Обвинителката Бонди во Сенатот сама против демократите: Зборувате за црни пари и корупција, а постојано соработувате со групи со црни пари - Канал 5

Обвинителката Бонди во Сенатот сама против демократите: Зборувате за црни пари и корупција, а постојано соработувате со групи со црни пари

Памела Бонди е генерален обвинител или кажано со наш речник, државен обвинител на САД.

Обвинителката Бонди во Сенатот сама против демократите: Зборувате за црни пари и корупција, а постојано соработувате со групи со црни пари

Именувана е во времето на Доналд Трамп, како обвинител кој треба да се справи со криминалот во САД, како и со злоупотребата на политичката моќ за гонење на политичките противници, практика што се користеше во времето на претседателствувањето на Џо Бајден. Против себе ги има сите демократи во Конгресот, од кои некои, како што посочи секретарот за здравство, Кенеди, се поткупени, и земаат милиони, посочувајќи некои од нив по име и презиме. Минатата недела таа имаше соочување во Сенатот и сама се бореше против демократските противници, оставајќи неверојатен впечаток што вреди да се одбележи. Ова се некои поенти и сегменти од сослушувањето кое траеше повеќе од пет часа и борбата на популарната Памела Пам Бонди со демократските сенатори, при што, на некои, в лице им кажа дека се корумпирани. Ова се некои поенти од седницата.

Памела Бонди против сенаторот Дарбин.

И знаете, сенаторе Дарбин, ми е многу интересно што ги одбивте повеќекратните барања на републиканците за објавување на податоците за летови на Епштајн во 2023 и 2024 година. Се боревте против тоа. Дали зедовте пари од донациите на кампањата на Рид Хофман, кој беше голем пријател на Епштајн? Зошто се боревте со години? Зошто се боревте да не се откријат податоците за летовите?

Сенатор Дарбин:

Можам да ви кажам дека не одбив. Една од сенаторите овде сакаше да ги достави тие податоци, а јас ја замолив да ги достави во писмена форма, но таа никогаш не го стори тоа.

Бонди:

Да, мислам дека сенаторот Блекбурн би се скарал со Вас за тоа.

Сенатор Блекбурн:

Господине претседателе, бидејќи сенаторот Дарбин се осврна на мене, би бил навистина благодарен за можноста да го исправам записот бидејќи сенаторот Дарбин знае дека постојано барав тие податоци за летови. Јас го споменав судскиот повик. Дури и го затворивте комитетот затоа што не го сакавте тоа. И знаете, јас го поднесов тоа писмено, а вие продолжувате лажно да зборувате за тоа. И нема да дозволам тој запис да остане.

Памела Бонди против сенаторот Вајтхаус

Шелдон Вајтхаус:

Да ве прашам уште нешто. Има јавни извештаи дека Џефри Епштајн им покажал на луѓето фотографии од претседателот Трамп со полуголи млади жени. Дали знаете дали ФБИ ги пронашло тие фотографии при пребарувањето на сефот на Џефри Епштајн или неговиот имот или на друго место? Дали сте виделе нешто такво?

Бонди:

Знаете, сенаторе Вајтхаус, седите тука и повторно давате непристојни забелешки обидувајќи се да го клеветите претседателот Трамп, кога вие сте оној кој земал пари од еден од најблиските доверливи луѓе на Епштајн, верувам. Можеби грешам - поправете ме - Рид Хофман, кој бил со Џефри Епштајн во повеќе наврати. И сенаторот што седи веднаш до вас се обиде да го спречи објавувањето на податоците за тие летови. И вие најдовте да ме прашувате за претседателот Трамп и некоја си фотографија со Епштајн?

Бонди:

Знаете, многу сте загрижени за парите и луѓето што земаат пари, и се буните против црни пари, а сепак постојано соработувате со групи со црни пари, сенаторе.

Бонди:

Ќе бев повеќе загрижена да бев на ваше место кога зборувате за корупција и пари - кога се залагате за закон што би ја субвенционирал компанијата на вашата сопруга.

Претседател на Комитетот:

Која е причината за тоа?

Бонди:

Да, претседателе, додека ја „гасите“ Владата. Гласавте за престанување на финасирање на Владата и седите тука додека нашите обвинители и полицајци не се платени. Тие се таму и работат за да ве заштитат. Посакувам да го сакавте Чикаго толку колку што го мразите претседателот Трамп. А во моментов, Националната гарда е на пат кон Чикаго. Ако не сакате да ги заштитите вашите граѓани, претседателот Трамп ќе го стори тоа.

Пам Бонди против сенатор Блументал

Пам Бонди:

Сенаторе Блументал, многу ми е интересно што не го споменавте ова за време на администрацијата на претседателот Бајден, кога тој правеше сè за да го заштити Хантер Бајден, својот син. И мислам дека видовте што објави директорот Радклиф. Знаете, ова се информации - ако можам да завршам со одговорот на прашање, нема да ви викам. Нема да се расправам со вас. Но, информациите се дека администрацијата на Бајден им рекла да не ја истражуваат вмешаноста на Хантер Бајден во Украина.

Пем Бонди против сенаторката Хироно

Сенатор Хироно:

Двојниот стандард е јасен, а американскиот народ се буди за корупцијата, фаворизирањето и беззаконието во Министерството за правда.

Пам Бонди:

Ви благодарам, господине претседателе. Може ли да одговорам, претседателе?

Претседател:

Да.

Пам Бонди:

Може ли да одговорам?

Претседавач:

Да, можете да одговорите.

Пам Бонди:

Ви благодарам. Двојниот стандард е кристално јасен, сенаторке Хироно. Кристално јасен. Бидејќи не се жалевте четири години кога претседателот Трамп беше таргетиран од Џек Смит, од последниот состав на Министерство за правда, но американскиот народ проговори гласно и јасно кога го избра претседателот Трамп со огромно мнозинство.

Пам Бонди против сенатор Блументал

Пам Бонди:

Ако работевте за мене, ќе бевте отпуштени затоа што бевте критикувани од Конгресот за лажење. Лажете овде. И нема да ми бидат држени лекции за интегритет од некој што лажел дека бил во војска само за да биде избран за сенатор. И ми е интересно што сакате ред во оваа постапка сега. Извинете, сенаторе, сакате ред во оваа постапка сега. Сигурно немавте ред кога ја нападнавте секретарката Ноем на прес-конференција во Калифорнија, нели?

Бонди против сенатор Адам Шиф

Бонди:

Директорот на ФБИ, Пател, рече дека немало случај. А Каролин Лавет е една од најдоверливите луѓе што ги познавам. И знаете, сенаторе Шиф, ако работевте за мене, ќе бевте отпуштен затоа што Конгресот ве критикуваше за лажење.

Сенатор Адам Шиф:

Вие сте генерален обвинител. Ова ќе биде ваша одлука. Дали ќе поддржите…

Пам Бонди:

Не мора да ми кажувате што е моја одлука, а што не. Мислите дека “нѐ фативте”со Том Хоман, кој е таму и се бори за нашата земја откако Доналд Трамп ја презеде функцијата.

Адам Шиф:

Се обидувам да поставам прашање. Дали ќе го поддржите тоа барање?

Пам Бонди:

Ќе му се извините ли на Доналд Трамп...?

Адам Шиф: Претпоставувам дека одговорот е дека нема да го поддржите тоа…

Пам Бонди:

... Откако сега знаете дека Џо Бајден се обиде да ја прикрие вмешаноста на Хантер Бајден во Украина.

Бонди против сенаторот Падија

Алекс Падија:

Под оваа администрација на Трамп и водството на државниот обвинител Бонди, верувам дека независноста на Министерството за правда е нападната. Затоа, моето прво прашање, генерален обвинител Бонди, е едноставно прашање, а одоговрете со „да“ или „не“. Дали верувате дека владини претставници како Грегор Бувино се обврзани да ги следат важечките судски наредби, без разлика дали се согласуваат со нив или не? Да или не?

Пам Бонди..

Прво, сенаторе Падија, продолживте повеќе од пет минути и посакувам да ја сакавте вашата држава Калифорнија колку што го мразите претседателот Трамп. Тогаш би биле во навистина добра состојба, бидејќи насилниот криминал во Калифорнија во моментов е 35% повисок од националниот просек. Криминалот врз имотот во Калифорнија е 18% повисок од националниот просек. Тоа треба да биде нешто за кое треба да разговараме и да работиме заедно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 16. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 16. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 16. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко.

Кариера

Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат.

Здравје и совет

Проширете ги контактите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи.

Кариера

Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни.

Здравје и совет

Немојте да зборувате премногу.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета.

Кариера

Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати.

Здравје и совет

Вежбајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано.

Кариера

Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено.

Здравје и совет

Понастрана од снобови.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка.

Кариера

Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди.

Здравје и совет

Немате грижи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие.

Кариера

Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети.

Здравје и совет

Не брзајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите.

Кариера

Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат.

Здравје и совет

Не зборувајте , доколку нема причина.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака.

Кариера

Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат.

Здравје и совет

Внимавајте на нервози и фрустрации.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат.

Кариера

На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува.

Здравје и совет

Во одлична форма сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања.

Кариера

За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи.

Здравје и совет

Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Полесно ќе воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства.

Кариера

Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи.

Здравје и совет

Немојте толку да се сомневате.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост.

Кариера

Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат.

Здравје и совет

Сега знаете што сакате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Павле Трајанов и Љупчо Ристовски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Павле Трајанов и Љупчо Ристовски

Павле Трајанов и Љупчо Ристовски  во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет активности со кои децата нема да бараат мобилен телефон и телевизија

Пет активности со кои децата нема да бараат мобилен телефон и телевизија

Телефонот, таблетот или телевизорот се најчест одговор на детската досада. Американската педијатриска академија нагласува дека не е важно само колку време децата поминуваат пред екраните, туку и каква содржина следат. Затоа понекогаш е доволно да им се понуди нешто поинтересно.

Овие пет активности ги поттикнуваат децата да истражуваат, да прашуваат и откриваат.

Прошетка како истражувачка експедиција

Прошетката низ паркот станува интересна ако детето добие мала задача, да пронајде три различни листови, да воочи два вида птици, да најде нешто рапаво и мазно или да открие на кое животно му припаѓа одредена трага на земјата.

Поентата не е во тоа родителот да ги знае сите одговори, туку детското прашање „зошто“ да покрене заедничко истражување.

Домашна лабораторија

За мал експеримент не е потребна посебна опрема. Проверете кои предмети лебдат, кои тонат, направете авиончиња од хартија, тестирајте чие лета најдалеку или мешајте ги основните бои.

Пред експериментот, детето нека погоди што ќе се случи и нека објасни зошто. Така обичната игра станува мало истражување.

Квиз во кој децата можат да ги победат возрасните

Изберете омилена тема на детето, космос, спорт, диносауруси, животни, и секој нека спреми неколку прашања за останатите.

Може да играте во тимови со бодовна скала или да воведете правило така што секој поен ќе оди кај оној што ќе постави прашање на кое никој не знае да одговори. Таквиот квиз не е испрашување туку игра на знаење и љубопитство.

Скриено „богатство“ во станот

Неколку ливчиња со траги е доволно за станот да го претворите во мала авантура. Една трага може да води до фрижидерот, друга до полицата со книги, трета до омилените играчки.

За помали деца подгответе цртежи и бои, стари ребуси или мали задачи. Богатството не мора да биде големо, туку важна е потрагата.

Колекционерски предизвик

Децата сакаат да збираат камчиња, фигури, карти или сликички. Штом колекцијата има некаква цел, обичниот предмет станува дел од нешто што е повеќе од игра.

На пример, собирањето сликички со животни. Кога детето ќе добие нова сликичка, прашајте го каде живее тоа животно, што прави, или по што е посебно.

Сите овие активности имаат една заедничка работа: детето не добива готов одговор, туку мора нешто да пронајде, да праша, да претпостави или да открие, а токму тоа е целта – да го набљудува светот и да поставува прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер