Обрван: Со Вугринец и Прибак полесно до пласман во втората фаза од ЕП - Канал 5

Обрван: Со Вугринец и Прибак полесно до пласман во втората фаза од ЕП

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван на денешната прес-конференција даде објаснување за повикувањето на Ренато Вугринец и Немања Прибак во составот на Македонија за претстојното Европско првенство што во јануари ќе се одржи во Данска.

Обрван: Со Вугринец и Прибак полесно до пласман во втората фаза од ЕП
- Моја главна идеја беше да им помогнеме на носителите на играта (Кирил Лазаров, Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски) на „надворешната позиција“. Изборот падна врз Прибак и Вугринец бидејќи ги задоволуваат критериумите, тие ќе ни ја дадат потребната ширина во текот на натпреварите. Останува и натаму главна цел пласманот во втората фаза на Европското, со тоа што ќе напоменам дека групата воопшто не е лесна – Данска, Чешка и Австрија. Имаме тешка група и не чека многу работа. Овие играчи треба да го пополнат „ростерот“, изјави селекторот Обрван.

На списокот испратен во ЕХФ (Европска ракометна федерација) се наоѓаат 28 играчи, а на првиот собир на 21. декември ќе бидат повикани 20, кои ќе одат и на подготовките во Пореч (22-30 декември). Во тој период Македонија ќе одигра и натпревар со Словенија на 28 декември.

По Нова година репрезентацијата ќе има собир на 1 јануари, а од 3-5 јануари во Скопје ќе се одржи турнир и покрај Македонија ќе играат уште Црна Гора и Србија.

За конечниот статус на Вугринец и на Прибак и нивниот настап се очекува дозвола и од ЕХФ. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер