Обвинителството ја привршува истрагата за дивоградбите во Чаир,која беше отворена пред 2 години - Канал 5

Обвинителството ја привршува истрагата за дивоградбите во Чаир,која беше отворена пред 2 години

Во екот на кавгата Арсовска – Ганиу и обвинувањата за нови дивоградби во Чаир, обвинителството веќе привршува со предметот отворен пред 2 години, по допрен глас .

Обвинителството ја привршува истрагата за дивоградбите во Чаир,која беше отворена пред 2 години

Во екот на кавгата Арсовска – Ганиу и обвинувањата за нови дивоградби во Чаир, обвинителството веќе привршува со предметот отворен пред 2 години, по допред глас откако за медиумите објавија истражувачки стории за шемите по кои се прави незаконска легализација..

Од таму за Канал 5 велат дека од општината, Министерството за транспорт и државниот градежен инспекторат е одземена обемна документација, а извршени се и разговори со службени лица од О. Чаир, како и со дел од барателите за легализација на бесправно изградените објекти.

-По анализа на севкупниот материјален и вербален доказен материјал чие обезбедување во овој предмет е во финална фаза, ќе следи донесување и на соодветна јавнообвинителска одлука. - ОЈО Скопје.

Во меѓувреме, градоначалничката Арсовска повторно „распали“ на социјалните мрежи, овој пат и по обвинителството. Таа вели дека Обвинителството не гледа проблем во тоа зграда направена сега да биде заведена како објект изграден во 2011 година.. Повторно побара да се одземе документација од општината, бидејќи се сомнева дека се уништуваат докази...

-Лик како Вики Ганиу би требало да добие грант од Фонд за иновации за изум за патување низ времето, кога веќе не добива кривична пријава за над 150 противзаконски и опасни дивоградби кои ги кеширал. Јавното обвинителство не гледа никаков проблем зграда ИЗГРАДЕНА СЕГА, да биде заведена како објект кој е изграден пред 2011 година, иако очигледно е дека според официјалната снимка на Катастар која е направена во 2023 дека на таа локација нема зграда. Статус Данела Арсовска.

Од обвинителството пак, тврдат дека ги следат информациите и ќе постапат доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, воедно повторно побараа од Арсовска и Град Скопје да постапат според законските обврски и сите сознанија и докази да ги споделат со ОЈО, со што би се спречило евентуално компромитирање на доказен материјал.

Прашан дали постапува МВР по однос на наводите за дивоградбите, директорот на БЈБ – Александар Јанев денеска посочи дека се проверуваат сите наводи, но дека треба и останатите институции да си ја вршат работата.

-Ние како полиција интензивно работиме, има статистика, таа статистика може да биде и јавно достапна, не е тоа никаков проблем во делот на тие дивоградби и секоја организациска единица во рамките на МВР и во минатото и сега има соодветни поднесоци за дивоградби. - Александар Јанев – Директор на БЈБ.

На вчерашната прес-конференција, чаирскиот градоначалник – Ганиу кажа дека наводите кои ги изнесува градоначалничката Арсовска се невистинити и дека за тоа ќе се видат на суд. Дополни дека Чаир не е ниту во првите 5 општини во Скопје по бројот на дивоградби, а тврдеше и дека не го прекршил законот во ниту еден случај. Нападите тој ги препишува на ДУИ, како обид за дестабилзиација пред изборите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе имаат итни разговори за безбедноста на европските граници

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, повика на „обединета акција“ за безбедноста на границите по хаотичниот прилив на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута минатата недела.

Шпанија проценува дека околу 69 илјади и 500 мигранти сега се вратиле во Мароко, што ги надминува првичните проценки од 50 илјади. Официјалниот број на жртви од шпанската страна на границата изнесува 72, со 11 смртни случаи од мароканската страна. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе имаат итни разговори преку видеоконференција за да разговараат за ова прашање. Сцените во сеута ги затегнаа односите меѓу некои од 27-те земји-членки на ЕУ. Во писмо до шпанскиот премиер Педро Санчез, Фон Дер Лајен го пофали неговото „брзо справување“ со кризата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер