Обвинителен акт за десетици членови на три криминални банди, се товарат за нарачани убиства - Канал 5

Обвинителен акт за десетици членови на три криминални банди, се товарат за нарачани убиства

Припадници на три криминални банди од скопското подземје седнуваат на обвинителна клупа... 

Обвинителен акт за десетици членови на три криминални банди, се товарат за нарачани убиства

Седум убиства, меѓу кои и жртви кои не биле директна цел, изнуди, одмазди и трговија со дрога. Основното јавно обвинителство за гонење на организран криминал и корупција поднесе 2 обвиненија до Кривичниот суд за 20тина лица од 3 криминални групи од скопското подземје..

Меѓу убиените било и лице кое наводно на институциите им предало информации за двајца обвинети за масакрот кај Смикловско езеро, од кои едниот е осуден, а другиот пребегнат во Косово.

Првото обвинение опфаќа криминална банда, од две координирани групи, кои најчесто извршувале нарачани убиства од различни мотиви. Осомничените се товарат и за злосторничко здружување, изнуда како и тешки дела против општата сигурност.

Обвинителен акт е поднесен за вкупно 9 лица членови на овие групи, од кои 6 се во бегство. Најстарото убиство е од 2014 година. Првата група позната како Беланоца-Барон нарачува и извршува со логистика четири убиства, од кои едното е двојно убиство. Познати се убиствата кај „Шиша бар“ и убиството во Ханиоти. Втората група има три убиства. Координирани се и од затвор, што е посебен пораз за нашиот систем. Дополнително, криминалните групи вршеле и изнуди, палеле објекти и возила.. Главниот мотив и цел на убиствата било да се ослабне моќта на сопарните групи..

Второто обвинение е против криминалната група на Раде Трајковски-Штекли која се занимавала со неовластена продажба на дрога на територијата на Скопје. Станува збор за група од 17мина, најголем дел млади лица, а дел од дрогата ја криеле закопувајќи ја на државно земјиште во јавна сопственост. Дрогата била откриена при обидот за бегство на Штекли на почетокот на годинава, кога тој беше и уапсен. Обвинителен акт е поднесен против 10 лица, додека со 7мина е случена спогодба за затворски казни од 3 до 5 години.

Групата била јасно структурирана и имала строго дефинирани улоги меѓу членовите – од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот кој како награда дел од парите им давал на останатите обвинети..Членовите на групата користеле мрежа на препродавачи и посредници, од кои седуммина опфатени во овој предмет ја признаа вината и се спогодија со обвинителството..

Обвинителот во случаите очекува долга судска постапка поради обемниот доказен материјал. Предметот се работел 1 година, а се користеле предистражни мерки во координација и соработка со МВР . На обвинетите им се ставаат на товар кривични дела извршени во периодот од 2020 до 2024 година.

YouTube video

Дневен хороскоп за 9. јули 2025 година

Дневен хороскоп за среда, 9. јули 2025 година. 

Дневен хороскоп за 9. јули 2025 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно.

Кариера

Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи.

Кариера

Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро.

Здравје и совет

Анализирајте си ги соништата.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг.

Кариера

Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината.

Здравје и совет

Не се срамете за да се изразите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време.

Кариера

Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите.

Здравје и совет

Мали главоболки или тага.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас.

Кариера

Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им.

Здравје и совет

Заслужувате одмор.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта.

Кариера

Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин.

Здравје и совет

Опуштете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност.

Кариера

Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено.

Здравје и совет

Опуштете се со добра музика.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе.

Кариера

Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди.

Здравје и совет

Не одете преку своите можности.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа.

Кариера

Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму.

Здравје и совет

Не ги забрзувајте работите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов.

Кариера

Преговортие течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви исгледа како луѓето околу вас да работат половично.

Здравје и совет

Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се.

Кариера

Сега конешно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор.

Здравје и совет

Не можете вечно да живеете на стара слава.

Што најчесто сонуваат луѓето 11 недели пред смртта

Колку се поблиску до крајот, овие сништа се поинтензивни, се јавуваат и еднаш дневно

Што најчесто сонуваат луѓето 11 недели пред смртта

Дали умот е способен да нè подготви за крајот? Дали душата „знае“ пред телото?

Во 2014 година, тим истражувачи од колеџот Канисиус во Њујорк спровеле обемна студија чија цел била да ја испитаат природата и значењето на соништата што луѓето ги доживуваат во деновите, неделите, па дури и месеците пред смртта. Студијата била спроведена на 66 испитаници, кои биле дел од одделот за палијативна нега - т.е. во фаза од животот кога третманот повеќе не се базира на лечење, туку на ублажување на болката и обезбедување достоинствен крај.

Во текот на 18 месеци, биле спроведени вкупно 453 интервјуа со учесниците. Резултатите биле не само статистички значајни, туку и длабоко шокантни.

Дури 90 проценти од пациентите изјавиле дека почнале да имаат дневни визии - најчесто преку соништа. Овие соништа, како што опишале, речиси секогаш вклучувале средби со починати членови од семејството или блиски луѓе кои некогаш во животот им давале утеха, безбедност и љубов. Ова не биле обични слики во сонот - испитаниците истакнале дека овие средби изгледале „сосема реални“, како навистина да разговарале со починатиот, чувствувајќи го нивниот допир, па дури и нивниот мирис.

Интересно е што овие соништа најчесто се случувале осум до единаесет недели пред смртта, а како што се приближувале кон крајот, нивната фреквенција и интензитет се зголемувале. Во последните три недели пред крајот на животот, речиси сите испитаници изјавиле дека нивните соништа станале почести, подлабоки и емоционално посилни.

Научниците дополнително ги поделиле овие искуства според фазите на спиење:

45% од пациентите изјавиле дека доживувале пророчки соништа за време на длабокиот сон,

16% за време на моментите на будење,

додека кај 39% од пациентите, овие слики се појавувале за време на сонот, а чувствата и сликите продолжувале и откако ќе се разбудат.

Студијата заклучува:

„Како што се приближува крајот, соништата во кои се појавуваат блиските починати стануваат почести. Нивната улога не е само симболична - тие често го смируваат стравот од смртта, ја ублажуваат психичката болка и му помагаат на лицето да го прифати она што доаѓа. Понекогаш се случуваат неколку часа пред смртта, во форма на тивка подготовка, како несвесното и емоционалното тело веќе да се разделува.“

Она што е можеби најфасцинантно е што 99% од испитаниците изјавиле дека овие соништа биле толку живописни што не можеле да ги разликуваат од реалноста.

Оваа студија фрли светлина врз еден ретко проучуван, но универзално значаен феномен - последните соништа. Иако науката сè уште нема конечни одговори, јасно е дека во моментите кога животот згаснува, умот и душата наоѓаат свои начини да нè смират, да нè подготват и можеби - повторно да нè поврзат со оние што сме ги сакале.

притисни ентер