3Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната –им купува време на Мицкоски и Славески?
Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
1Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
3Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк
МакедонијаОбвинителниот акт со доказите за пожарот во „Пулс“ стигнаа во скопскиот кривичен суд Предметот со обвинението и доказите за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани е доставен до Скопскиот Кривичен суд. Претходно кочанскиот суд се иззема а штипска Апелација го достави до Врховен кој одлучи дека стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот е кривичниот суд во Скопје. Врховниот суд анализирајќи го кадровскиот и техничкиот потенцијал на Основните судови во Штип и Струмица, како судови со проширена надлежност на територија на Апелационо подрачје Штип, утврдил дека во наведените судови нема доволен број на судии од кривична област за кои нема законски пречки да постапуваат по конкретниот предмет. Од тие причини кривичниот суд во Скопје е определен како надлежен за постапката. -Имајќи ја предвид обемноста и сложеноста на предметот, бројот на обвинети и бројот на оштетени, обемниот доказен материјал и јавниот интерес за истиот, Врховниот суд, ценел дека по конкретниот предмет треба да постапуваат судии од кривична област кои со стекнатото искуство и познавање на кривичната материја ќе овозможат гаранција за ефикасност, стручност, Законито постапување, а преку постапката ќе допринесат и за „сензибилизирање на јавноста“, како што е наведено во решението (на Врховен суд), велат од Кривичен од каде додаваат и дека согласно АКМИС- системот обвинителниот акт ќе биде распределен на совет за оцена на обвинение, ќе им се достави премерок на обвинетите и ќе почне да тече рокот за приговори и потоа ќе биде закажана седница за оценка. Со обвинението за трагедијата од 16 март во која загинаа 62ца а над 200 беа повредени, опфатени се 34 лица но и трите фирми на сопственикот на дискотеката кој е првообвинет. Тие се обвинети за кривични дела со кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери. Истрагата пак со која се опфатени околу 30 поранешни и сегашни полициски функционери и службеници ја води обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. -Jавниот обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот меѓу кои сослушување на лица во својство на осомничени и во својство на сведоци, како и прибирање на други докази--ОЈО ГОКК. Инаку за 11 лица кои првично беа осомничени обвинителството ја запре постапката со образложение дека нема докази, еден од првично осомничените е починат и ја прекина истрагата и за членот на групата ДНК поради лошата здравствена состојба. Тагови: Кривичен суд Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во КинаПретседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми. Putin, Trump and Xi Jinping shake hands and briefly exchange remarks. https://t.co/0epxbYNJJm — Clash Report (@clashreport) November 18, 2026 Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК. Trump arrives at APEC Economic Leaders' Meeting accompanied by live music from Chinese performers https://t.co/4RMZygITCZ — RTBreaking (@RT_Breaking_) November 18, 2026 Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваТамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сценатаНа 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум. На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан. Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара. „Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара. Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања. Генерален спонзор на овој музички настан е А1. Билетите се достапни преку karti.com.mkТагови: концерт Тамара Тодевска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook