МакедонијаОбвинетите во „Геријатрија“ неиграат вина за примање поткуп за болнички приемОбвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата. Обвинителката Искра Хаџи Василева, во воведните зборови пред судот нагласи дека случајот е пример за длабоко вкоренета корупција во општеството. -Пропорциите и интензитетот на корупцијата се толку многу длабоки што нѐ потсетуваат дека ја засегаат секоја сфера од нашето живеење, рече таа, додавајќи дека станува збор за директно, грубо барање мито од страна на директорот – износ кој бил предмет на преговори, а на крајот бил прифатен како минимален за да се изврши службено дејствие што инаку морало да се изврши без надомест. Хаџи Василева посочи дека обвинетите дејствувале од лукративни причини, со цел лично богатење, искористувајќи ја ранливоста на пациентката и нејзината потреба за итна медицинска грижа. Таа истакна дека сведокот, кој е давател на доживотна издршка на пациентката, го пријавил случајот, а доказите кои ќе бидат презентирани пред судот јасно ги документираат коруптивните дејствија низ неколку сукцесивни настани. Одбраната на обвинетите најави дека во текот на кривичната постапка ќе презентира докази во вид на статут, процедури и законски одредби кои произлегуваат од институцијата што ја застапувал обвинетиот Мухсин Арифи. Преку нив, како што посочија, ќе бидат отворени неколку правни прашања со цел да се докаже дека Арифи, како и Амити, не можеле, односно немале намера да извршат какво било кривично дело. -Доказите кои ќе бидат изнесени и презентирани во понатамошниот тек од постапката, убедени сме дека ќе упатат на недоразбирање што настанало во овој т.н. кривично правен настан, соопшти одбраната. Судскиот процес го водат судиите Ленка Давиткова и Илија Трпков. Судењето продолжува на 16 септември, во 13 часот. Тагови: Геријатрија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Да живее слободно СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски, им оддаде почит на хероите што го дадоа најскапоценото за нашиот град да живее.- На 13 Ноември стоиме исправени пред историјата и длабоко се поклонуваме пред оние што ни ја подарија слободата. На луѓето чија храброст беше посилна од стравот, а љубовта кон татковината поголема од грижата за сопствениот живот. Пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје ја извојува својата слобода. По тешките борби, по страдањата и неизвесноста, нашиот град ја дочека победата над фашистичкиот окупатор. Секоја негова улица носи дел од тоа паметење. Секое име врежано на спомениците носи приказна за еден живот, една младост, еден сон прекинат за да можат да живеат соништата на генерациите по нив. Нивната жртва засекогаш е вградена во темелите на слободно Скопје. Наша должност е да ја чуваме од заборав и да ги учиме нашите деца колку скапо е платено правото да живеат слободно. Антифашистичката борба ни остави завет да стоиме исправени пред неправдата, да го браниме човечкото достоинство и да ја чуваме силата на заедништвото. Тоа е духот на Скопје. Градот што и во најтешките мигови знаел да се издигне, да подаде рака и да покаже дека солидарноста е посилна од секоја поделба – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека денес наша обврска е тој завет да се преточи во дела и да создаваме град на ред, чистота и сигурност. - Скопје во кое нашите деца ќе сакаат да останат, да создаваат и да ја градат својата иднина. Со таа мисла работам секој ден. Пред една година затекнавме закочени проекти и наталожени проблеми. Денес, промените се гледаат, големите проекти се движат кон завршницата, а со секој нов парк, мост и обновена улица градиме подобри услови за скопјани. Круна на мојот мандат ќе биде првата подземна сообраќајница, дело што ќе им служи и на генерациите по нас.Нашите ослободители го исполнија својот завет со храброст и со жртва. Нашиот мора да го исполниме со одговорност и со дела. Да бидеме достојни за слободата што ни ја оставија. Да изградиме Скопје достојно за генерациите што доаѓаат. Нека е вечна славата на ослободителите. Нека ни е честит 13 Ноември. Да живее слободно Скопје. Да живее Македонија – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испитПо барањето на Максим Димитриевски ќе има лидерска средба на владините партнери во декември, потврди премиерот Христијан Мицкоски..Тоа ќе биде прв пат на иста маса да седнат Мицкоски-Димитриевски-Касами и Меџити, повод е новиот закон за правосудниот испит, за кој во коалицијата имаат различни ставови дали треба тој да е на македонски, на албански или комбиниран. Премиерот и денеска повтори дека предлогот кој е испратен до Венецијанската комисија е тој на правда - теоретскиот дел да може да се полага на албански, турски или англиски, но практичниот дел исклучиво на македонски јазик. За заканите на Димитриевски дека во случај ова решение да биде усвоено е можно да ја напушти коалицијата не сакаше да коментира. „Владата се избира со мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Ние имаме мнозинство кое е многу повеќе од 61 пратеник, така што Владата е стабилна, односно најстабилна во овој дел на Европа, можеби и пошироко. Продолжуваме да го испорачуваме за граѓаните она коешто е важно, еве како овој објект и друг тип политики.“ Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Наспроти ставот на премиерот, лидерите на Вреди јавно тврдат дека и практичниот дел во иднина ќе се полага на албански, а претседателот на ЗНАМ бара тој да е целосно на македонски. Предлогот за кој треба да даде мислење Венецијанска комисија според него е хибриден и само би го искомлицирал правниот систем на државата.. -ЗНАМ, без разлика од позиција на власт или опозиција, за едно такво решение доколку дојде до парламентот, ќе се произвесеме негативно. А доколку не бидеме испочитувани како владин партнер, ќе го размислиме нашето практикување на власт. Верувам дека ќе дојде до лидерска средба во демекври, бидејќи тоа го побарав од премиерот. Ние до ден денеска немаме седнато на една иста маса со владините партнери, освен онаа општа лидерска средба во поширок формат... Јас не сакам да бидам информиран, јас сакам да бидам консултиран. Сакам да бидам составен дел и јас и ЗНАМ на решението,- Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ. Во вторникот Владата соопшти дека донела одлука да побара итно мислење од Венецијанска комисија, за независна меѓународна експертска оценка дали текстот е усогласен со Уставот, меѓународното право и европските стандарди. Венецијанската комисија уште во 2019 година даде мислење и за Законот за јазиците, но нивните забелешки никогаш не беа имплементирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЕвропаНад 70 отсто од Европејците поддржуваат формирање армија на Европската унијаОколу 71 отсто од граѓаните на Европа поддржуваат формирање армија на Европската унија, додека 78 проценти од испитаниците во земјите-членки на унијата сметаат дека треба да се зајакнат нејзините одбранбени капацитети во соработка со НАТО.Тоа покажуваат резултатите од спроведеното истражување на безбедносниот Тинк-Тенк Глобсек за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Најголема е во Романија, каде што идејата ја поддржуваат 82 отсто од испитаниците, потоа следуваат Литванија со 78 и во Франција со 75 отсто. Во Полска и Бугарија поддршката изнесува околу 70 отсто, додека во Германија е 69 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook