Обвинителството во Охајо поднесе тужба против Фејсбук од 100 милијарди долари - Канал 5

Обвинителството во Охајо поднесе тужба против Фејсбук од 100 милијарди долари

Обвинителите од Охајо поднесоа тужба против компанијата Фејсбук, неодамна преименувана во Мета, поради нејзините алгоритми за работа со деца, објави Волстрит џурнал.

Обвинителството во Охајо поднесе тужба против Фејсбук од 100 милијарди долари

Според тужбата, менаџментот на компанијата го прекршил федералниот закон од 29 април до 21 октомври оваа година со цел да оствари профит, доведувајќи ја јавноста во заблуда за негативните ефекти што нејзините производи можат да ги имаат врз малолетниците. Тужителите, покрај обештетувањето бараат од менаџментот на Мета да преземе мерки за повторно да не ги доведе во заблуда сопствените инвеститори.

Во септември, Волстрит џурнал почна да објавува серија написи за злонамерни практики во компанијата и нејзините услуги. Документите на весникот достави поранешната вработена во Фејсбук, Френсис Хауген. Во документите се наведува дека социјалните мрежи на компанијата промовираат содржини, што се потенцијално опасни по здравјето на корисниците. Исто така радикални, дури и екстремни содржини не биле повлечени туку промовирани.

Во некои земји, недостатокот на филтрирање на вести на социјалната мрежа доведе до поттикнување омраза и ксенофобија – на пример во Етиопија и во Индија. Во САД, надзорот исто така е значително ослабен по претседателските избори во 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер