3Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија
Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
БалканОбвинителството за организиран криминал побара од МВР на Србија да го донесе на сослушување министерот за култура Никола СелаковиќМинистерот за култура на Србија, Никола Селаковиќ, не се појави во петокот во закажаното време на рочиштето во ЈООК како осомничен во случајот „Генералштаб“.Српското Јавно обвинителство за организиран криминал објави дека издало наредба до Службата за борба против организиран криминал при Министерството за внатрешни работи на Србија да го доведе осомничениот министер за култура, Никола Селаковиќ, на сослушување. Во соопштението за медиумите се вели дека се исполнети законските услови за тоа, бидејќи „уредно повиканиот осомничен Селаковиќ не дошол на закажаното рочиште на 28 ноември 2025 година и не го оправдал своето отсуство“. Министерот за култура на Србија, Никола Селаковиќ, не се појави во петокот во закажаното време на рочиштето во ЈООК како осомничен во случајот „Генералштаб“. ЈООК спроведува истрага од мај поради сомневања за фалсификување документи врз основа на кои Владата на Србија го одзеде статусот на културно добро на зградата на Генералштабот во Белград. Како што тогаш објави обвинителството, директорот на Републичкиот завод за заштита на културните споменици, Горан Васиќ, признал дека фалсификувал документи. Врз основа на таа документација, до Министерството за култура, на чело со Никола Селаковиќ од редовите на Српската напредна странка (СНС), е поднесена иницијатива за донесување одлука за престанок на статусот на културно добро за Генералштабот. Владата на Србија ја донесе таа одлука во ноември 2024 година. Со посебен закон (lex specialis), усвоен од српскиот Парламент на 7 ноември, Владата на СНС и нивните коалициски партнери овозможија изградба на местото на зградите на Генералштабот и Министерството за одбрана оштетени во бомбардирањето на НАТО во 1999 година. На почетокот на 2024 година, Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, ја изрази својата намера да изгради луксузен хотел на тоа место. Зградата на таканаречениот Стар Генералштаб во Белград, дизајнирана од архитектот Василиј Вилхелм Баумгартен, изградена помеѓу 1924 и 1928 година, е прогласена за културно наследство во 1984 година и претставува културен споменик. Тагови: Србија Никола Селаковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
СудбинаАлбанец од Британија се бори за живот по страшната повреда на одмор во МарбејаАрди Балиу (27), Албанец од Велика Британија, се бори за живот по трагичната несреќа за време на одмор на популарна плажа во Марбеја, Шпанија, каде што доживеал фрактура на 'рбетот, објавува „The Mirror“.Според весникот, Балиу никогаш повеќе нема да може да оди откако сериозно го повредил 'рбетот кога скокнал на глава во морето за време на одморот и не успеал да излезе на површина. Балиу, од Нортхемптон, Англија, пристигнал на одмор во Марбеја, на Коста дел Сол во Шпанија, само пред неколку дена, кога тој и еден пријател решиле да го посетат познатиот залив Кало де Моро, место кое често го посетуваат туристите. Сепак, откако Арди скокнал на глава во водата, неговиот пријател се загрижил кога 27-годишникот не се вратил на површина. Тој викал и барал помош од луѓето што биле во близина. Други пливачи успеале да го извлечат од водата и да го донесат на брегот. Штом бил извлечен на плажата, Арди им рекол на луѓето што му помогнале дека не ги чувствува нозете. Потоа со хеликоптер бил префрлен во болница. Градежниот работник сега се бори за живот, додека неговото семејство собира пари за да го вратат во Велика Британија, каде што досега се собрани повеќе од 34.000 фунти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
МакедонијаУапсени се 11 возачи, од нив осуммина немале возачка дозволаЛишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од нив осуммина возеле без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништувањеБројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување, очигледно лажењето е карактерна особина на другарите на Филипче.СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие. Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина. Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за земјоделците, немало инвестиции, немало откуп или бил намален, субвенциите биле намалени. Па одат и понатаму и заклучуваат повторно огромна глупост се уништувале сите области како градинарство, лозарство, сточарството итн. Да не ги набројуваме проблемите кои беа затекнати во земјоделието, тоа одзема многу време и место, ама затоа ќе се обидеме кратко да истакнеме дека говорат лаги. Со неколку податоци. За се има конкретни бројки и конкретни резултати. Има зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, или суфицит од 215 милиони евра за истата година. Производството на кравјо млеко за 2025 година бележи раст од 2,7% споредбено со 2024 година. Произведени се вкупно 300.000 тони пченица во 2025 година што е еквивалент на она што е потребно на Македонија за задоволување на домашните потреби. Од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон земјоделците во државава. Ова се бројки, ова е прецизно и говори само едно, дека можеби раководството на СДС му удрило сонцето во глава и лаже, или едноставно лажењето е нивна карактерна особина, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22