ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
БалканОбвинителството бара максимални затворски казни за Урош Блажиќ за масакрот во Мало ОрашјеОбвинителството бара максимални затворски казни за Урош Блажиќ за масакрот во Мало Орашје и Дубона. Во Специјалниот суд во Белград денеска имаше завршни зборови на судскиот процес за масовното убиство во селата Мало Орашје и Дубона против Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, за кои обвинителството побара максимални казни, јави дописникот на МИА од Белград. Обвинетиот Урош Блажиќ изјави дека моли да биде „најстрого казнет“, велејќи дека сака да ги „искупи гревовите“. Тој им изрази сочувство на семејствата на жртвите што ги убил таа ноќ и додаде дека би сакал да ги донира своите органи на повредените во масакрот. Блажиќ смета дека тој лично заслужува многу полошо од зборовите кои му ги упатуваа членовите на семејството на убиените, но дека не сака да зборува за масовното убиство бидејќи, како што наведе, не може да се најде мотив за вакво злосторство. -Немам мотив. Тоа е некој вид на пореметеност. Некое зло. Во тој момент како да не бев јас таа личност, изјави Урош Блажиќ. Одговарајќи на прашањата на Небојша Перовиќ, полномошникот на оштетените, Блажиќ рече дека бил револтиран кога го видел злосторството во ОУ „Владислав Рибникар“, додека само еден ден подоцна самиот уби девет, а повреди 12 лица. Вишото јавно обвинителство во Смедерево му предложи на судот Урош Блажиќ, обвинет за масовни убиства во селата Мало Орашје и Дубона, да биде осуден на максимална затворска казна, а неговиот татко Радиша на 20 години затвор. Со оглед на тоа што Блажиќ за време на делото сè уште немал 21 година, максималната затворска казна на која според законот може да биде осуден е 20 години. Обвинителството предложи таткото на првообвинетиот Радиша Блажиќ да биде осуден на 20 години, бидејќи според ставот на Обвинителството создал услови за ова кривично дело, иако не пукал од пиштолот. Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Смедерево, Иван Конатар, изјави дека одбраната на Урош Блажиќ е неприфатлива и е навреда за семејствата на жртвите. Конатар нагласи дека злосторството е резултат на размислувањето на Блажиќ, како и дека тој ладнокрвно донел одлука, за што, меѓу другото, покажува и тоа што вежбал пукање во подрум и го најавил делото кога испратил порака до пријател. На сите им е ускратен одговорот на прашањето зошто го направил тоа, рече Конатар и изјави дека Блажиќ нема искрено каење и сочувство, туку дека неговата одбрана има за цел само да го ослободи татко му од обвинението дека му набавил и дал оружје. Конатар истакна дека сите изведени докази потврдуваат дека Блажиќ извршил кривични дела тешко убиство, недозволено носење оружје, неовластено користење туѓо возило и киднапирање. Обвинителот додаде дека Блажиќ бил свесен за делото што го направил и за последиците кои настанале. Конатар истакна дека нема олеснителни околности на страната на Урош Блажиќ и му предложи на судот на Урош и Радиша Блажиќ да им се одреди притвор. -Радиша Блажиќ имал афинитет кон оружјето, кое несомнено го пренел на својот син, рече Конатар и нагласи дека никој немал пристап до куќата во која било пронајдено оружјето, како и да никој друг, освен Радиша Блажиќ, тоа оружје, муниција и експлозиви ги внесол во куќата, бидејќи тоа е „типично воено оружје“. Блажиќ е во притвор од апсењето, а Урош Блажиќ од 5 мај минатата година. Урош Блажиќ ја признал вината, а неговиот татко негирал дека го набавил оружјето со кое го извршило делото и другото оружје кое било пронајдено во нивната куќа по злосторството. Урош Блажиќ е обвинет дека убил девет и ранил 12 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter