Во Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замени
1Во Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замени
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
1Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
3Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
МакедонијаОбвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, започна доказната постапкаНа денешната главна расправа пред Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Сулејман Јамалари изјави дека не се чувствува виновен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.Сулејман Јамалари, поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“, е обвинет дека извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Инцидентот се случил на 11 јули 2025, кога Арсовска била на терен со овластени службени лица по пријава за бесправна градба. Според обвинителниот предлог, Јамалари пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал физички и вербално, при што ѝ нанел телесни повреди и изрекол сериозни закани. -Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки. Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со рака во пределот на лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува, образложи обвинителот Александар Давчевски. Како што дополни, обвинетиот и се заканувал со погрдни зборови упатени кон неа и нејзиното семејство. Одбраната потоа предложи изведување низа докази, меѓу кои потврда од МВР – Бит Пазар за настанот, сведоци меѓу кои и полициските службеници присутни на настанот, и Сељајдим Љачи, лице првично осомничено во истата постапка, како и испитување на вешти лица. -Предлагаме да биде изведен доказот потврда од МВР на РСМ Бит Пазар за настанот на 11.7.2025 за кој настан било приведено лицето Сулејман Јамалари, сега обвинет, кој што, исто така, се здобил со телесни повреди, но по наша информација имаме сознанија дека за обвинетиот во својство на оштетен е поведена прекршочна постапка за физички напади, а за сега оштетената е покрената постапка за кривично дело насилство, рече адвокатката Иванка Јакимовска. Адвокатката Јакимовска побара судот по службен пат да го обезбеди потребниот документ од МВР, за кој одбраната досега немала одговор. Исто така, побара материјалните докази поднесени од оштетената, меѓу кои фотографии и видеозаписи, да не бидат прифатени, сметајќи дека не се прибавени на законит начин. Судијка во постапката е Билјана Коцевска.Тагови: Данела Арсовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
ЗдравјеКлековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во ГостиварВо Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи. Во Здравствениот дом Гостивар се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош. -Во текот на вчерашниот ден вкупниот број пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Во споредба со 19.07.2026 година, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 183 прегледи. Истовремено, бројот на прегледи во здравствениот дом продолжува континуирано да опаѓа – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули, појаснува министерот за здравство, Сашо Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27Уапсена е директорката на ЈП„Комуналец“ од Гостивар и двајца нејзини соработници (ВИДЕО)13:52Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје за утврдување на причинителот за епидемијата во Гостивар 10:53
ЕвропаВо Украина се засилуваат повиците за смена на шефот на војската, Зеленски се сретна со негови можни замениУкраинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбранатаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната, што ги предизвика најголемите улични протести од почетокот на руската инвазија во 2022. И покрај воената состојба, илјадници луѓе излегоа на улиците во Киев и други градови неколку дена по ред за да протестираат против смената на министерот за одбрана Михајло Федоров и да побараат разрешување на шефот на војската олександр Сирски. Тој се соочува со критики од граѓанското општество, војниците и пратениците поради неговото командување и тактиките со голем број жртви. Зеленски се сретна со петмина генерали и еден полковник, кои политичките аналитичари ги сметаат за потенцијални замени за сирски, при што со секого одделно разговарал за ситуацијата на бојното поле.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР демантира дека жртвите биле бркани од „лажна полиција“Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите што се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на сообраќајната несреќа на патот ГП Блаце – Скопје во која загинаа три лица.Од МВР велат дека се неточни тврдењата дека возилото во кое се наоѓале жртвите било бркано од друго возило што лажно се претставувало како полиција, како и дека вакви случаи биле забележани и претходно. „Апелираме да не се шират непроверени информации и дезинформации. Ниту е евидентирана појава на таканаречена лажна полиција, ниту има пријави за такви случаи“, информираат од министерството. Од МВР додаваат дека истражните органи продолжуваат со работата и ќе ги утврдат сите околности и причините што довеле до трагичната сообраќајна несреќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter