ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија
2ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8% од вкупната потрошувачка на електрична енергија
3СДСМ: Клековски ги празни базените што ги отвори Мицкоски, а единствениот ПЕТ-скенер стои без суровини
2Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
РакометОбрван се повлекува од функцијата селектор на ракометната репрезентацијаПо поразот од Тунис со резултат 32-26, селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван си поднесе оставка.- Сите ние заедно имавме еден голем сон, да се обидеме првпат во историјата на Македонија да се пласираме на олимписките игри, но не успеавме, изгоревме во тоа и заслужено загубивме. Лошо го отворивме натпреварот и потоа не успеавме да се вратиме од тој голем минус. Имавме неколку ситуации да фатиме приклучок, но не знаевме да ги искористиме. После ова се повлекувам од функцијата селектор на македонската ракометна репрезентација, изјави Обрван. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата. Каква е неговата улога? Дали е известен за промената на сопственичката структура? Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија? Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание? Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори. Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава? Дали има бугарски пасош? Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките. Јавноста има право да ги знае одговорите. Скопје, 19.08.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Убавицата од 90-тите не се двоуми да покаже сè, дури во шеста деценија од живототПознатата актерка, русокосата убавица Хедер Греам (56) на Инстаграм сподели фотографии од својот одмор во Италија, на кои покажа дека се уште има тело на кое може да и позавидат и двојно помлади девојки.Хедер прво покажа како изгледа фантастично во провокативно сино, а потоа и во бордо бикини. Актерката беше одлично расположена додека уживаше во летниот одмор. Таа повторно ги воодушеви сите со својот изглед и докажа дека воопшто не остарела од периодот на деведесеттите години, кога беше на врвот на својата слава. Хедер зрачи со самодоверба на секоја објава додека позираше и ја покажуваше својата фигура во бикини, кои ги надополни со темни очила за сонце. Фотографиите наводно ги направил нејзиниот партнер Микеле Чивета (50), италијански режисер и продуцент, кој ѝ се придружил на патувањето. Не застана тука – неповторливата Хедер повторно блесна на плажата, но ја смени бојата на костимот за капење. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСе појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаницаАтрактивната Георгина Родригез и најплатениот светски фудбалер, Кристијано Роналдо пред околу една недела тајно стапија во брак, а сега се појави и видео од церемонијата.На свадбата биле присутни само нивните деца, а невестата воопшто не носела венчаница. Долгогодишните партнери Кристијано и Георгина официјално стапија во брак, а како што се дозна подоцна, на интимната свадба присуствуваа само нивните деца. Како што се очекуваше, милиони нивни фанови се интересираа и каква венчаница избрала Георгина, со оглед на тоа што е познато дека таа сака да се истакнува со скапи парчиња, особено со накит вреден стотици илјади евра. Но на изненадување на фановите Георгина на свадбата воопшто не носела венчанца Наместо венчаница, таа се одлучи за едноставна кошула и тесно здолниште, а изгледот го надополни со скап дијамантски накит. View this post on Instagram A post shared by khan✨ (@cr7raz_) Во истото издание, парот се венчал и во црква, а фокусот бил ставен на самиот чин, што пријатно ги изненади луѓето навикнати на тоа како Георгина редовно се фали со скапи парчиња и пари.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00