Очекувано кошаркарите на САД го одбранија светскиот трон, Кајра Ирвинг МВП - Канал 5

Очекувано кошаркарите на САД го одбранија светскиот трон, Кајра Ирвинг МВП

Репрезентацијата на САД го одбрани златниот медал откако синоќа во Мадрид во финалето на 17. Светското првенство во кошарка ја победија Србија со 129:92.

Очекувано кошаркарите на САД  го одбранија светскиот трон, Кајра Ирвинг МВП
За Американците ова е вкупно петти златен медал на светските првенства, а за првпат успеаја да го одбранат. Тие беа шампиони и во 1954 година, 1986 година, 1994 година и 2010 година. Воедно имаат серија од 19 натпревари без пораз на светските шампионати.

Во финалето нивниот ривал Србија резултатски беше равноправен само во воведните минути односно кога во 4.минута водеше со 12:5, но по тајм аутот на американскиот селектор Мајк Кжижевски светските прваци влегоа во ритам и брзо поведоа, а потоа постојано ја зголемуваа разликата. На крајот на првиот период беше 35:21.

Во понатомшниот дел од играта Американците постигнуваа поени, а Србите на моменти со атрактивни потези собираа аплаузи.

Најефикасен на финалето беше Кајри Ирвинг со 26 поени (6/6 за тројка), а Џејмс Харден постигна 23 поени. Кај Американците осум играчи имаа двоцифренброј поени, а само Дерик Роуз не постигна кош. Во редовите на Србија Немања Бјелица и Никола Калиниќ постигнаа по 18 поени.

Во малото финале во саботата Франција ја победи Литванија со 95:93 и го освои првиот медал на светските првенства.

Кајри Ирвинг (САД) е прогласен за најкорисен играч на шампионатот, а покрај него во идеалната петорка се најдоа уште: Милош Теодосиќ (Србија), Никола Батум (Франција), Пау Гасол (Шпанија) и Кенет Фарид (САД).

Следното Светско првенство ќе се одржи 2019 година, а дополнително ќе биде одреден домаќинот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.

Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти

Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

„Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер