Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканОд 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 годинаСрпската Влада ја усвои Одлуката за зголемување на минималната цена на трудот од 1 јануари 2026 година на 371 динар по работен час, со што минималната месечна плата ќе изнесува 64.554 динари, што, како што наведе, изнесува 551 евро.Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната година, а се применува од 1 јануари следната година. Во однос на минималната плата во 2024 година, која изнесуваше 404 евра, ова е зголемување од 36 проценти. Во претходните денови, преговорите за зголемување на минималната цена на трудот ги водеа претставници на Владата на Србија и репрезентативните синдикати. Предлогот на Владата беше „минималната плата“ од 1 јануари 2026 година да изнесува 550 евра, синдикатите побараа 600 евра, додека работодавачите се залагаа таа да не биде повисока од 500 евра. На последниот состанок, одржан на 9 септември, не беше постигнат договор за процентот на зголемување, па Владата ја донесе конечната одлука два дена подоцна. Новиот минимум е за 75 евра повисок од минималната потрошувачка кошничка пресметана за мај. На почетокот на септември, Владата на Србија ги ограничи маржите на трговските синџири за околу 3.000 производи со цел да се ублажи влијанието на зголемувањето на цените, пред сè на храната, врз буџетот на домаќинствата на српските граѓани. Дел од експертите оценуваат дека тој потег како маркетиншки трик, без значајни и долгорочни ефекти врз куповната моќ на населението.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПочина принцезата Астрид од НорвешкаНорвешката принцеза Астрид, постарата сестра на покојниот крал Харалд V, почина на 94-годишна возраст, соопшти кралската палата.Нејзиниот брат Харалд почина минатиот месец на 89-годишна возраст, по повеќе од 35 години на тронот. Принцезата Астрид го имаше своето последно јавно појавување на неговиот погреб во среда. Почина норвешката принцеза, сестра на кралот кој почина минатиот месец „Принцезата Астрид го претставуваше кралското семејство на топол и совесен начин во текот на целиот нејзин долг живот“, изјави кралот Хакон VIII во соопштението. Норвешка во среда одржа едноминутно молчење на погребот на Харалд V, современа личност која ги поврзуваше луѓето среде низа скандали што го означија крајот на неговото владеење. Значајни меѓу нив беа врските на неговата снаа Мете-Марит со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн и пресудата за силување на нејзиниот син Мариус Борг Хоиби. Харалд се качи на престолот во 1991 година и беше најдолго владејачкиот монарх во Европа до неговата смрт. Тој секогаш одбиваше да абдицира и покрај бројните здравствени проблеми и беше исклучително популарен меѓу своите сограѓани. Извор: Индекс.хрТагови: Норвешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаВремен режим на сообраќај на ГП „Делчево“Од 10.09.2026 година, поради започнати градежни активности на патната инфраструктура во рамки на целосната реконструкција на Граничниот премин „Делчево“, воведен е времен режим на сообраќај.За времетраење на градежните работи, сообраќајот за моторни возила на влез и излез од државата ќе се одвива по една сообраќајна лента во секој правец, поради што капацитетот за проток на возила на граничниот премин е намален и можни се подолги задржувања. Апелираме до граѓаните, доколку се во можност, да ги користат соседните гранични премини, со цел да се избегнат подолги чекања и да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот. Ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и насоките на надлежните служби.Тагови: ГП „Делчево“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“Девет возеле без возачка дозвола и еден за време на активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Б.(26), А.Д.Ј.К.(19), Х.И.(20) и Б.Д.(21) од Скопје, Х.С.(49) и Ј.А.(49) од Тетово, У.М.(35) од Виница, И.Т.(48) од Кочани и Д.А.(29) од Македонска Каменица. Од слобода е лишен и С.М.(47) од Кочани затоа што возел за време на активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook