ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
БалканОбвинителството на БиХ формира предмет наводно постоење на руски воени кампови во РС Обвинителството на Босна и Херцеговина формираше предмет врз основа на изјавите на министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез дека на територијата на Република Српска има воени кампови за обука на паравоени формации, кои ги водат луѓе од Русиja.- По медиумските наводи на министерот за одбрана во Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, оформен е предмет во Одделот за тероризам на Обвинителството на Босна и Херцеговина“, потврди портпаролот на Обвинителството Борис Грубешиќ, за сараевските медиуми. Тој изјави дека Хелез ќе биде повикан во Обвинителството да даде изјава и да ги изнесе сите информации, докази и факти со кои располага. - Потсетуваме дека сите институции, носители на функции, како и граѓаните имаат законска обврска да ги пријават до надлежните институции сите информации за сторени кривични дела, како и за сторителите, рече Грубешиќ. Хелез претходно изјави дека „паравоените кампови, управувани од луѓе од Русија, се наоѓаат во областа Рогатица и планината Маглиќ“ и дека има докази за тоа. Градоначалникот на Рогатица Милорад Јагодиќ ги демантираше изјавите на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина за постоење на воени кампови на подрачјето на таа општина, нарекувајќи ги „лаги кои само болен ум може да ги измисли“. – Неверојатно е дека еден ваков човек може да биде во толку сериозна позиција. Со ваквите постапки и манипулирање со јавноста не придонесува за стабилизирање на ситуацијата во Босна и Херцеговина. Особено што вели дека има и слики, напиша Јагодиќ на својот Фејсбук профил. Тој додаде дека Рогатица и Маглиќ „не се џунгла“ што не може да се провери секој ден и да види што се случува на тој простор. - Чисти лаги на човек, кој има само една задача, а тоа е да шири вакви дезинформации и да прави вакви валкани работи, изјави градоначалникот на Рогатица. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банкаЛицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката. Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација. Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера. Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки. Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДС нема да поминат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите париСлавески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите? Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДемократите со предност на среднорочните избори во САД, Трамп пред изборен тестАмериканските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори, на кои ќе се оценуваат првите две години од вториот мандат на Доналд Трамп.Анкетите им даваат предност на демократите за освојување на Претставничкиот дом.,Додека битката за контрола врз Сенатот останува неизвесна.Се гласа за 435 места во Претставничкиот дом и за 35 сенатори. Проценките се дека незадоволството од високите цени и трошоците за живот му штетат на Трамп,а дополнителен притисок создаваат царинската политика и војната со Иран. Трамп водеше интензивна кампања и одржа повеќе од 20 предизборни митинзи.Тој ги обвини демократските кандидати дека се радикални и опасни. Демократите се надеваат дека ќе освојат мнозинство во двата дома на конгресот. Тоа би им овозможило да отвораат истраги и да ги блокираат неговите именувања.. Секако резултатите ќе покажат колкава е поддршката за трамп и неговата политика.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00