МакедонијаОбвинителство бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор за Васев Обвинителство бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека поранешниот директор на „Онкологија“ Васев бара да се брани од слобода Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека Васев побара од судот да се брани од слобода. Судијката Весна Димишкова, образложувајќи го предметот рече дека основниот суд одредил мерка куќен притвор во траење од 30 дена ценејќи дека присуството на обвинетиот може да се обезбеди со мерка куќен притвор со оглед дека е пензионер на 64 години, имотен, татко на две деца и досега неосудуван. Јавната обвинителка Фатиме Фетаи, објаснувајќи го предлогот за ефективен притвор рече дека ставот на Вишото јавно обвинителство Скопје е дека во оваа фаза на постапката имајќи ги превдид сите околности поврзани со кривичните дела кои му се ставаат на товар на осомничениот мерката притвор единствено претставува доволна гаранција за обезбедување присуство на Нино Васев и успешно спроведување на кривичната постапка. -Степенот на сомневање е на повисоко ниво, па и очекувањата на Обвинителството се осудителна пресуда за повеќе сериозни кривични дела кои му стојат како закана. Но, и интензитетот и времетраењето, како и сензитивитот на конкретните дејствија, рече Фетаи. Од овие причини сметаме дека жалбата на Обвинителството треба да се уважи и жалбата на одбраната да се отфрли како неоснивана. Нино Васев, пред судот рече дека бара чесно судење и да се брани од слобода. -Бараме чесно судење и укинување на мерката за обезбедување достапност. Сакаме да се браниме од слобода, рече Васев. Неговиот бранител, адвокат Никола Ставрев, рече дека барале јавна седнциа, со цел и судот непосредно да се запознае со предметот што се води против осомничениот. - Уште од самиот момент кога излезе аферата, осомничениот се даде во целосна соработка и истрагата што се води. Со таа цел присуствуваше и на анкетната комисија во Собрание и даде исказ за неоснованите обвиненија за кои се става на тапет. Активно учествуваше и во истражната постапка и даде два искази и одбранатa самата обезбедуваше докази. Обвинетиот е запознаен со истрагата и истиот е цело време свесен за делата што му се ставаат на товар и да имал намера ќе се дадел во бегство, рече Ставрев. Количината на доказен материјал што се става како отежнителната околност, според Ставрев, не може да биде основа за причина за определување мерка притвор, нагласувајќи дека нема доказна вредност и е собран од лица кои учествувале во изработката на економското вештачење од лицето Елизабета Дамевска, која во исто време со осомничениот била втор економски директор. -Сметам дека е неоснован и незаконски предлогот на Обвинителството. Судот особено да го има вo предвид неговото досегашно однесување и статусот што го има, изјави Ставрев. За предметот „Онкологија“, Основното јавно обвинителство поднесе две обвиненија со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев е обвинет „за злоупотреба на службената положба“, „измама во службата“ и „проневера во службата“. Повеќето од дејствијата, како што информира тогаш на прес-конференција предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, првообвинетиот Васев во својство на службено лице директор и второобвинетиот организациски директор, ги извршиле во соизвршителство во временски период од 2018 до 2022 година. -Кривичното дело „Злоупотреба на службената положба“ го извршиле со пречекорување на границите на своето службено областување и не ја извршиле својата службена должност во постапките за набавка на лекови, постапувајќи спротивно на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, статутот на Клиниката, Законот за буџетите и Законот за јавни набавки, рече Гоговска Јакимовска. Двајцата се обвинети за продолжено кривично дело „Измама во службата“, така што во вршење на својата службена должност со намера за друг да прибават противправна имотна корист, создале противправна обврска и го довеле во заблуда Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да изврши незаконита исплата. На тој начин, Гоговска Јакимовска рече задобувачите на лекови прибавиле значителна корист во износ од над 430 милиони денари. Со ваквите дејствија, обвинителката посочи дека тие прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на државниот Буџет во вкупен износ од над 2,2 милијарди денари.Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Култура„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски. Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски. Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска. Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026. Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли. Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола. Влезници онлајн на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/ Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветРусите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобилиРуските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко. Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви. Several videos now circulating on Ukrainian telegram channels showing the Russian drone strike shortly ago on Kyiv’s North Bridge, confirmed by Mayor Klitschko. pic.twitter.com/E27CNMP5u1 — Christopher Miller (@ChristopherJM) October 4, 2026 Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.Тагови: Киев мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаOJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрагаПри претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана. Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство. Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка. Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.Тагови: OJO Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter