3ЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените
РакометОбрван: Заслуживме барем бодСелекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван на прес-конференцијата по синоќешниот дуел со Полска во рамките на 2.коло на Европското првенство рече дека неговите избраници според прикажаното не требаше да бидат поразени.- Честитки за моите играчи и за начинот на играта. Ова беше тврд натпревар во текот на целиот тек. Игравме силно пред 15.000 гледачи. Сметам дека за нашата игра заслуживме барем бод. Малку сме паднати психички, но ќе се подготвиме за најважниот натпревар што ни следи со Србија. Голман Борко Ристовски кој имаше 11 одбрани очекува први бодови на последниот дуел од првата групна фаза. - Прекрасно беше да се игра пред полни трибини. Тоа за мене беше одлична мотивација. Сега треба психолошки да се вратиме. Се надевам дека ќе играме подобро и дека ќе имаме шанса за победа против Србија. Полскиот селектор Михаел Биглер им се заблагодари на навивачите за поддршката. - Одигравме тежок натпревар сите 60 минути и изборивме пласман во следната рунда. Би им се заблагодарил на фантастичните навивачи. Тие ни помогнаа. Во првиот дел имавме проблеми во одбраната. Мора да играме со многу повеќе концентрација. Македонија синоќа загуби од домаќинот Полска со 24:23, а за пласман во следната рунда ќе и треба барем нерешен резултат утре со Србија. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ – ново поглавје на меѓународната соработкаНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ фестивалот од Романија потпишаа Меморандум за соработка, кој претставува уште еден значаен чекор во меѓународното поврзување и афирмирање на Битолскиот театар.Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу, со што се отвораат нови можности за размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи. Оваа соработка е уште едно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и уметничкиот потенцијал на Народниот театар Битола, но и потврда дека нашиот театар одамна ги надминал локалните и националните рамки. Големината на еден театар не се мери само според неговата историја и традиција, туку и според неговата способност да создава нови вредности, да воспоставува партнерства и да биде препознаен и почитуван на меѓународната театарска мапа. НУ Народен театар Битола продолжува да гради мостови, да отвора нови хоризонти и да ја афирмира Битола како град на театарот и културата. Народен театар Битола – со корени во традицијата, со поглед кон светот!Тагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за женитеОва не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми.Народот вели „ни срам, ни перде“, а токму така денес изгледа ВМРО-ДПМНЕ кога по трагичните убиства не само на Ајнет во Битола и Билјана Кириќ во Богданци, туку на Рамајана, Танкица, Ивана и нејзината ќерка, и многу други, излегува со соопштенија и зборува за превенција и заштита на жените. Со кој морал, со кој образ и со кое чувство на политичка надмоќ раководството на ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партнер на младите и жените во спречувањето на насилството, кога во Собранието двапати – не еднаш, туку двапати – го одби предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за следење на насилниците? „До кога ќе ги слушаме жените како молат да не бидат убиени а добрите предлог-закони ќе бидат во фиока? Доста со тоа „решете си го проблемот дома“, токму зад тие четири ѕида жени секојдневно живеат во страв, трпат насилство, молат за помош, а некои никогаш не излегуваат живи! Ова е насилството што го нормализиравме во Македонија“, вели претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Ова не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми. Наместо да пишуваат празни соопштенија и да се кријат зад половични решенија кои со месеци ги држат заглавени во собраниските фиоки уште од летото, власта имаше конкретен, сеопфатен предлог доставен од ЛДП – закон кој прецизно уредува не само воведување на електронската нараквица, туку и начинот на нејзина употреба, случаите во кои е задолжителна и итните мерки за заштита на жртвите. Да имаше ЛДП самостојно мнозинство во Собранието, овој систем одамна ќе беше функционален и ќе спасеше човечки животи, но во вакви услови неопходна е парламентарна поддршка. Затоа порачуваме: имате мнозинство во Собранието, веднаш прифатете го и изгласајте го предлогот на ЛДП! Престанете да испраќате лицемерни соопштенија додека институциите и јавноста секојдневно се соочуваат со сѐ повеќе пријави за насилство кое завршува трагично. Секое ваше ново оправдување без конкретни дела само го зголемува гневот кај граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook