да ја напушти болницата за време на процедура што се изведува под општа анестезија? Кој ќе биде одговорен за ова? Дознавме дека слични инциденти се случиле во оваа болница и претходно. Претходно немавме сознанија за ова. Мојата сопруга работеше како негувателка во домот за стари лица „Дарулаџазе“.

Само една недела претходно, таа беше подложена на општи систематски прегледи во таа институција. Немаше хронични заболувања“, рече Онур.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер

На Пелистер денес започна вториот младински камп на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посветен на едукацијата, развојот на лидерските вештини и активното вклучување на младите во политичкиот живот. 

Од идеја до акција: ЗНАМ гради нова генерација млади лидери, вториот младински камп започна на Пелистер

Кампот претставува можност младите од различни општински организации да разменат искуства, да ги прошират своите знаења и да разговараат за улогата што ја имаат во развојот на ЗНАМ и иднината на Македонија.

Овогодинешниот камп е продолжение на иницијативата започната минатата година во Струга, кога младите ја потпишаа иницијативата за формирање на Клубот на млади. Она што тогаш беше поставено како заедничка идеја, утре ќе добие конкретна институционална форма во рамките на Движењето ЗНАМ, со одржувањето на Првата изборна конференција на Клубот на млади.

Првиот ден од кампот е посветена на теми од непосредно значење за младите кои сакаат активно да се вклучат во политиката. Преку две тематски предавања, учесниците разговараа за градењето и развојот на политичкиот подмладок, мобилизацијата и работата на терен, младинското лидерство и начините за поефикасно политичко организирање.

Првата изборна конференција на Клубот на млади, која ќе се одржи утре во рамките на кампот, е предвидена со Акцискиот план на Движењето за 2026 година. Со неа се заокружува досегашната иницијатива и се отвора можност за понатамошен развој на младинската структура, преку која младите ќе можат поактивно да се вклучат во работата на ЗНАМ.

ЗНАМ ја потврдува важноста на континуираната едукација и личниот развој на младите луѓе кои се подготвени да преземат одговорност. Политичкото учество подразбира знаење, посветеност и конкретна работа, а токму тие вредности се во фокусот на активностите што ги обединуваат младите на Пелистер.

Вториот младински камп на ЗНАМ испраќа јасна порака: младите не се само иднината на Македонија, тие се гласот, енергијата и двигателот на промените што се случуваат денес.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер