3Кичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест
ЖивотОбвинителите во Норвешка бараат над седум години затвор за синот на норвешката принцезаНорвешките обвинители побараа затворска казна од седум години и седум месеци за синот на норвешката принцеза, Мариус Борг Хоиби, во неговото судење по обвиненијата за силување, прекршоци поврзани со дрога и семејно насилство.Доколку биде осуден, 63-те дена што веќе ги поминал во притвор треба да му бидат одземени од оваа казна, изјавија денеска обвинителите. Исто така, треба да му биде забранет контакт со поранешна девојка во период од две години. Судењето, кое започна на почетокот на февруари, ја шокираше Норвешка и привлече внимание од глобалните медиуми. 29-годишниот Хоиби ги негираше обвиненијата за сексуален прекршок, но призна за некои од другите обвинувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишено од слобода лице од тетовско, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожарНа 08.09.2026 во 09:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишија од слобода Р.С.(55) од с.Гајре. Според пријавеното, на место викано „Мала Зецка“ под с.Гајре, додека го чистел сопствениот имот од сува трева и нискостеблеста шума, запалил оган, по што пожжарот се проширил и зафатил поголема површина. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово и вработени во Шумското стопанство, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Тошковски го штити кумашинот ЈанушевСкандалот со митото на возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, отвора многу посериозни прашања за неговата инволвираност.Според јавно објавените информации, биле побарани 1.500 евра мито за да се „заврши“ вработување како пожарникар, а акцијата била спроведена при предавање на 500 евра. Зошто истрагата застанала тука? Зошто не било дозволено парите да го продолжат патот за да се утврди кој навистина стои зад ова и кој навистина го „завршил“ вработувањето? Возач не може сам да вработи пожарникар, ниту да влијае на конкурс, избор на кандидат или на одлука за вработување. Но Јанушев, како генерален секретар на Владата, како член на ИК на ВМРО, има. Дали Панче Тошковски го спаси својот кумашин Јанушев? Со прекинување на акцијата е спречен нејзиниот понатамошен развој. Ова е причина плус Јавното обвинителство да одговори зошто акцијата е прекината пред да се утврди целиот тек на парите и сите можни учесници. И во случајот со ИПАРД, кога беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, јавноста не доби целосен одговор каде водела трагата на парите и дали истрагата стигнала до сите можни учесници. Сега повторно имаме случај во кој се апси човек што е непосредно фатен, но останува неодговорено најважното прашање – кој стои над него? Откако Савески се врати од екскурзија и седна до Мицкоски, СДСМ бара да отвори истрага за случајот со возачот на Јанушев, која ќе се прошири и на Јанушев. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаКичевец управувал возило за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотестТој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. На 09.09.2026 во 03:10 часот на магистрален пат Охрид - Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: сообраќајна незгода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11