Обвинителството во Барселона прв пат во историјата истражува тортура во времето на Франко - Канал 5

Обвинителството во Барселона прв пат во историјата истражува тортура во времето на Франко

Обвинителството во Барселона денеска за прв пат отвори кривична постапка за истрага на тортурата извршена од страна на полицијата во времето на поранешниот диктатор Франциско Франко.

Обвинителството во Барселона прв пат во историјата истражува тортура во времето на Франко

Обвинителството во Барселона денеска за прв пат отвори кривична постапка за истрага на тортурата извршена од страна на полицијата во времето на поранешниот диктатор Франциско Франко, по пријава на неименувано лице кое во 1977 година било уапсено во полициската станица Лајетана во Барселона.

Како што е наведено, обвинителството отвори истрага врз основа на Законот за демократска меморија, со цел да се остварат „правата на жртвите на вистина, правда, репарации и гаранции“, пренесува РТВЕ.

Обвинителството изјави дека целта на оваа истрага не мора да биде кривично гонење, туку да се гарантира правото на жртвите на вистината.

Кривичната истрага на обвинителот е покрената откако два суда во Барселона, со одобрение на Високиот суд, одбија да истражат две пријави за тортура, со образложение дека законот за амнестија од 1977 година го спречил тоа да се случи и дека статутот е истечен.

Да потсетиме дека Франциско Франко остави огромен белег во модерната историја на Шпанија. Тој беше диктатор и шеф на шпанската држава до неговата смрт во 1975 година. Познат по прекарот „Водач на Шпанија“, официјално: „Водач на Шпанија по милоста Божја“, тој претседаваше со авторитарната влада на Шпанија по Шпанската граѓанска војна.

Иако неговото владеење беше преполно со бројни контроверзии, а народот на Шпанија сè уште е поделен по ова прашање до ден-денес, не може да се негира дека во периодот на неговата најголема моќ тој беше незаменлив фактор во европската политика во тоа време.

Од една страна го имаме големиот економски развој на Шпанија во тоа време, но и силната политичка репресија на режимот во тоа време. Сето тоа е придружено со доминација на црквата и нејзино мешање во животот на обичните луѓе и диктирање на правилата на секојдневното однесување.

По смртта на Франко, Шпанија се обиде да се огради од неговата политика, а последните најави од шпанската социјалистичка влада покажуваат дека властите сакаат да го паметат тој период како период на граѓанска војна, а не тој да продолжи да биде почит кон самиот Франко и неговата диктатура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер