Обвинителскиот тим проширен - 11 јавни обвинители вклучени во истрагата за пожарот во Кочани - Канал 5

Обвинителскиот тим проширен - 11 јавни обвинители вклучени во истрагата за пожарот во Кочани

Ова е трето проширување на обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани. 

Обвинителскиот тим проширен - 11 јавни обвинители вклучени во истрагата за пожарот во Кочани

Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски утрово одржал координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани, на кој поради обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители. Тие ќе постапуваат во овој предмет согласно усвоениот план на активности и динамика.

-Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области. Јавниот обвинител Коцевски побара од назначените обвинители ефикасна и темелна истрага која во детали ќе го испита секој аспект и правец на одговорност за трагедијата во Кочани. Во текот на денешниот ден обвинителите во Кочани преземаат дејствија за обезбедување докази, стои во соопштението од Јавното обвинителство на РМ.

Ова е трето проширување на обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани. Првично, на 16 март, веднаш по несреќата во Кочани, јавниот обвинител формираше обвинителски тим во кој беа вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје. Потоа обвинителскиот тим, еден ден подоцна, беше проширен на девет обвинители и го сочинуваа двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Последниот кат од зградата е зафатен, пожарникарите се на пат!

Видео: Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувнал во зградата на амбасадата на Пакистан во Белград, дознава српски Курир.

Како што може да се види од видеа објавени на социјалните мрежи, густ црн чад го покрил просторот.

Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица во инцидентот, ниту за евентуална материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада.

Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година.

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции кои се од клучно значење за економскиот развој.

Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени. Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност.

Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти.

Автопатиштата на Коридор 8 и 10 д, се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата.

Дополнително, Државниот завод за статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година изнесува 3,1 процент.

Овој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, дека инвестициите даваат резултати и дека развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството.

Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер