Обрван: За Полска ќе патуваат 16 ракометари - Канал 5

Обрван: За Полска ќе патуваат 16 ракометари

Ракометната репрезентација на Македонија денеска со утринскиот тренинг ги продолжи подготовките за Европското првенство во Полска. Од денеска со репрезентацијата е и селекторот Ивица Обрван, како и капитенот Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски.

Обрван: За Полска ќе патуваат 16 ракометари
За попладне се очекува приклучување и на Филип Миркуловски, а утре е најавено доаѓање на Ацо Јоновски. Поради приватни обврски претпладневниот тренинг го „прескокна“ Наумче Мојсовски.

- Сега во комплетен состав ќе продолжиме да работиме, како што се работеше и изминативе четири дена. Ритамот ќе биде ист на физички и тактички план со тоа што на попладневните тренинзи ќе се работи и на воигрување напад и одбрана. Можам да кажам дека жалам за гестот на Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски, но јас ја подржувам одлуката на мојот помошник Данило Брестовац да бидат „одалечени“ од репрезентацијата. Барем засега нема да има друго „кратење“ на спискот, а најверојатно со оваа бројка ќе работиме до Нова година, кога играчите ќе имаат слободни денови. На шампионатот во Полска ќе патуваат 16 ракометари, а потенцијалните резерви ќе останат во Скопје и ако има потреба ќе бидат повикани, изјави селекторот Обрван.

За ривалите во групата хрватскиот стручњак вели дека се многу силни.

- Сите знаете дека сме во тешка група (Франција, Полска и Србија), но на секој натпревар ќе даваме максимум за да оствариме позитивен резултат и да се пласираме во вториот круг.

Репрезентацијата ќе тренира до 30 декември, а потоа ќе следуваат два дена пауза. Новиот собир ќе биде на 2 јануари. Следниот ден се патува за Словенија, каде на 4 и на 5 јануари се играат два натпревара. Враќањето е планирано на 6 јануари. По два слободни дена новиот собир ќе биде на 8 јануари, а два контролни натпревара Македонија како домаќин на 10 и 11 јануари ќе одигра со Црна Гора.

За Краков, Полска планирано е да се патува на 13 јануари. Првиот натпревар на шампионатот Македонија го игра на 15 јануари против Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба на астровотографии: Небесно платно

Изложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. 

Изложба на астровотографии: Небесно платно

Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини.

Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо.

Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч.

Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски.

Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Турските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. 

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер