Обвинителство отвори истрага против директорот на Геријатриската болница „13 ноември“ за поткуп - Канал 5

Обвинителство отвори истрага против директорот на Геријатриската болница „13 ноември“ за поткуп

Обвинителство отвори истрага против директорот на Геријатриската болница „13 ноември“ за примање поткуп, барал 100 000, а примил 20 илјади евра.

Обвинителство отвори истрага против директорот на Геријатриската болница „13 ноември“ за поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени за примање поткуп за болничко згрижување на лице. Првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, преку второосомничениот, негов човек од доверба, побара награда од 100 илјади за згрижување на лице во болницата. На 8 април годинава, второосомничениот е фатен како во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра.

Првоосомничениот, како директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025 година, во неколку прилики директно побарал значителна имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морал да го изврши. Тој, како што информираат од Обвинителство, е осомничен за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Поткупот го побарал од сведок во постапката – давател на доживотна издршка за лице кое боледувало од повеќе состојби и на кое по лекарски препораки и упатување му било потребно болничко згрижување во наведената установа. Кога сведокот се обратил во установата бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање за прием.

По неколку дена добила повик од второосомничениот, кој и закажал средба со директорот на Установата на 19.03.2025 година во вечерните часови во еден угостителски објект во Скопје. Второобвинетиот, како што информира Обвинителство, е осомничен за помагање при извршување на кривично дело „примање поткуп“.

-На средбата, првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран, за што имал податоци и за недвижниот имот кој го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100.000 евра. Жената-сведок реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка. На 03.04.2025 година била реализирана средба меѓу сведокот и помагачот, како лице во кое директорот имал целосна доверба, а на 04.04.2025 година повторно сведокот се сретнал со двајцата осомничени. Конечно било договорено сведокот да даде 20.000 евра како гаранција за да го смести пациентот во болницата, а доколку првоосомничениот „со проверки“ утврди дека пациентот има и дополнителен недвижен имот тој имот да се продаде за да се обезбеди вкупно побараниот износ од 100.000 евра, се вели во соопштението од Обвинителство.

Согласно овој договор, на 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на лице место бил фатен од страна на полициските службеници.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

МВР, вчера информираше дека се приведени две лица под сомнение за кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“, по што директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, потврди дека во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра.

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера, исто така, реагираше во врска со апсењето на директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември Скопје” за примање поткуп. Тој потенцира дека испораката на правда мора да биде неселективна и во согласност со сите уставно-правни механизми и темелни вредности.

Директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи, беше назначен за в.д. директор на Геријатрија во јули минатата година од страна на министерот за здравство Арбен Таравари. Претходно беше директор на психијатриската болница во Бардовци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона мора да плати 602 евра!

Шпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра поради контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез.

Барселона мора да плати 602 евра!

Каталонците наводно ги прекршиле правилата при преговорите со брилијантниот Аргентинец, а Атлетико Мадрид на 30 јуни поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и до ФИФА, тврдејќи дека Барселона започнала преговори со Алварез без претходно писмено да го извести неговиот клуб.

Врз основа на поднесената пријава, надлежните органи на Федерацијата на 30 јули покренаа дисциплинска постапка, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, бил во корист на мадридскиот клуб.

По разгледување на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврдениот прекршок како полесен. Поради тоа, на Барселона ѝ беше изречена парична казна од 602 евра, што претставува највисок износ предвиден за ваков вид прекршок согласно член 133 од Дисциплинскиот правилник.

Ова не е првпат Барселона да се соочи со слични санкции по пријава од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра поради недозволени контакти со Антоан Гризман, кој во тој период исто така настапуваше за тимот од Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ноември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современоста

Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....

Ноември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современоста

Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември.

Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата.

Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума.

За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември.

Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца!

Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените  дури два месеца!

И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125).

Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари.

YouTube video

Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар.

Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер