Црна хроникаОбвинителството отвори истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денариВкупната штета на Буџетот на државата од дејствијата на осомничените се проценува на 250.149.784 денари.Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Царинската управа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19 физички и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека со однапред договорени и координирани дејствија, учествувале во нелегално внесување и транзит на големи количини цигари, избегнувајќи плаќање царински давачки, даноци и акцизи. Во зависност од преземените дејствија лицата се сомничат дека сториле кривично дело Криумчарење, Царинска измама и Избегнување на плаќање акциза. Предмет на истрагата се повеќе настани во текот на 2024 година, при кои товарни моторни возила натоварени со цигари биле пропуштани преку граничните премини без соодветна царинска контрола или пак стоката пријавена за транзит низ државата била истоварена на територијата на Северна Македонија, додека возилата празни продолжувале кон излезните гранични премини. Според досега обезбедените докази, во дејствијата биле вклучени возачи и одговорни лица во правни лица, како и царински и други службени лица. Дел од осомничените службени лица се сомничат дека овозможувале возилата да поминат без контрола, внесувале невистинити податоци во службените електронски системи, уништувале царинска документација или раздолжување транзитни царински декларации и ослободувале гаранции иако стоката не била ставена на увид на одредишниот царински орган. Вкупната штета на Буџетот на државата од дејствијата на осомничените се проценува на 250.149.784 денари. Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските услови до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор спрема петмина осомничени, за еден осомничен е предложена мерка куќен притвор, додека за останатите лица мерки на претпазливост. До овој момент петмина осомничени од кои тројца странски државјани се недостапни на органите на прогонот, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапуваЗа влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ, мора да има и кривична и политичка одговорност.СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола. Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески. Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски. Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал? СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност. Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка. Скопје, 25.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарија се соочува со казна до 25 милиони евра и замрзување на дел од европските фондовиЕвропската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската унија.Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата. Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто. Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември. Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии. Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛШ: Реал убедлив против ПСВ, Арсенал и Сите без победи на домашен теренКралевите од Мадрид беа најубедливи на стартот на 5 коло во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал со резулатски пресврт го матираа ПСВ со убедливи 5-1.„Експлозија“ на Реал на полувремето, фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСВ со 5:1 во петтото коло од Лигата на шампионите. Фудбалерите на Манчестер Сити и Наполи одиграа нерешено 2:2 во возбудлив натпревар од 5. коло на Лигата на шампионите. Гостите од Неапол двапати поведоа, но не успеаја да ги освојат сите три бода. Cherki equalized for Manchester City. https://t.co/UXHRSCkNF5 — Nirel (@Nirel01) November 24, 2026 Арсенал и Борусија Дортмунд исто така одиграа без победник, 1:1. Лондонскиот тим поведе во 10-тата минута. Виктор Ѓекереш ја затресе мрежата по асистенција на Нони Мадуеке, носејќи му на Арсенал предност од 1:0. Дортмунд возврати во продолжението од натпреварот. Во 55-тата минута, Максимилијан Бајер ја искористи асистенцијата на Жилиен Гаду и го постави конечниот резултат 1:1. Лига на шампиони, 5. коло вторник Бодо/Глимт - ЛАСК 1:0 (0:0) Халмарсен 90+2 Галатасарај - Астон Вила 1:0 (0:0) Ѓул 77 Арсенал - Борусија Дортмунд 1:1 (1:0) Џокерес 10 - Бејер 55 Комо - АЕК 1:0 (0:0) Мила 57 Феенорд - Порто 0:1 (0:1) Таргалин 2. аг Манчестер Сити - Наполи 2:2 (0:0) Буади 67, Шерки 86 - Хојлунд 55, Ланг 76 РБ Лајпциг - Ленс 2:1 (2:0) Раум 6, Нуса 9 - Удол 58 Реал Мадрид - ПСВ 5:1 (0:1) Валверде 50, Белингем 60, Мбапе 64, 84, Винисиус 87 - Перишиќ 32.п Слован - Бетис 0:2 (0:1) Хернандез 43, 57 среда 18:45 Сабах - Барселона 18:45 Славија - Виљареал 21:00 Атлетико Мадрид - Викинг 21:00 Клуб Бриж - Ливерпул 21:00 Интер - Штутгарт 21:00 Лил - Баерн 21:00 ПСЖ - Рома 21:00 Шахтјор - Фенербахче 21:00 Спортинг - Манчестер ЈунајтедТагови: Лигата на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter