3Казнет е возачот, кој од автомобил накитен со албански знамиња глумеше полицаец среде Скопје (ВИДЕО)
ЗабаваОбука на археолози за подводни истражувања Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) го организира курсот „Европско научно нуркање“ на Охридското Езеро во рамки на кој ќе се врши обука на археолози од повеќе европски земји преку изучување напредни подводни техники и методи на археолошко истражување.На крајот од курсот предводен од германски инструктори, учесниците ќе бидат тестирани од Комисијата за европско подводно истражување со што ќе ја стекнат најпрестижната лиценца во оваа научна сфера. Во рамки на обуката ќе се изврши и мало истражување на наколната населба во Заливот на Коските на Охридското Езеро, ќе се утврдат нејзините архитектонски обележја и ќе се селектираат примероци за дендрохронолошки анализи. Курсот ќе биде проследен и со неколку предавања поврзани со предисторијата во Македонија, така што странските учесници би се запознале и со македонското културно наследство. - Организацијата на ваков настан е престиж за секоја институција што има за цел да ги следи најсовремените пристапи во науката и да ги имплементира во тековните и идните истражувања. Воедно претставува голема чест и одоговорност. Веруваме дека реализирањето ваква врвна обука ќе придонесе за создавање нови генерации на археолози што ќе ги применуваат најсовремените методи и техники, наведува ЦИП. Покрај Центарот за истражување на предисторијата, во реализација на курсот учествуваат и Завод и музеј - Охрид, Капетанијата на пристаништата - Охрид и нуркачкиот клуб „Амфора“./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животиПод слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Дваесет и пет години можат да се раскажат низ датуми, бројки и настани. Но вистинската приказна на СОС Детско село се раскажува низ животите што се промениле, децата кои добиле сигурност тогаш кога им била најпотребна, семејствата кои добиле поддршка да останат заедно и младите луѓе кои денес самостојно ја градат својата иднина. Во изминатите 25 години, СОС Детско село промени повеќе од 6.090 животи. Зад таа бројка не стои само статистика, туку илјадници лични приказни, различни почетоци, предизвици, успеси и нови можности. „Домот не е само куќа ниту покрив над главата, туку место во кое ги учиме лекциите за блискост, припадност и доверба. За многу деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село“, - порача претседателката Сиљановска- Давкова, честитајќи го јубилејот и нагласувајќи дека вложувањето во децата е вложување во нивната, но и во нашата заедничка иднина. Денес СОС Детско село работи на превенција и зајакнување на семејствата, советување и поддршка на родители и деца, поддршка и развој на згрижувачките семејства, како и подготовка и поддршка на младите на патот кон самостоен живот. Во основата на сите овие услуги е една иста цел секое дете да расте во сигурна и поддржувачка средина и да добие вистинска можност да го развие својот потенцијал. „Кога велиме дека низ овие 25 години сме поддржале повеќе од 6.090 животи, зборуваме за илјадници надежи, предизвици, успеси и нови почетоци. Зад секоја од тие бројки има нечие име, нечие детство, нечија борба и нечија шанса животот да тргне во поинаква насока. Тоа е вистинското значење на овие 25 години и тоа е нашиот најголем успех“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село. Јубилејот беше и благодарност до сите оние кои низ годините ја граделе и поддржувале мисијата на СОС Детско село, згрижувачите и стручните тимови, институциите, компаниите, донаторите, партнерите, здруженијата, медиумите и пријателите на организацијата. Јубилејната вечер ги стави во фокус и луѓето зад мисијата. Преку лични приказни, музика и сценски изведби, програмата покажа што значи поддршката кога ќе стигне во вистинскиот момент. По 25 години, СОС Детско село со гордост гледа на изминатиот пат, но уште повеќе гледа напред, кон општество во кое секое дете ќе има сигурност, љубов, поддршка, чувство дека припаѓа и вистинска можност да верува во себе. Затоа што понекогаш е доволен еден човек да направи разлика. А кога цела заедница ќе одлучи да биде тука - МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ.Тагови: СОС Детско село Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
СветПретреси во просториите на најголемите производители на пиво во ЈапонијаЈапонските власти извршија претреси во просториите на најголемите производители на пиво во земјата поради сомневања дека заеднички делувале на зголемување на цените на производите.Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени и просториите на пиварниците Сапоро и Сантори Спиритс. Двете компании се замолени за коментар. Акциите на Асахи, Кирин и Сапоро паднаа по објавувањето на истрагата. Сепак, Сантори не е јавно тргувана компанија, па затоа нејзините акции не се котирани на берзата. Според Јапан Тајмс, истрагата се фокусира на зголемувањето на цените спроведено од компаниите во април минатата година и октомври 2022 година. Сите четири компании објавија зголемување на цените, наведувајќи ги зголемените трошоци за суровини и други фактори како што се трошоците за енергија и транспорт. Реакции од Кирин Холдингс и Асахи Кирин Холдингс изјави дека нејзината подружница, Пиварницата Кирин, била претресена „поради сомнение за кршење на Законот за забрана на приватна монополизација и одржување на фер трговија“. Компанијата изјави дека го сфаќа прашањето многу сериозно и целосно ќе соработува со Јапонската комисија за фер трговија, исполнувајќи ги сите барања за соработка. Кирин Холдингс порача: „Влијанието на ова прашање врз финансиските резултати на компанијата сè уште не е утврдено. Компанијата ќе открие какви било значајни информации во врска со понатамошниот развој без одлагање“. Пиварниците Асахи соопшти: „Ние сме под истрага од страна на Јапонската комисија за фер трговија поради сомнение за кршење на Законот за забрана на приватна монополизација и одржување на фер трговија. Целосно ќе соработуваме со Комисијата“. Извор: Индекс.хрТагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
Црна хроникаКазнет е возачот, кој од автомобил накитен со албански знамиња глумеше полицаец среде Скопје (ВИДЕО)Санкциониран возачот кој со возило го попречуваше сообраќајот во центарот на Скопје, соопшти МВР. Во врска со видеото споделено во дел од социјалните медиуми на кое се гледа како едно патничко возило на 05.10.2026 го попречува движењето на други возила во централното градско подрачје во Скопје на крстосница од ул.11-ти октомври, ул.Даме Груев и ул.Филип Втори Македонски, денеска (07.10.2026) во СВР Скопје е повикан Н.В. сопственик на патничко возило "голф" со скопски регистарски ознаки. Од страна на СВР Скопје кон Н.В. преземени се мерки по член 3 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook