Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски
2Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски
3МОН: Се доградуваат училници во ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром, инвестицијата ќе овозможи едносменска настава
БалканОбвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик, премиерот на РС, Вишковиќ Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик, премиерот на РС, Вишковиќ и претседателот на Парламентот Стевандиќ.Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, јави РТРС повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска. Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, а Обвинителството на БиХ ги товари за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“. Обвинителството на БиХ издало наредба за апсење до судската полиција и побарало помош од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, како и од СИПА (Државна агенција за истраги и заштита), јави РТРС. Директорот на судската полиција на РС, Жељко Драгојевиќ, за РТРС изјави дека тие не добиле наредба. Според него, тоа е во надлежност на СИПА и Судската полиција на Судот на БиХ. Обвинителството на БиХ може двапати да испрати покана за распит и доколку не одговорат, тогаш постои можност да побараат приведување. Доколку Додик, Стевандиќ и Вишковиќ одбијат да бидат приведени, тогаш може да се распише потерница, а доколку не бидат уапсени според домашното законодавство, тогаш следува потерница од Интерпол. Во Службениот весник на РС се содржат декрети за објавување на четири закони усвоени од Националното собрание на РС на посебна седница на 27 февруари, со кои се бара да се забрани работата на Обвинителството на БиХ, Судот на БиХ, ВСТВ и СИПА на територијата на РС. Тие закони беа привремено суспендирани со одлука на Уставниот суд на БиХ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
СветСеверна Кореја со осуда за воените вежби на САД и Јужна КорејаСеверна Кореја ги осуди воените вежби на САД и Јужна Кореја и изјави дека ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана, објавија севернокорејските државни медиуми.Повикувајќи се на севернокорејската новинска агенција „KCNA“, Ројтерс објави дека Пјонгјанг изјавил дека Северна Кореја ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана за да се спротивстави на „воените закани од американските и јужнокорејските сили“. Соопштението на „KCNA“ ги осуди воените вежби, велејќи дека тие придонесуваат за зголемување на тензиите на Корејскиот Полуостров. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека му наредил на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „значително да ги намали заедничките воени вежби“ со Јужна Кореја затоа што земјата не сака да им се придружи на САД во „денуклеаризацијата“ на Иран. „Врз основа на мојот многу добар однос со претседателот Ким од Северна Кореја, не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја. Овие вежби не само што се скапи за САД, кои ги сносат поголемиот дел од трошоците (како и обично!), туку испраќаат сигнал кој е целосно несоодветен и непријателски настроен кон земја која, сè додека Доналд Џ. Трамп е претседател, не претставува никаква закана“, рече Трамп во претходна објава на социјалната мрежа „Truth Social“.Тагови: Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПрвиот Јапонец во Астон Вила – голман, засилување и на бековската позиција Поранешниот голман на Парма и јапонски репрезентативец, Зион Сузуки, потпиша договор со Астон Вила, соопшти англискиот фудбалски клуб.Деталите од договорот не се објавени, но британските медиуми пренесуваат дека Астон Вила потрошила околу 35 милиони евра за трансферот на јапонскиот голман. Сузуки (23) е член на Парма од 2024 година и има одиграно вкупно 59 натпревари. Пред Парма, тој бранел за Сент Труден и Урава. За јапонската репрезентација има одиграно 28 натпревари. Денес Астон Вила се засили и со досегашниот бек на Атлетико Мадрид, Матео Руџери кој пристигна во Бирмингем за 25 милиони евра плус бонус од 1,5 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска СтрезоскиНа средбата се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува Академијата, како и за новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, кој е во владина процедура. Со предложеното законско решение ќе се создадат услови за непречено функционирање на Академијата, вклучително и за надминување на досегашниот застој и продолжување на процесот за прием и обука на новата генерација слушатели на Академијата. Предложениот закон предвидува унапредување на нормативната рамка за функционирање на Академијата, со цел поефикасно спроведување на постапките за прием, обука и практична подготовка на идните судии и јавни обвинители, како и обезбедување континуитет во спроведувањето на програмите за почетна и континуирана обука. Посебно внимание на средбата беше посветено на просторните и техничките услови за работа на Академијата, како и на потребата од зајакнување на нејзините капацитети, имајќи го предвид обемот на активностите што следуваат. Министерството за правда и Академијата продолжуваат со заедничка работа за унапредување на квалитетот на обуките и зајакнување на капацитетите на правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter