Очевидец: Мислев дека се снима филм, го грабнав апаратот и почнав да го гасам човекот - Канал 5

Очевидец: Мислев дека се снима филм, го грабнав апаратот и почнав да го гасам човекот

Маж денесла се полил со бензин и се самозапалил во Марковиот трг во Загреб. Лекарите се борат за неговиот живот.

Очевидец: Мислев дека се снима филм, го грабнав апаратот и почнав да го гасам човекот

Очевидец, кој бил веднаш до човекот кој се самозапалил, за Подравски лист раскажал што видел.

"Бев буквално на три метри од него и прво помислив дека се снима филм. Кога сфатив што се случува, го зедов апаратот за гаснење пожар и почнав да го гасам. Страшните сцени се уште ми се во главата", рекол очевидецот од Копривница, кој во моментот на инцидентот се нашол на Марков Трг.

Засега нема индиции дека инцидентот на плоштадот во Загреб, бил политички мотивиран. Иако плоштадот Марко е локацијата на која се наоѓаат зградите на владата и парламентот, човекот кој се самозапали не оставил никаква порака, ниту извикал политички пароли или пораки, објави Индекс.

Неговиот колега од работа за Подравски лист изјави: „Секогаш беше расположен, се шегуваше и навистина е тешко да се замисли дека ќе се реши на такво нешто“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Рафаело бомбици

Во вторник (13.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Стефанија Костадинова

„Гответе со Дракче“ - Рафаело бомбици

Состојки за денешниот рецепт:

500 мл. млеко

1 пудинг од ванила

3 лажици густин

6 лажици шеќер

250 гр. маргарин

250 гр. шеќер во прав

2 пакетчиња кокос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.

Клековски се сретна со повредените од „Пулс“

– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. 

Кристијано Роналдо казнет со 255 евра!

Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра.

Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика.

Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер