Обвинителството отвори предмет за загадената вода во Струга по екстремната заматеност и сомнежи за кривични дела - Канал 5

Обвинителството отвори предмет за загадената вода во Струга по екстремната заматеност и сомнежи за кривични дела

Водата за пиење во Струга веќе пет дена е обоена темно-кафеава. Градот има целосна забрана за користење на водата поради екстремната загаденост. 

Обвинителството отвори предмет за загадената вода во Струга по екстремната заматеност и сомнежи за кривични дела

Според анализите кои се направени, водата е заматена 30 пати повеќе од дозволеното. Основното јавно обвинителство оформи и предмет за да се испитаат причините, како и евентуалните сторени кривични дела против животната средина и природата.

-Издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје. –стои во соопштението од струшкото обвинителство.

Меџајит Јусуфоски, директорот на јавното претпријатие „Плаца“ задолжено за водата во Струга вчера поднесе оставка од морални причини. Редакцијата на Канал 5 ТВ се обиде да стапи во контакт со него, но до почетокот на овие вести не добивме одговор.

Од Центарот за Јавно Здравје во Струга велат дека причините за загадување на водата се поради ископ на земја и карпи над самиот извор. Докторката Лидија Симоновска вели дека се земени три примерока во три различни дена. Иако резултатите покажувале намалување на загаденоста, сепак тврди дека оваа вода нема да може да се користи додека не биде избистрена.

-Неделата после ручек имало детонација, се слушнала детонација. После таа детонација, најверојатно динамит се користи за кршење на тие карпи и водата се заматила после тоа.Таму најдовме машини за копање, машини за товарење кајшто бевме на терен над извориштето. Тие машини ствараат вибрации.Таа подземна вода така е заматена и никако поинаку. Овдека два и два се четири и не се ни три, нипет.Оваа вода не може да се користи сеуште,- - Лидија Симоновска.

Граѓаните велат принудени се да купуваат вода, што претставува дополнителен финансиски товар за домаќинствата. За водата од чешмите да може да се користи за било која намена, Симоновска вели не смее да надминува над 1,5 НТУ единици, а според последните анализи од 9-ти февруари, во водата имало речиси 30 НТУ единици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Бујар сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ.

ВРЕДИ: Груби пред правдата, „пеењето“ на Бујар даде резултат…

Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја.

Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за своите внатрепартиски пресметки во ДУИ, „пеејќи“ де ваму де таму и правејќи сметки за преземање на раководството на ДУИ.

Денес сценариото станува сè појасно: Груби пред судот, Али Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ.

Но, прашањето е едноставно: зошто Бујар молчеше за Груби кога беа заедно на врвот на ДУИ? Што знае тој за оваа приказна и зошто денес се однесува како Груби никогаш да не постоел?

Зашто во политиката, понекогаш не е важно само кој зборува, туку и зошто досега молчел.

Ако „пеењето“ на Бујар било за правда, нека го каже тоа отворено. Ако било за власт и за фотелјата на Али Ахмети, тоа веќе сите го разбираат.

Груби нека одговара пред правдата. Бујар нека им одговори на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер