Обвинетите „Пулс“ не се произнесоа за вина – рочиштето е одложено за 2 декември - Канал 5

Обвинетите „Пулс“ не се произнесоа за вина – рочиштето е одложено за 2 декември

Обвинетите за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани денеска не се произнесоа за вина.

Обвинетите „Пулс“ не се произнесоа за вина – рочиштето е одложено за 2 декември

Иако тоа беше предвидено да се случи на денешното судско рочиште за случајот, нивните адвокати реагираа дека не го добиле интегрираното обвинение па затоа не може да се произнесат за вина, ниту пак да ги дадат воведните зборови. Дел од нив реагираа и дека станува збор за нов обвинителен акт, во кој има значајни измени, особено времето на сторување на кривичното дело, кое е изменето за дел од обвинетите.

-Во јавноста постојано се слуша дека одбраната сака да го одолговлекува предметот, но не е така. Обвинителството прави грешки и ја одолговлекува постапката. Големо прашање е дали е изменето обвинението или не, за тоа судот ќе се произнесе,- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат.

-Станува збор за тоа дали ќе се случи грубо прекршување на кривичната постапка зошто може да биде основ овој предмет да падне во жалбена постапка,- изјави – Петре Шилегов – Адвокат.

Јавниот обвинител Борче Јанев тврдеше дека се работи за технички исправки, а и судот одлучи дека не се работи за ново обвинение. Но судијката ги прифати приговорите на дел од адвокатите дека нивните клиенти кои не го добиле обвинението не може да се изјаснат за вина, па рочиштето продолжи само со изјаснување на оштетените и нивните полномошници.

Семејствата на жртвите и денеска побараа правда но и обвинение за сите инволвирани полициски службеници.

-Сакам да прашам кој му дозволи на монструмот да ги убие нашите деца? Кој му помогна во тоа злосторство? Ова не е убиство, ова е геноцид. Со нетрпение го очекуваме обвинителниот акт и од ОЈО ГОКК. Се надеваме дека сите полицајци ќе бидат опфатени од тој кобен 16-ти март, па хронолошки да се вратиме во 2012 година. Мора да има правда,- изјави – Јулија Златкова – Мајка на Томас Златков.

Семејствата на загинатите и адвокатите по завршувањето на рочиштето имаа и блиска средба надвор од судот..

Судот го одложи и утрешното рочиште, а следно е закажамо за 2 декември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Renault Niagara“ пристигнува како пикап поразличен од повеќето: Еве што нуди

Пристигна „Renault Niagara“: Спецификации, носивост и можности за теренско возење.

„Renault Niagara“ пристигнува како пикап поразличен од повеќето: Еве што нуди

„Renault“ официјално ја претстави новата „Niagara“, пикап наменет за пазарите во Бразил, Аргентина и Колумбија.

Производството ќе се одвива во фабриката Санта Изабел во Аргентина, а моделот е создаден со идеја за комбинирање на удобноста на теренец со робусноста на пикап.

Дизајнот е еден од неговите главни адути.

„Niagara“ е многу сличен на концептот со исто име што „Renault“ го претстави пред речиси три години, што не е вообичаено кога концептот влегува во сериско производство.

Бензински мотор и погон „4x4“

„Niagara“ се нуди исклучиво со 1,3-литарски турбо-бензински мотор. Во верзијата со погон на предните тркала, развива 156 КС, додека моделот со погон „4x4“ има 160 КС.

Вртежниот момент во двата случаи е 270 Nm.

Купувачите можат да изберат помеѓу шестстепенски мануелен и шестстепенски автоматски менувач со двојна спојка.

За подобро управување под оптоварување, „Renault“ разви специјално задно потпирање со специфични пружини и амортизери.

Товарниот простор има волумен од 938 литри и капацитет на товар до 654 килограми, а има и извлекувачки капак за ролна, осум куки за товар и штекер од 12 волти.

Максималната тежина на приколката е 710 килограми, така што „Niagara“ не е наменет за влечење особено тешки товари.

„4x4“ за возење надвор од патот

Растојанието од земјата на верзијата „4x4“ е 233 mm, додека моделот „4x2“ има 223 mm.

„4x4“ погонот, исто така, носи неколку режими на возење кои ја прилагодуваат распределбата на моќноста помеѓу оските за да се подобри прилепувањето на различни површини.

Кабина позната од другите модели на „Renault“

Внатрешноста е значително поконвенционална од надворешноста и се потпира на решенија познати од другите модели на „Renault“. Инструменталната табла има 10,2-инчен дигитален дисплеј, додека мултимедијалниот систем користи 10,1-инчен дисплеј.

Мултимедијалниот „OpenR“ доаѓа со интегрирани услуги на „Google“, вклучувајќи „Google Maps“, „Gemini“ и продавницата „Google Play“.

Безбедносните системи вклучуваат адаптивен темпомат со функција „Stop & Go“, помош при одржување на лента, автоматско сопирање во итни случаи и предупредување за мртва точка.

„Renault“ сè уште не ги објави цените или деталите за почетокот на продажбата на „Niagara“ на латиноамериканските пазари.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во Велес

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Велес.

Мицкоски: Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во Велес

„Добар ден и од мене, би сакал исто така да се придружам на ова што го кажа градоначалникот.

Со Марко за овој проект разговаравме се сеќавам уште кога беше во првиот мандат кандидат за градоначалник на општина Велес.

Еве денеска можеме и двајцата заедно со велешани да посведочиме дека голема работа е завршена, од ова што можеме да го видиме подготовката е направена. Моето искуство вели кога подготовката е добро направена, тоа значи 90% завршена работа.

Јас сум сигурен дека ако се оди според планот, а не гледам причина зашто така да не биде, дека таму некаде во првата половина на следната година, при крајот на првата половина ќе можеме да го пуштиме овој прекрасен објект во употреба, во функција да може да го користат велешани се разбира и да уживаат во новиот плоштад.

Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме проекти низ општините се разбира, очекуваме првиот и вториот повик конечно оваа година еве да речеме делумно и почетокот на следната година да биде завршен.

Преку ЗЕЛС општините имаат инструкција да подготвуваат проекти за следната година.

Цениме дека овие проекти донесат резултат, тоа впрочем се гледа и во економската активност на македонските компании.

И цениме дека тоа беше правилна одлука кога бевме избрани како Влада и веднаш започнавме со реализација на овој проект.

На крај да му честитам на градоначалникот за посветената, инспиративна работа којашто ја прави во општина Велес, да се заблагодарам на советниците во општина Велес коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата се разбира без кои ова ништо не може да се случи, тие се најважниот дел во подготовката на документацијата за ваков тип на проекти, на колегите во Владата, се разбира, на пратениците во парламентот од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес и се разбира да се заблагодарам на велешани за трпението и се надевам дека многу наскоро ќе уживаме сите заедно во овој проект.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите

Елитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини „нула денари“.

Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите

Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра. Толку е лотото за Мицкоски.

Околу 5 милиони евра од нераспределената добивка на Државната лотарија, а уште околу 40 милиони денари од приватни компании.

Влада сега ги крие документи, суми, договори, анекси, добавувачи...

Да било се чисто и законски немало да се крие.

Суштината е дека ова е обид да се прикрие трагите на парите.

5 милиони евра народни пари кога ќе се потрошат мора граѓаните да знаат секој денар, секое евро каде завршило.

Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски.

Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда.

Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен.

Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим.

И кога бил договорен и исплатен.

Затоа што јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, власта веќе го најавува настапот на Гета.

Граѓаните треба да знае кои фирми, домашни и странски профитирале, колкав бил хонорарот на организаторот и колкава заработка оствариле „Стардаст“, односно Авалон.

А Авалон е со блокирана сметка.

Дали е колкав данок е платен?

Скриени остануваат и компаниите што обезбедиле околу 40 милиони денари. Не се познати нивните имиња, поединечните износи и основата врз која биле уплатени средствата.

Нема јасна евиденција ниту за приближно 1,75 милиони денари од продадените билети – кој ги наплатил, на која сметка завршиле и како биле даночно и сметководствено евидентирани.

СДСМ бара веднаш да бидат објавени сите договори, анекси, фактури, банкарски исплати и даночни пресметки, како и целосната листа на приматели, изведувачи, добавувачи и приватни финансиери.

Ако владата не ги објави веднаш, мора да се отвори истрага.

Мора да се утврди каде завршил секој денар, кој заработил на грбот на народот и кој ги злоупотребил народните пари.

Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“.

Не може постојано да го лажете и да правите некакви споредби.

Едноставно е. Прославата за членството во НАТО, во 15 градови, чинеше 240.000 евра и објавени се сите детали и докименти.

А сега една прослава, неколку изведувачи, 5,5 милиони евра и се крие од народот.

Доста лажете!

Ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата.

YouTube video

Прес конфереција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер