Обвинителката Тополова Исајловска е в.д државен јавен обвинител - Канал 5

Обвинителката Тополова Исајловска е в.д државен јавен обвинител

Обвинителката Анита Тополова Исајловска е в.д државен јавен обвинител.

Обвинителката Тополова Исајловска е в.д државен јавен обвинител

Едногласно беше избрана на денешната седница на Советот на јавни обвинители и беше единствен предлог. Инаку таа во моментов ја извршува функцијата заменик државен јавен обвинител.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Традиционална ликовна изложба “Самоуки 2026“ во Куманово

На 11.06.2022 г. / четврток /  со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово ќе биде отворена традиционалната ликовна изложба “Самоуки 2026“.

Традиционална ликовна изложба “Самоуки 2026“ во Куманово

На изложбата ќе бидат претставени околу 40-тина дела -- слики, изработени од 16 автори. Проектот е подржан од страна на Министерство за култура на Македонија.

Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на едно запоставено творештво коешто претставува едно локално богатство и заслужува да биде споделено со пошироката ликовната публика. Потребата за традиционално организирање на ваков вид на изложби од страна на НУ Центар за култура – Куманово беше утврдено уште на почетокот на деведесеттите години од минатиот век а дојде како резултат на иницијатива на повеќе наши сограѓани – неакадемски уметници коишто имаа зад себе сериозна ликовна продукција.

Искуствата низ годините покажаа дека оваа изложба освен тоа што има одреден квантитет, квалитет и ликовно-естетско ниво , истата, може да биде и предмет на интерес на медиумите и јавноста. Впрочем и континуитетот потврден во 35-те изданија говори за долгорочен интерес на сите инволвирани страни во проектот – уметниците, организаторот и самата публика којашто со својата присутност дава позитивни сигнали за некои идни ангажмани во оваа насока.

Изложбата ќе биде поставена до 25.06.2026.

Роберт Цветковски, историчар на уметноста

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп негираше дека Нетанјаху ги прекршил неговите наредби со започнувањето напади кон Иран

Иран и Израел велат дека ги прекинале нападите еден врз друг, откако двете земји разменија оган за прв пат од примирјето во април. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера  изјави дека неговата земја „во моментов“ е во огнот. 

Трамп негираше дека Нетанјаху ги прекршил неговите наредби со започнувањето напади кон Иран

Но, тој нагласи дека борбата против Иран и Хезболах „не е завршена“. Ова се случи неколку часа откако вооружените сили на Иран соопштија дека ги прекинале операциите. Вети „построги и поостри мерки“ доколку Израел изврши повеќе напади, вклучително и во Либан, каде што израелските сили се борат против Хезболах кој е со поддршка од Иран.Техеран во неделата лансираше ракети кон Израел како одмазда за нападот врз бејрут. Израел вчера одговори со гаѓање на воени објекти во Исламската Република. Во разговор со Би-Би-Си, американскиот претседател Доналд Трамп негираше дека Нетанјаху ги прекршил неговите желби со започнувањето напади. Изјави дека го предупредил израелскиот премиер да не започнува нов воен конфликт со Иран, посочувајќи дека таков потег би можел да ја доведе во прашање американската поддршка за Израел. Кога беше прашан дали Нетанјаху му се спротивставил со тоа што пукал кон Иран во неделата, Трамп рече дека ракетите „веќе биле на пат“ кога разговарал со израелскиот премиер. Тој додаде: „ако му кажам да направи нешто, тој го прави тоа“. изјави Трамп за Би Би Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во среда во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од процесот за соработка на Југоисточна Европа кажа таа во телевизиско интервју.

 Сиљановска-Давкова утре во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на Југоисточна Европа

Во рамките на средбата, очекува да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа нема нерешлив проблем. Рече дека тоа е продолжение на средбата во Ереван – едно пријатно женско говорење. Ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба. Морам да кажам, кога првпат го сретнав господинот Радев во Софија и се случи оној инцидент со знамињата, се заборави, но сите кои бевме присутни на работниот ручек каде што тој говореше за потребата од соработка во многу области во кои заедно би постигнале подобро, полесно, многу многу успеси. И јас мислам дека тоа е единствениот начин за да можеме ние bona fide да се однесуваме. Да не се навредуваме, да не се повредуваме, да се обидеме да ги мериме зборовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер