Обвинителството отвори истрага за насилството врз докторот Дејан Огненовиќ - Канал 5

Обвинителството отвори истрага за насилството врз докторот Дејан Огненовиќ

Вчера Канал 5 објави сторија за насилството врз гинекологот од поликлиниката „Букурешт“, Дејан Огненовиќ. Денеска ОЈО отвори истрага. 

Обвинителството отвори истрага за насилството врз докторот Дејан Огненовиќ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката “Букурешт”, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и ординацијата, се наведува во соопштението на ОЈО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот

„Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање

Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Американскиот државен секретар и шеф на дипломатијата Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа денеска во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Разговорите започнаа без прес-конференција и продолжија зад затворени врати. Лавров и Рубио последен пат се сретнаа пред точно два месеци, на 22 јули, на маргините на состаноците поврзани со АСЕАН во Манила.

Се очекуваше разговорите да ги опфатат билатералните односи, како и напорите за завршување на војната во Украина, по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По вчерашната средба со Трамп , Зеленски рече дека Украина е подготвена за „енергетско примирје“. „Подготвени сме за енергетско примирје ако Русите не ја нападнат нашата енергетска инфраструктура“, рече тој, додека американскиот претседател е уверен дека Русија и Украина ќе постигнат договор за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер