МакедонијаОбвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот Саит Саитов што со автомобил усмрти жена во КапиштецГо земале од дома и заедно со неговиот татко го однеле до Србија. ОЈО поднесе обвинение против две лица, маж и жена, кои на 18 годишниот Саит Саитов му помогнале да избега од државата, само неколку часа откако ја предизвика сообраќајната несреќа во Капиштец, во која животот го загуби 79 годишната Љуба Јаковлевска. Мажот и жената се товарат за кривично дело „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, со што според Кривичниот законик им се заканува казна затвор до 5 години. -Обвинетите, на 9 јануари, заедно со умисла му помогнале да побегне на лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена во сообраќајна незгода. Со автомобил “Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, мажот и жената дошле до домот на осомничениот веднаш по сообраќајната несреќа, го зеле заедно со неговиот татко и преку граничниот премин Табановце ги пренеле во Република Србија. Таму ги оставиле, по што помагачите се вратиле во земјава околу полноќ. – соопштија од обвинителството, од каде поднеле и предлог за продолжување на претходно определените мерки притвор. Главниот осомничен, Саит Саитов, сè уште е недостапен за органите на прогонот. По него е распишана меѓународна потерница поради сомнение за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување помош на повредено лице. Во меѓувреме истрагата продолжува, со цел да се утврди евентуална одговорност и кај други лица. Објави на социјалните мрежи од самииот Саитов, кои сега се веќе избришани, покажаа дека тој бил „темпирана бомба“ во сообраќајот подолг период. Позади воланот на „пасатот“ бил уште на 13 години, а се снимал и како вози со 200 км на час на 16 години. Добил и казна во 2022 година, поради возење без возачка дозвола, за што прекршочна казна заработил и неговиот татко Берти Саитов, кој исто така е во бегство заедно со синот. Тагови: обвинителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Салма Хајек има 60 години, а ова се тајните на нејзиниот изгледСалма Хајек го прослави својот 60-ти роденден, но и понатаму привлекува големо внимание со својот изглед и енергија.Салма Хајек го прослави својот 60-ти роденден, но и понатаму привлекува големо внимание со својот изглед и енергија. Таа стекна холивудска слава во деведесеттите години на минатиот век со улогите во филмовите „Догма“ и „Од самрак до зори“, а минатата година се појави на насловната страница на специјалното издание на „Спортс илустрејтид“ посветено на костими за капење. Актерката со години отворено зборува за тоа како се грижи за себе, што јаде и на кој начин е активна. Притоа, истакнува дека не сака строги диети или напорни тренинзи, туку повеќе се потпира на рутини што може да ги вклопи во секојдневниот живот. Не користи ботокс или филери Хајек тврди дека не користи ботокс или филери и дека избегнува инвазивни козметички процедури. Сепак, таа призна дека користи модерни третмани како што се радиофреквенција и микроструја, за кои вели дека ѝ помагаат на кожата да остане цврста и да ги намали брчките. Меѓу нејзините омилени состојки за нега на кожата, таа особено го истакнува Tepezcohuite, екстракт од кора од дрво што традиционално се користи во Мексико за изгореници. Таа тврди дека е исклучително добар во регенерирањето на кожата. Не сака напорни тренинзи Салма постојано признава дека не сака да станува рано и напорно да вежба. „Немам време за вежбање, работам. Порано работев и по 20 часа дневно“, изјави таа своевремено за People. Наместо класичен тренинг, таа посветува големо внимание на држењето на телото. Еднаш таа раскажа дека во Лондон работи со жена која ја научила како да ги активира мускулите за време на секојдневните активности. „Дури и додека ги миете забите, вашите мускули можат да бидат активни“, објасни таа. Важен дел од нејзината рутина е реставративната јога, која е повеќе базирана на контрола на движењето, правилно држење на телото и релаксација отколку на напорни вежби. „Таа ме научи како да ги тонирам мускулите без да ги напнувам. Да ги релаксирам и да се фокусирам на деловите од телото што сакам да ги активирам, но без напнатост. Кога сте свесни за своето тело, ќе бидете изненадени колку тоа може да помогне“, рече таа. Таа повремено користи и лента за трчање, но признава дека претпочита да танцува на неа отколку да трча. Масажите исто така играат голема улога во нејзината рутина. „Имам масерка, но таа живее во Јапонија“, изјави таа порано. „Доаѓа во Лондон повремено, но кога ќе дојде, таа е моето тајно оружје. Масажата ја стимулира циркулацијата, помага во снабдувањето на ткивата со кислород и ги одржува мускулите здрави. Исто така, многу значи за лицето, особено поради лимфната дренажа.“ Не сака да држи диети или да следи строги правила Кога станува збор за исхраната, Хајек вели дека не сака да се ограничува. „Не сакам да држам диети и не сум добра во тоа“, признава таа. Денот често го започнува со појадок кој е комбинација на овошје, зеленчук и јогурт. Нејзиното смути содржи папаја, боровинки, манго, јагоди, семки од калинка, целер, црвена пиперка, краставица и путер од бадеми и кокос. Таа признава дека комбинацијата можеби не звучи привлечно, но тврди дека е многу вкусна. За „Харперс Базар“ Хајек изјави дека во Мексико јадат штурци, јајца од мравки и црви, и дека и таа сака да ги јаде. „Ќе ги испржите. Сè што е пржено има добар кус, но овие навистина се вкусни. Инсектите се неверојатни“, изјави таа. Кога ќе почувствува дека сака да ги промени своите навики во исхраната, повремено пие сокови. Хајек исто така е ко-основач на брендот Cooler Cleanse, кој нуди програми за исхрана базирана на сокови. Таа објаснува дека кога е под стрес, често посегнува по храна и дека таквата пауза ѝ помага да го врати фокусот на поздравите навики. „За мене, тоа е како медитација. Ме тера да застанам, да се фокусирам и да размислам што внесувам во моето тело. Го доживувам како еден вид ресетирање“, изјави таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМајка се задавила и починала среде ручек- нејзините мали деца трчале да бараат помош, но попусто Ванина Соледад Соса имала 30 години и била мајка на две деца, на возраст од 11 и 6 години. Починала во неделата во градот Сумампа, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, откако се задавила со храна за време на семеен ручек. Нејзините деца истрчале од куќата за да побараат помош. Инцидентот се случил околу 13:30 часот, во куќата каде што живеела Соса. Во тоа време, жената била со нејзината мајка и нејзините две деца кога храната ѝ ги блокирала дишните патишта. Ситуацијата предизвикала очајна потрага по помош, објавува TN.com. Двете деца ја напуштиле куќата за да побараат помош. Сосед го слушнал нивниот повик, влегол во куќата и ја пронашол Соса во сериозна состојба. Поради итноста на ситуацијата, тој решил да ја однесе во болницата во Сумампа со својот автомобил. Жената пристигнала во здравствената установа во критична состојба. Лекарите се обиделе да ги ослободат нејзините дишни патишта и извршиле кардиопулмонална реанимација. Сепак, не можеле да ја спасат и нејзината смрт била потврдена неколку минути подоцна. Која била Ванина Соледад Соса? Соса живеела во Сумампа, град кој се наоѓа во департманот Кебрахос, на југот од покраината Сантијаго дел Естеро. Таа имала 30 години и била мајка на две деца, кои биле со неа во времето на инцидентот. Не се објавени други информации за нејзината работа или приватен живот. Смртта на жената предизвикала возбуда кај жителите на градот. По инцидентот, интервенирале членови на Комесаријатот бр. 33 во Сумампа. Полицајците разговарале со членовите на семејството за да утврдат како се случила смртта. Првично, случајот бил третиран како природна смрт. Властите чекале соодветно медицинско уверение за да ја завршат постапката. Уште една смрт од задушување во Сантијаго дел Естеро Смртта на Соса доаѓа само неколку недели по уште една смрт од задушување во покраината. Во тој случај, тригодишно момче починало откако ставило мал пластичен дел кој бил дел од ѓердан во устата. Момчето почнало да има тешкотии со дишењето и било итно однесено во болница. ЦПР била спроведена за време на транспортот, кој потоа бил продолжен во Интегрираниот здравствен центар во Ла Банда. И покрај напорите на лекарите, момчето починало. Овој случај е исто така под истрага на локалните власти.Тагови: мајка ручек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУапсен е сериски убиец во Бразил- се обидел да избега како жена (ВИДЕО)Полицијата во североисточен Бразил уапси маж за кого се сомнева дека извршил најмалку 16 убиства во последните три месеци. Јорлан Лопес да Силва (33) беше уапсен во градот Мулунгу додека беше маскиран како жена и носеше двегодишно дете кое не беше негово. Истражителите проверуваат дали е одговорен и за десетици други кривични дела, пишуваат бразилските медиуми. Според извештаите на медиумите, апсењето се случило во недела, 13 септември, со што завршила 48-часовна потрага. Лопес да Силва се обидел да ја измами полицијата носејќи фустан, перика, женски сандали и очила за сонце. Тој имал и налакирани нокти, а со себе носел и двегодишно дете за да го скрие својот идентитет. Сепак, полицијата го препознала кога дел од неговата облека се поместил и открил тетоважа. Детето добило медицинска помош по апсењето и не било физички повредено. ALERT: Potential most prolific serial killer in Brazil's history found by police disguised as a woman wearing a dress and holding a seemingly random 2-year-old. Police found Jorlan Alves da Silva, 33, in a striped dress and a loosely fitting black wig in northeastern Brazil. Silva is a suspected hitman and serial killer for an organized crime group who has carried out at least 15 murders in the past 3 months. Silva admitted to killing 80 people during his lifetime, with the first one occurring when he was just 13 years old. If confirmed, Silva would be the most prolific serial killer in Brazilian history, topping Pedro Rodrigues Filho, known as "Brazilian Dexter," who had 71 confirmed murders. — E X X ➠A L E R T S (@ExxAlerts) September 16, 2026 Наводно признание за серија убиства Истражителите во моментов го поврзуваат Лопес да Силва со 16 убиства извршени од крајот на мај. Сепак, тој наводно им кажал на полицајците дека убил вкупно 80 луѓе во период од две децении. Наводно признал дека првото убиство го извршил на 13-годишна возраст и дека поминал пет до шест години во затвор за разни други кривични дела пред да биде ослободен на крајот на мај оваа година, изјави инспекторот Даглас Гарсија од Цивилната полиција. Еден од случаите што се истражува е двојното убиство на двајца претприемачи на 1 август во Рио Тинто, според полицијата. Јорлан ја насочил полицијата точно кон местото каде што е погребано едно од телата, изјави инспекторот Гарсија. Серискиот убиец бил уапсен по 48-часовна операција. Неговото тврдење дека извршил 80 убиства сè уште се проверува. Доколку се докаже дека е точно, Јорлан би бил најсмртоносниот сериски убиец во бразилската историја, пред Педро Родригес Фиљо, познат како „бразилскиот Декстер“, кој беше осуден за 71 убиство, но тврдеше дека убил повеќе од 100 луѓе.Тагови: Бразил сериски убиец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook