МакедонијаОбвинетите во случајот „Двојник" вкупно осудени на 16 години затворСудскиот случај „Двојник" заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети. Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот пред „Двојник". Во судската постапка иницирана од ОЈО Скопје, за издавање на патни исправи со лажен идентитет казна затвор им беше изречена и на Денис Баруфи (2 години и 7 месеци), Ален Личина (2 години и 3 месеци), Раиф Мифтари (2 години и 3 месеци), Ѓорѓе Велков (2 години), Оливера Софрониева (2 години и 5 месеци) и Шемседин Јашари (1 година и 7 месеци). За разлика од обвинетите Буки, сите други обвинети при првите рочишта ја признаа вината за извршено кривично дело „злоупотреба на службена должност". Судијката Оља Ристова, при изрекување на пресудите наведе дека со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, е нарушен интегритетот и безбедноста на државата. Според Обвинителството, тие во период од јуни 2017 година, па до крајот на 2020 година, правеле лажни исправи со намера да се употребат како вистински. Како застапник на обвинението во овој случај беше јавната обвинителка Спасенка Андонова. Воедно, по однос на прво степените пресудите обвинетите имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
МакедонијаФилипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 годинаПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, апелираше граѓаните да не наседнуваат на истиот трик кој Мицкоски го користеше во 2024 година и лажната реторика.„Апелирам граѓаните да не подлегнат повторно на неговиот трик, како пред две години. Да не подлегнат на овие националистички, популистички говори, полни со патриотизам, црвени линии, одбрана на браникот на идентитетот и така натаму, затоа што единствено нешто кон што оваа лажна реторика води е изолација и сиромаштија“, рече Филипче. Филипче потенцираше дека изолацијата значи застој за државата, а единствениот пат за подобра иднина на граѓаните е еврпскиот пат. „Единствениот пат е Европа. Апелирам сите да се приклучат кон фронтот за вистина и правда. Сите политички чинители, сите граѓански организации, интелектуалци, независни, разумни луѓе коишто знаат дека ова е лажен наратив и дека не води никаде. И дека се само една голема лага со цел да не се направи чекорот и да има реформи и правда тука, кај нас, и конечно да се интегрираме во Европа, таму каде што ни е местото“, рече Филипче. Филипче нагласи дека вистинскиот напредок доаѓа преку членство во ЕУ. „Кога ќе бидеме рамноправна земја членка во Европската Унија, можеме многу од посилна позиција политичка од ова сега да прашаме Бугарија зошто не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Е така се бори за нацијата. Не случајно кажувам дека нацијата е пред колапс, а идентитетот е загрозен, затоа што ако останеме изолирани сега, ако го пропуштиме овој воз, ако утре ни каже Европската Унија дека нема да влеземе во седумгодишното буџетирање следно, затоа што буџетите се планираат за следните седум години, ќе ни останат само хоризонт-програмите и прекугранична соработка, ние со тоа не може да преживееме. Политиките на несигурност и изолација не се решение. Ако Мицкоски не е сигурен во себе и во својот идентитет и бара заштита, нему не му е местото да води држава“, рече Филипче. Скопје, 18.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвион падна на автопат во Тексас- луѓе кршат прозорци за да ги спасат патниците (ВИДЕО)Приватен млазен авион се урна на автопат во Тексас, при што загина едно лице, а петмина патници се спасени.Околу десетина минувачи и служби за итни интервенции им помогнаа на патниците заробени во приватниот авион што се урна на автопат во Тексас. Пријавени технички проблеми пред несреќата Авионот летал од мексиканскиот град Лос Кабос до Остин, Тексас. Директорот на аеродромот во Ларедо, Гилберто Санчез, изјави за „Њујорк тајмс“ дека авионот пријавил сериозни механички проблеми. Авионот удрил во возило на автопатот за време на несреќата, потврди истражителот на полицијата во Ларедо, Хозе Баез, истакнувајќи дека не е јасно кој дел од авионот го удрил возилото. A NetJets Cessna 680 Citation Latitude crashes on a highway while making an emergency landing to Laredo International Airport, Texas. The crash was reported around 10 p.m. It was not immediately clear how many people were on board or their condition. Nobody on the highway was… pic.twitter.com/xNfM9b4iYO — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) June 17, 2026 Една жртва, пет преживеани Во авионот имало шест лица. Полицијата соопшти дека едно лице загинало, додека пет преживеани се однесени во болница и се во стабилна состојба. Идентитетот на починатиот сè уште не е објавен. Видеата објавени на социјалните медиуми покажаа густ чад и пламен што ги опфаќа остатоците. Баеза рече дека неколку служби за итни интервенции, исто така, побарале помош за вдишување чад. Несреќата се случила во близина на аеродромот во Ларедо, околу 150 милји југозападно од Сан Антонио. Несреќата го затвори автопатот Луп 20, а властите соопштија дека веројатно ќе остане затворен и следниот ден. ФБИ и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) истражуваат.Тагови: авион Тексас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Цезар салатаВо вторник (11.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Тони Наумов.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. пилешки стек 1 марула 200 гр. грчки јогурт 3 - 4 лажици сенф 2 парчиња леб 1 конзерва пченка 100 гр. кашкавал 100 гр. пармезан 1 лимон маслиново масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00