Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија
Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?
1Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија
2Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери?
3ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува
Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
1Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
МакедонијаОбвинителството чека известување од Кривичен за да побара евентуален притвор за КовачевскиОбвинителството и натаму чека известување од Кривичен дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски не е достапен за истражните органи, за евентуално да одлучи да побара мерка притвор.. Дали ќе се бара притвор за екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, кој е еден од осомничените во случајот Адитив обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе одлучи откако ќе добие известување дека е недостапен за полицијата. Извори од обвинителството за Канал 5 брифираат дека не е изолиран случајот со Ковачевски. Се случувало и претходно првично предложените мерки да се повлечат, и откако ќе се утврди недостапност на осомниченото лице да се побара притвор по негово пронаоѓање. Но пред да се случи тоа се чека известување од Кривичен. „Основниот кривичен суд – Скопје нема доставено ваков документ до обвинителството и предметните обвинители не можат прескокнувајќи постапки и институции да носат предлози или одлуки надвор од нивните законски овластувања. Во моментот кога ОЈОГОКК ќе добие известување дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, надлежните јавни обвинители ќе постапат согласно законските надлежности во поглед на мерките за обезбедување.“ За министерот за внатрешни Панче Тошковски вчера беше вчудовиден што обвинителството не барало притвор за Ковачевски. Но оттаму велат дека ЗКП во ваков случај е јасен - МВР првин ќе го извести судот кој ќе побара од полицијата да ја утврди достапноста на осомничениот и ако се утврди дека е недостапен тоа известување ќе се достави до обвинителството да се произнесе по предлогот за обезбедување. Адвокатот Звонко Давидовиќ смета дека нема да дојде до меѓусебно спорење помеѓу полицијата и обвинителството ако си ги знаат своите надлежности. „Секојпат до сега било пракса на лице кое е недостапно да се побара мерка притвор од мигот на негово пронаоѓање па 30 дена и понатаму да се продолжува. Недостапноста ја утврдуваат органите на МВР и го доставуваат известувањето до Обвинителство и до суд. Но обвинителството е тоа кое треба да побара притвор. Нема спор ако секој си ја работи својата работа и секој си ги знае своите овластувања.“ Кривичен вчера го одби првичниот предлог на обвинителството да му се одземе пасошот на Васко Ковачевски со образложение дека за вакви мерки мора да биде лишен од слобода и спроведен во суд. Во негово отсуство може да се одлучи само по барање за определување на притвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе години, македонската дипломатска мрежа повторно се собира на едно место за директна, суштинска и стратешка координација. „Амбасадорскиот совет е еден од најважните механизми за стратешка координација на македонската дипломатија. Целта е јасна: да направиме пресек на сработеното, да ги усогласиме позициите и, пред сè, да поставиме конкретни задачи за периодот што следува“, истакна Муцунски. Во фокусот на Советот ќе бидат европската и евроатлантската агенда, геополитичките и безбедносните промени, регионалната стабилност, институционалната отпорност, економската дипломатија и конзуларното работење. Во рамките на Советот, дипломатите ќе имаат директен дијалог со претседателката на државата, претседателот на Владата и претседателот на Собранието. „Кога станува збор за нашите стратешки интереси, потребни ни се институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап. Во време на длабоки геополитички промени, дипломатијата не смее да биде пасивна. Потребна ни е дипломатија која предвидува, реагира навремено, гради партнерства и одлучно ги штити националните интереси“, нагласи Муцунски. Тој посочи дека европската интеграција останува еден од централните стратешки приоритети, а дипломатската мрежа има задача јасно и аргументирано да ги претставува позициите и реформските резултати пред европските партнери и да се залага за фер и предвидлив европски процес, заснован на резултати, европски вредности и взаемна почит. Посебен акцент на годинашниот Совет ќе биде ставен на економската дипломатија. „Мојата порака до нашите амбасадори е едноставна: секој амбасадор мора да биде и економски промотор на нашата држава. Повеќе инвестиции, поголем извоз, нови деловни контакти и нови пазари за македонските компании мора да станат мерлив дел од работата на нашите претставништва. Нашите амбасади треба да отвораат врати за македонските компании и добрите политички односи да ги претвораат во конкретни економски можности“, порача министерот. Значаен дел од Советот ќе биде посветен и на модернизацијата и дигитализацијата на конзуларните услуги, подобрата институционална координација и поблиската комуникација со дијаспората. „Дипломатијата има смисла само ако создава конкретна вредност за државата и за луѓето на кои им служи. Нашата цел е македонскиот граѓанин, каде и да се наоѓа, да знае дека неговата држава е таму кога му е потребна“, истакна Муцунски. Советот ќе биде и можност директно да се слушнат амбасадорите и генералните конзули за предизвиците со кои се соочуваат на терен, како и за потребните чекори дипломатската мрежа да стане поефикасна, попрофесионална и подобро подготвена. „Од нашата дипломатска мрежа очекуваме три работи: да ги штити нашите национални интереси, да отвора можности за нашата држава и да им служи на македонските граѓани. Во четврток и петок овие принципи ќе ги претвориме во конкретни задачи, подобра координација и мерливи резултати“, порача Муцунски. Тој нагласи дека силната дипломатија не се мери само според бројот на средби, посетени престолнини или потпишани документи, туку според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради, можностите што ги отвора и резултатите што ги создава за државата и за граѓаните. „Градиме модерна и активна, професионална и самоуверена, стратешки координирана дипломатија која знае кои се нашите интереси и има капацитет да ги застапува. Дипломатија во служба на нашите граѓани, на нашата држава и на нашата татковина“, заклучи Муцунски. Министерот најави и дека утре во официјална посета на државата ќе престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој ќе биде и еден од говорниците на Амбасадорскиот совет. Во фокусот на разговорите ќе бидат продлабочувањето на билатералните односи, европската перспектива, економската соработка и актуелните регионални и меѓународни прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАДрама околу „Лејкерс“: Џини Бас ги тужи своите браќа и сестри поради продажба на удели Џини Бас, сопственичката и раководител на „Лос Анџелес Лејкерс“, правно ја оспорува одлуката на нејзините браќа и сестри да го продадат преостанатиот удел од 17,8 отсто од семејната сопственост во клубот на Џош Кушнер и Боб Ајгер.Доколку се реализира ова, Бас би можела да ја загуби функцијата што ја извршува од 2013 година. Семејството Бас овој месец гласаше за продажба на својот преостанат удел во „Лејкерс“, но Џини тврди дека гласањето е неважечко. Нејзиниот адвокат, Адам Страјсанд, во писмото наведе дека продажбата не може да се спроведе без согласност на актуелните довереници на семејниот фонд – Џини, Џени и Џои Бас. Проблемот е во тоа што за функцијата гувернер на „Лејкерс“ е потребно најмалку 15 отсто сопственост. Доколку се продаде уделот од 17,8 проценти на семејството, Џини Бас повеќе нема да го исполнува тој услов и ќе ја изгуби својата улога како контролен сопственик. Според претходниот договор со Марк Волтер, тој требаше да остане на таа позиција барем до 2030 година. Конфликтот во семејството Бас трае со години, уште од смртта на Џери Бас во 2013 година. Џини го разреши својот брат Џим од функцијата раководител на кошаркарските операции во 2017 година, по што уследија судска тужба и обид на Џим и Џони да ја отстранат од позицијата сопственик со контролен удел. Ниту продажбата на мнозинскиот удел на Марк Волтер минатата година не помина без контроверзии. Волтер тогаш ја презеде контролата врз „Лејкерс“, при што франшизата беше проценета на 10 милијарди долари. Сепак, сега Волтер се согласи да ги продаде „Лејкерс“ на Кушнер и Ајгер за рекордни 12,5 милијарди долари. Доколку се реализира договорот со семејството Бас, тие двајца би контролирале околу 83 отсто од клубот. Според ESPN, Џини била единствената од шесте деца на Џери Бас која не ја поддржала конечната продажба на семејниот удел. Остатокот од семејството изјави дека донеле заедничка одлука да ги продадат преостанатите акции. „Ги сакаме Лејкерс и нивните навивачи и ќе продолжиме да го поддржуваме Лос Анџелес, но време е да ја искористиме оваа можност и достоинствено да се повлечеме“, се вели во соопштението на семејството Бас. Сепак, страната на Џина тврди дека семејните довереници имаат обврска да зачуваат најмалку 15 проценти од сопственоста, за таа да може да остане контролен сопственик. Семејството Бас е сопственик на „Лејкерс“ уште од 1979 година, кога Џери Бас го купил клубот од Џек Кент Кук за 67,5 милиони долари.Тагови: ЛА Лејкерс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
Други спортовиНашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречкиСо гордост објавуваме дека нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт Лука Заложник ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки.Светското првенство од 19 до 23 август ќе се одржи во Ахен, Германија – храмот на светскиот коњички спорт. Во конкуренција на најдобрите натпреварувачи од светот, тој ќе ја претставува нашата земја со гордост и спортски дух. Тагови: Лука Заложник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook