Обрван: Видов позитивно издание на Филип Талески - Канал 5

Обрван: Видов позитивно издание на Филип Талески

Македонската ракометна репрезентација вчера во првиот натпревар на „ХЕП Кроација куп“ во Умаг загуби од домаќинот Хрватска со 29:21.

Обрван: Видов позитивно издание на Филип Талески
По дуелот селекторот на Македонија Ивица Обрван изјави дека играле добро во одреден период од дуелот и оти била дадена шанса и на помладите.

- Ништо неочекувано според тоа со кој состав настапивме. Игравме добро во одреден период од дуелот, но направивме неколку замени и ги сменивме играчите како Кирил Лазаров и Прибак, со цел да не ги „трошиме“ многу сметајќи и на нивните клубови, така што им дадовме шанса и на помладите. Жалам што разликата беше четири голови за противникот, а заврши осум. Тоа е таков момент кога се расипува впечатокот за натпреварот бидејќи „отиде“ до највисоката граница. Мило ми е дека видов едно позитивно издание од Филип Талески. Нас не очекува голема работа до Европското првенство во Полска. Имаме играчи кои не играат и кои не се во форма. И на денешниот дуел со Црна Гора ќе биде иста распределба на силите. Сакаме победа, но младите ќе добијат шанса да играат, рече Обрван.

Капитенот Кирил Лазаров со пет голови беше втор стрелец во нашиот состав зад Жарко Пешевски, кој постигна шест.

- Контролните натпревари служат да видиме до каде сме. Ние сме тука некомплетни. Стручниот штаб виде што може да планира за во иднина. Очекувам сличен настап и на денешниот дуел со Црна Гора, додаде Обрван.

Македонија денеска на турнирот во Умаг од 19 часот го игра вториот натпревар против селекцијата на Црна Гора.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска  ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.

Мицкоски  учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора

Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија.

На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. 

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.

Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

РСБСП укажува:

Почитувајте ги ограничувањата на брзината.

Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци.

Не користете мобилен телефон додека возите.

Користете сигурносен појас на секое патување.

Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште.

Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри.

Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување.

Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се.

Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома.

Вози одговорно. Секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. 

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

7 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, Крушево, Берово, Крива Паланка, 11 Прилеп, 12 Охрид, Претор, Тетово, Виница, Кавадарци, 13 Битола, Струмица, 14 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 15 Штип, Велес, 16 Демир Капија, Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

17 Лазарополе, 14 Попова Шапка, Маврови Анови, Тетово, 9 Охрид, 8 Претор, 5 Крушево, 3 Битола, Скопје-Петровец, 2 Велес, Куманово, Крива Паланка, 1 Штип, Прилеп, Виница, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини има утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер