3Средба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието
МакедонијаОбвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово Основното јавно обвинителство Скопје постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово. - Јавен обвинител ќе издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина, информираат од Обвинителство. Во пожарот кој избувна утрото околу 9 часот на отпад за старо железо на улица „Б. Буна“ во скопско Визбегово, повредено е едно лице. Поради ветрот чадот од пожарот се гледа од неколку страни на градот. Министерството за внатрешни работи, претходно потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот. - До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот, информира МВР. Во гаснењето учествуваат еден авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер. Од копно во гаснењето се вклучени пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје и возила на „Комунална хигиена“.Тагови: Пожарот Визбегово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаКомисија за заразни болести апелира: Водата во Гостивар сè уште не е за пиењеХидричната епидемија во Гостивар е под контрола и состојбата е стабилна – велат од Комисијата за заштита од заразни болести. Според сегашните показатели нема зголемување на бројот на заразени, а симптомите се исти – стомачни тегоби кои се самолимитирачки или може да и поминат сами по себе, без посебен лек или терапија. Во принцип, лекувањето е симптоматско и секако мора да се обрати внимание на дехидратацијата, но засега нема простор за загриженост, појаснува д-р Жаклина Шопова, специјалист инфектолог и Претседателка на Комисијата за заштита од заразни болести. Не се исклучува веројатноста за појава на жолтица и други болести, и за тоа Комисијата навремено ги има известено властите, но здравствениот систем има капацитет да менаџира при вакви состојби, појаснува Д-р Шопова. Токму поради веројатноста за шиење на зарази, апелот до граѓаните на Гостивар останува – вода од чешм да не се кортисти, ниту за пиење, ниту за готвење или миење на овошки и зеленчук и лична хигиена. Според Комисијата за заштита од заразни болести состојбата целосно ќе се стабилизира кога водата ќе биде безбедна за употреба што се очекува да се случи до 1 ви август, но и ако во меѓувреме граѓаните се придржуваат до апелите, да употребуваат само флаширана, односно чиста вода. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
МакедонијаЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничкаЕшерихија коли, ентерококи и зголемен број на колимфорни бактерии се детектирани во водата во Крушево...По гостиварци, забрана за користење на водата добија и крушевчани, но само за пиење, може да ја употребуваат технички, но откако ќе ја превријат најмалку 10 минути, велат од центарот за здравје во Прилеп. Изворот на загаденоста не е канализациски или фекален, туку причината е недоволното хлорирање на водата, а и можен дефект на цевководот, што може да доведе до секундарна контаминација со материи од органско потекло.. Зголемен број на лица кои побарале лекарска помош нема, епидемиолошката состојба мирува – вели директорот на ЦЈЗ – Прилеп Кузевски. -Водата е бактериолошки неисправна и има отсуство на резидуален хлор. Одма да кажам, водата не смее да се пие, не смее да се користи за перење, миење, не смее да се користи за миење на садови, исклучиво само како техничка вода. Денес се зема третиот примерок од трите мерни места, утре ќе излезе веќе првиот од средата земен, веќе понеделник или вторник ние ќе ги имаме третите последователни резултати,- - Д-р Горан Кузевски – Специјалист епидемиолог – Директор на ЦЈЗ Прилеп. Во меѓувреме, во Гостивар и натаму продолжува хиперхлорирањето, се вршат постојани анализи, со цел гостиварчани до крајот на викендот, или в понеделник да добијат барем техничка вода, а кон крајот на следната недела и питка. Што се однесува до Валандово, според анализите, водата е безбедна и граѓаните можат да ја користат за сите потреби. Анализите покажале дека присуството на арсен е 1,47 мгл на литар, што е далеку од максималната граница од 10мгл. Градоначалникот Камчев побара јавноста исклучиво да се води од експертите за да не се доведува во заблуда. -Дилемата е расчистена, Валандово има безбедна вода за пиење, ние како Општина Валандово и како ЈП Комунално претпријатие во текот на наредниот период ќе направиме уште вонредни анализи, граѓаните мора да знаат каква вода консумираат и ние како општина имаме обврска да алармираме ако се случуваат било какви физички или хемиски промени во водата за пиење,- Ѓоко Камчев – Градоначалник на О. Валандово. Опозициската СДСМ пак во прашање го доведе квалитетот на водата И во Велес, откако објавија извештај кој според нив покажувал дека и таму водата е загадена со бактеријата Ешерихија Коли. Градоначалникот Колев за Канал 5 вели дека се злоупотребени лански извештаи од велешки села кои не се на градската водоводна мрежа. Тој уверува дека велешани ја пијат најчистата вода во Македонија, а за оние кои како што вели лажно обвинуваат, најавува тужба -Користат стари извештаи од места кои немаат никаква поврзаност со градскиот водовод. Водата во Велес нема никаков проблем, никогаш немала, нема ниту да има, се работи стручно и секојдневно истата подлежи на проверки. По консултацијата која ја имав со адвокатот од општината, ќе ги преземам сите законски дејствија кои ми се на располагање, со цел да ги заштитам граѓаните на Велес од лажни вести,- – Марко Колев – Градоначалник на Велес . Што се однесува до загадената вода во болницата во тетовски Лешок, каде според опозициската СДСМ биле детектирани колиформни бактерии , Канал 5 побара, но досега не добивме одговор од надлежните во Тетово . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО: Вирусот западен нил се шири во ЕвропаСветска здравствена организација соопшти дека вирусот западен нил се шири во Европа. Регистрирани се 25 подрачја погодени од вирусот во шест европски држави – најмногу во Италија и Грција, а помал број и во Македонија, Романија, Шпанија и Франција. Со оглед на зголемувањето на случаите во некои делови од континентот на почетокот на сезоната на пренос, СЗО за Европа повикува на зголемен надзор и активности за подигање на јавната свест за заштитните мерки. Секој што живее или патува во погодена област треба да преземе основни мерки на претпазливост за да избегне каснувања од комарци, предупредуваат од СЗО. Околу 70 до 80 проценти од луѓето заразени со вирусот западен нил нема да развијат никакви симптоми, но оние кои ќе развијат може да доживеат треска, главоболка, замор, болки во телото, гадење или повраќање, а понекогаш и осип или отечени лимфни јазли.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter