Обвинителството има вкупно 34 осомничени за трагедијата во Кочани, за сите се бара притвор - Канал 5

Обвинителството има вкупно 34 осомничени за трагедијата во Кочани, за сите се бара притвор

Трагедијата во Кочани е резултат на низа пропусти во дискотеката Пулс кои се започнати уште во 2012 година и толерирани се до кобниот 16 март.

Обвинителството има вкупно 34 осомничени за трагедијата во Кочани, за сите се бара притвор

Досега осомничени се вкупно 34 лица и за сите осомничени се бара притвор ..Дискотеката имала устен договор за концерот на ДНК, на кој како што изјави обвинителот Коцевски присуствувале 650 лица, мегу кои најмалку 31 дете.

Од Кочани во живо го вклучуваме Михајло Видимлиски.

Меѓу сомничените се и екс министерот Бектеши и тројцата градоначлници на Кочани… За колку од осомничените досега судот одлучи за барањата за притвор?

7 полициски службеници веќе се во притвор, за останатите 27 се одлучува во судот во Кочани.

Судот веќе го прифати предлогот за притвор за Бектеши, екс државна секретарка размена Чекиќ и екс-директорот на ДЗС Беким Максути.

Македонија мора да победи во борбата со корупцијата и криминалот, истакна на прес министерот Панче Тошковски.

Извештајот од Кочани погледнете го во видеото.

YouTube video

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк денеска го продолжи договорот со англискиот клуб до 2027 година.

Ван Дајк останува во Ливерпул до 2027

„Многу сум среќен и горд. Има толку многу емоции кои ми поминуваат низ главата токму кога зборувам за тоа. Се чувствувам горд и радосен. Тоа е неверојатно. Патувањето што го имав досега во мојата кариера и можам да го продолжам за уште две години во овој клуб е неверојатно и многу сум среќен“, изјави Ван Дајк.

Холандскиот фудбалер му се приклучи на Ливерпул во јануари 2018 година од Саутемптон за тогаш рекордна сума од 75 милиони фунти за дефанзивец.

Досега Ван Дајк одигра 314 натпревари и постигна 27 голови за Ливерпул, со кој меѓу другото ја освои Лигата на шампиони во 2019 година и Премиер лигата во 2020 година.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

ММФ не предвидува рецесија годинава и покрај царините на Трамп

Царинските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијаат на глобалната економија и ќе предизвикаат големо забавување на економскиот раст годинава, но без транзиција во рецесија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

И покрај несигурноста предизвикана од трговската политика, „нашите проекции за раст се во голема мера намалени, но не укажуваат на рецесија“, рече Георгиева во својот традиционален воведен говор пред пролетните состаноци на ММФ и Светската банка.

Состаноците почнуваат следната недела, кога меѓународните финансиски институции ќе ги претстават своите ажурирани прогнози за светската економија.

Трамп воведе царини од најмалку 10 отсто за сите стоки што влегуваат во САД почнувајќи од 5 април, и до 145 отсто за кинески стоки, покрај постојните царини воведени пред тој да се врати во Белата куќа.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи.

- Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа.

притисни ентер