Опозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министри
2Опозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министри
МакедонијаОчув долг период силувал малолетно девојче, мајката не реагирала на нејзините молби- определен му е притвор Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик.Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување. Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа. Предметниот јавен обвинител предложи на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, додека за осомничената мајка се предложени мерки на претпазливост. Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи за да се преземат дејствија за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата, објави Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУсловна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана ДимитровскаКривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.. Пред судот е Дејан Трајкоски, Дејан кои се аргументите на судот? Во видеото погледнете го целиот извепштај. Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министриРеконструкцијата е само ревидирана верзија на владата со заменети имиња на функциите кои нема да донесат подобар живот за граѓаните - оценува лидерот на СДСМ Венко Филипче. На прес конференција упати остри критики до премиерот Мицкоски дека на вчерашната собраниска седница тој и старо-новиот министер Иван Стоилковиќ навредувале пратеници од СДСМ, а на крај Мицкоски имал изнудено извинување во празна сала. Вели дека политичката комуникација била спуштена на многу ниско ниво, а потегот на премиерот според него е формален обид за спас на политичкиот углед. -Ќе беше културно и достоинствено ако се извинише, но тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата, само за да направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено извинете. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување. Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции за Иван Стоилковиќ, кој што истото го направи во собраниската сала. / Ова не е ново негово однесување. Граѓаните ги нарекуваше „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и други погрдни зборови, а сега почна да ги навредува и пратениците во Собранието,- Венко Филипче – претседател на СДСМ. Реакција има и од ДУИ, кои и денеска побараа одговорност за наводни навреди кон пратеничката од нивните редови Арбана Пашоли. Случувањата на вчерашната седница не биле случаен инцидент туку скандал за кој треба да има разврска. ДУИ изразува целосна солидарност со пратеничката Арбана Пашоли и бара итна политичка одговорност. Премиерот не може да молчи пред таквото однесување, бидејќи молчењето значи одобрување. Владата на ВМРО-ВЛЕН-ЗНАМ мора да разјасни пред граѓаните дали говорот на омраза, навредите и понижувањето на пратениците Албанци се нејзин нов политички стандард. – велат од партијата на Ахмети. За какви навреди конкретно станува збор од партиите не открија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаДел од новите министри денеска ги преземаа функциите Сашо Клековски седна во здравство, Ѓоко Велковски ја презеде министерската позиција во социјална политика, демографија и млади, Јетон Шасивари го наследи Филков. Неколкумина од новоизбраните министри ги презедоа новите функции, по вчерашната целодневна собраниска седница. Во зовриена атмосфера и без присуство на опозицијата, Собранието доцна синоќа ги избра новите осум министри од владината реконструкција. Наместо фокус на кадровските промени, седницата беше обележана со жестоки вербални пресметки, навреди, меѓусебни обвинувања и барања за извинување, поради што опозицијата ја напушти собраниската сала. Сите министри беа избрани со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“ по што дадоа свечена заклетва во Собранието Бурниот ден беше заокружен со заедничка фотографија со премиерот Мицкоски и новоизбраните членови на неговиот кабинет. Расправата за владината реконструкција помина во тензична расправа меѓу власта и опозицијата. На крајот од седницата, непосредно пред гласањето, премиерот Мицкоски упати извинување до пратениците и граѓаните за настаните што ја одбележаа собраниската седница. - Среќен сум што го имам ова парламентарно мнозинство, кое досега испорача многу реформски закони, кои, впрочем, и еврокомесарката Марта Кос го истакна при нејзината последна посета кај нас, и тоа јавно. Како претседател на Владата, сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани и се надевам дека тоа никогаш повеќе нема да ни се повтори“, изјави Мицкоски. Извинувањето на Мицкоски следеше откако пратеничката група на СДСМ обвини дека кандидатот за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ упатил навреди кон нивните пратеници, а за истото се пожалија и од ДУИ. Тие бараа лично извинување од Стоилковиќ, но и од премиерот Мицкоски, како и да прекине седницата, а откако не добија ја напуштија истата. Претходно СДСМ свикаа и вонредна прес-конференција, на која оценија дека однесувањето на владините претставници било надвор од сите демократски критериуми. Во смирување на страстите не помогна ниту вонредниот состанок на координаторите на пратеничките групи со собранискиот спикер Африм Гаши на кој според опозицијата, било договорено да се донесе заклучок со кој ќе се осуди однесувањето на Стоиљковиќ, но таков чекор не бил реализиран. -Со цел за непречено функционирање на Собранието, а како дел од заедничката координација во име на парламентарното мнозинство сакам јасно и гласно да кажам дека не одобруваме никакво однесување спротивно на принципите што ги заговаравме во Етичкиот кодекс и согласно Деловникот заради заштита на угледот и дигнитетот на Собранието, изјави Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Друг треба да побара извинување, тој што доаѓа за министер треба да побара што го направи цело ова, а бараме од премиерот да преземе мерки, изјави Ајдари од ДУИ. -Ваков начин на однесување којшто продуцира и омраза, доведе до работа на насилство треба да биде навистина осуден. Очигледно е дека не сакате да направиме чекор напред кон подобрување на целата оваа сотојба. изјави Спасовски од СДСМ. По напуштањето на опозициските пратеници, седницата продолжи, а во салата од оние што не се дел од парламентарното мнозинство останаа само пратениците на Левица кои упатија критики за работата на Владата. Непосредно пред гласањето и тие заминаа од собраниската сала. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter