Обрван се соочува со проблеми - Канал 5

Обрван се соочува со проблеми

Македонската ракометтна репрезентација ги стартуваше подготовките за последните два натпревара од квалификациите за Европското првенство 2014 година во Данска.

Обрван се соочува со проблеми
Селекторот Ивица Обрван, како што јавува МИА, постојано е во проблеми околу составот. Ако од порано знаеше дека нема да може да смета на повредните Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Петар Ангелов, денеска претпладне откажа Радослав Стојановиќ, а неизвесни поради повредите се играчите на Металург, Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски.

- Имав разговор со Стојановиќ на кој се договоривме да ги одработи подготовките овие 6-7 дена, но тој претпладнево ме информираше дека психички не е најдобро подготвен и откажа во последен момент. Состојбата и со Филип Миркуловски е влошена со повредата што ја има речиси цела сезона и не се знае дали ќе игра на двата натпревара. Наумче Мојсовски 20 дена не тренираше и видовте колку играше и на дербито со Вардар Про. Нови играчи нема да повикаме. Ќе ја следиме ситуацијата, оние кои победија во дербито ќе треба да смират еуфоријата, а другите да го заборават поразот. После ќе се фокусираме на натпреварите што не очекуваат, изјави селекторот Обрван.

Репрезентацијата ќе тренира во Скопје во салата „Кале“, а на 11.јуни заминува за Швајцарија каде се игра првиот натпревар.

За првиот ривал Обрван изјави дека Швајцарија е добар тим, кој ќе настапи во најсилниот состав. - Ќе одат на победа за да го подобрат пласманот за следните квалификации, рече тој.

Последен на селекцијата треба да и приклучи голманот Борко Ристовски, кој има обврски во сабота со својот клуб Гумерсбах во Бундес лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алцхајмеровата болест во пораст - се појавува и кај помлади

Кај најмалку 24 илјади пациенти има Алцхајмерова болест, но нема само еден човек има целото семејство, тоа е живот каде еден член ги губи сеќавањата дека е член на тоа семејство.

Алцхајмеровата болест во пораст - се појавува и кај помлади

Во светски рамки, но и во Македонија се во пораст деменциите но и луѓе со симпотми на деменција доѓаат во своите педести години за први симптоми, објаснува доктор Габириела Новотни од клиниката за неврологија.

Во Македонија конкретно се очекува овој процент се очекува да се зголеми за 166 проценти што значи ние сега треба да размилсуваме за идните две децении да имаме добар систем кој што ќе ги прифати новите идни пациенти со современи биомаркери“..

Она што е важно е целата грижа да не биде на товар на членови од семејства. Многу често овие лица се оставени и сами, и гледаме дека се бараат на социјалните медиуми како исчезанти, вели доктрка Новотни. Често не само еден член и другите членови во немоќ имаат депресија и здравствени проблеми. Од работни обврски, обврски кон други членови, а треба да се грижат и за лице кое не може само.

Денешното мото е „Она што останува е љубов, емоција, емпатија“, и здружението и инстиутот за Алцхајмерова болест и неворнаука ќе имаат настан за подигнување на свеста во 18.30 во нардоната канцеларија на претседателот на Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западнонилска треска: Тројца на интензивна нега, нема нови хоспитализации

Четири дена по ред почнувајќи од 19-ти септември нема нови нови хоспитализации поради западнонилска треска.

Западнонилска треска: Тројца на интензивна нега, нема нови хоспитализации

Сепак кај дел од пациентите кои се лекуваат на Инфективната клиника, здравствената состојба и натаму е сериозна.Тројца се на интензивна нега, а двајца од нив се на поддршка.

Министерот Сашо Клековски, вели дека особено неизвесна останува состојбата на еден од пациентите, кој подолг период е во критична состојба и има потреба од поддршка.

Клековски вели дека без разлика дали е прогласена епидемија, мерките на претпазливост остануваат исти – се врши дезинсекција околу местата каде што живеат заболените, а во Скопје е завршено и последното планирано прскање.

Тој посочува дека има општини, особено во Повардарјето, каде што воопшто не се прска и каде е потребна поголема претпазливост иако засега нема регистрирани случаи, Наспроти тоа, заболени има и во општини кои се меѓу оние што најчесто спроведуваат дезинсекција.

За општините кои не постапуваат по обврските и препораките утврдени од центрите за јавно здравје, Клековски смета дека треба да има и казнени мерки.

Според Клековски, потребно е да се анализира и искуството на Грција, каде што значителен дел од случаите се регистрираат во продолжението на Повардарието, и да се утврди кои мерки таму даваат поинакви резултати.

На подолг рок, смета дека треба да се менува и начинот на справување со комарците – во разумен период од три до пет години да се напушти авионското прскање и целосно да се премине на дезинсекција од земја.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставен не поведе постапка по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“ за Изборниот законик

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативите на Левица и Демократи за распределбата на средствата и медиумскиот простор за политичко рекламирање во изборните кампањи. 

Уставен не поведе постапка по иницијативите на „Левица“ и „Демократи“ за Изборниот законик

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, појасни дека се работело за прашање за кое Уставниот суд веќе имал одлучувано пред неколку години.

-Не поведовме постапка. Со мнозинство гласови беше донесена одлуката. На мое жалење мнозинството судии остана конзистентно на својот став дека станува збор за „пресудена работа“, бидејќи овие одредби од изборниот законик пред неколку години беа оценувани и тогаш судот не поведе постапка. Јас и некои судии имавме поинакво мислење но одлуките на Уставниот суд ги прават мнозинството судии,- изјави – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд.

Партиите оспорија 4 одредби од Изборниот законик со кои сметаат дека не се обезбедува еднаков третман, бидејќи двете најголеми партии од власта и опозицијата добиваат најголем дел од времето за политичко рекламирање, на сметка на помалите партии. Уставните судии за двете иницијативи расправаа во јули но тогаш немаше доволно мнозинство за да се донесе одлука. Костадиновски вели дека неговиот став и пред три години и сега е ист.

-По мое длабоко убедување оваа законска одредба не создава фер и еднакви услови за сите субјекти. изјави – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд.

Прашањето за фианснирањето на кампањите се очекуваше да биде опфатно и со нвоиот Изборен законик, но неговото доенсување пропадна откако партиите не супее да постигнат консензус... Сега Министерот за правда Јетон Шасивари најавува нови средби со претставници на парламентарните партии во обид тој да биде донесен.

-За Иборниот законик планираме средби со сите партии бидејќи се носи консензуално и мора да се постави дијалог и партнерство со сите претставници на политички партии и актери што се значајни во тој процес. Во периодот што следи планирам средби со сите претставници на парламентарни партии и пратенички групи за заокружување на тој процес. изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда.

Освен моделот на финансирање на партиите во изборната кампања, Клучните несогласувања меѓу партиите остануваат околу барањето за една изборна единица и гласањето на дијаспората.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер