Очаен обид за спас на белите носорози- Извадени јајце клетки од последните две женки (ВИДЕО)

Екипа ветеринари од Кенија извадиле десет јајце клетки од последните две женки на северниот бел носорог , надевајќи се дека ќе успеат да ги оплодат и да му го продолжат животот на овој вид животни пред изумирање.

Научниците се надеваат дека јајце клетките ќе може да ги оплодат со замрзната сперма од последниот угинат мажјак , кој беше убиен во март 2018 година. Поради ловокрадците и загубата на природни живеалишта, овој вид е доведен пред целосно изумирање. Во проектот за спас на белите носорози од целосно изумирање се вклули и институтот од германскиот град Лајбниц, како и чешката зоолошка градина.

„Среќни сме затоа што со ова партнерство сме еден чекор поблизу до спречување на истребување на овој загрозен вид“, рече Wон Вауер, директор на кенискиот институт KWS. „Ова е особено трогателен момент со оглед дека последниот мажјак од северниот бел носорог, Судан, беше убиен во Кенија минатата година“.

Двете преостанати северни бели носорози, мајка и ќерка Наин и Фату, живеат под 24-часовна заштита во Кенија.

И двете, за жал поради генетиката, се неплодни. Ембрионите ќе бидат вметнати во сурогатот на женски јужен бел носорог, но сè уште не е познато дали операцијата ќе биде успешна.

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

 Претстојните вежби со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

-Ова е принудна мерка како одговор на арогантната и агресивна политика на колективниот Запад, кој создава неприфатливи безбедносни закани за Русија и нејзините граѓани, рече Антонов, пренесен од руските медиуми.

Амбасадорот додаде дека САД и нивните сојузници се повеќе ја снабдуваат Украина со смртоносно оружје, што украинските сили можат да го користат за да извршат напади на руска територија.

Генералштабот на руските вооружени сили започна со подготовки за вежби за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се одржат во блиска иднина и во нив ќе учествуваат и воздухопловните сили и морнарицата. Цел на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, соопшти руското Министерство.

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

 Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

притисни ентер