Обрван : Разликата во квалитетот меѓу Македонија и Шпанија е голема - Канал 5

Обрван : Разликата во квалитетот меѓу Македонија и Шпанија е голема

По вечерашниот пораз од светскиот шампион Шпанија од 24-17 новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван порача дека разликата во квалитетот меѓу селекциите е голема и дека со ваква лоша реализација на зицери не може да се очекува поволен резултат против вака силен ривал.

Обрван : Разликата во квалитетот меѓу Македонија и Шпанија е голема



„Игравме против врвна репрезентација, Шпанците доминираа денеска во Скопје. Жалам што на стартот на мечот промашивме неколку зицери што Шпанија го искористи за резултатски да се одлепи. Голема е разликата во квалитет, играта се разводни кога дојде разлика од 5-8 гола. Не е трагедија да се загуби од светски првак. Не сум задоволен од пристапот и борбата, очекував подобар однос и посилен отпор. Сепак, игравме само онолку колку што ни дозволи противникот кој на голот го имаше феноменалниот Штербик. Жал ми е и што останавме без тројца играчи, кои веројатно нема да играат в недела на реваншот. Во јуни се натпреварите кои можат да не однесат на ЕП. Уверен сум дека ќе успееме да го оствариме тоа", изјави по поразот нашиот нов селектор Ивица Обрван.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем меѓународен успех на ученичка од Македонија

Софија Ѓорчева од Кавадарци оствари меѓународен успех.

Голем меѓународен успех на ученичка од Македонија

На меѓународниот турнир „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија таа освои златен пехар во најтешката категорија „Ludovico Ferrari“; златен медал на тимскиот натпревар, сребрен медал на финалниот индивидуален натпревар.

До финалето стигна по четири квалификациски круга, во кои освои златен медал во секој круг.

Освен тоа, Ѓорчева е и добитник на сребрен медал на „International Youth Math Challenge (IYMC)“, каде што го постигна највисокиот резултат меѓу учесниците од Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

„Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства.“ - ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

ЈП Лајка започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом

Започнуваме нова кампања за вдомување посветена на кучињата кои најдолго престојуваат во прифатилиштето и со години чекаат некој да им даде шанса за нов живот.

Во рамки на кампањата, за реализиравме фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако станува збор за здрави, социјализирани и подготвени за вдомување миленици.

Во наредниот период, јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом.

Зад секое куче што со години е во Лајка се крие приказна која заслужува да биде слушната. Тие не се бројки, туку живи суштества кои секој ден го чекаат истиот момент - некој да дојде токму по нив. Со оваа кампања сакаме да им дадеме видливост на оние кои најдолго чекаат и да покажеме дека времето поминато во прифатилиште не ја намалува нивната вредност како идни домашни миленици.

Кучињата кои се дел од кампањата со години се под грижа на ЈП Лајка. Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Голем дел од нив учествуваа во бројни прошетки и активности, каде покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство.

Ги повикуваме граѓаните да ги следат објавите, да ги споделуваат нивните приказни и да размислат за вдомување. Понекогаш е потребно само едно споделување за едно куче, по години чекање, конечно да го пронајде својот дом.

За повеќе информации и интерес за вдомување, граѓаните можат да се обратат преку нашите официјални канали за комуникација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара

Легендата на светскиот тенис, големата шампионка од екс Југославија, Моника Селеш му честиташе на Новак Ѓоковиќ за победата на Вимблдон, а имаше и совет за неговата ќерка Тара.

„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара

Најтрофејниот свтески тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш му покажа на целиот свет зошто е најголемиот на сите времиња.

Иако има 39 години, тој успеа да победи во најдолгиот четвртфинален меч во историјата на Вимблдон и да го скрши отпорот на Феликс Оже-Алијасим по пет часа и 15 минути игра со 3-2 по сетови – 7:6 (12:10), 3:6, 6:3, 6:7 (4:7), 7:6 (10:4).

Неговата игра воодушеви многумина, меѓу кои и легендарната Моника Селеш.

Поранешната југословенска тенисерка го следеше мечот од трибините и објави видео со интересна порака за српскиот ас.

„Конечно ги гледав мечевите на Вимблдон. Две возбудливи четвртфиналиња во женска конкуренција, а потоа – што да кажам за Новак? Продолжуваш да нè инспирираш со својата игра, физичка подготвеност и ментален фокус. Оној поен во петтиот сет, супер тај-брејкот при резултат 4:3 по пет часа тенис, беше апсолутно неверојатен. Легендо“, напиша Моника.

На самиот крај, познатиот мал Мо имаше порака за ќерката на Ноле, Тара.

Моника тврди дека Новак треба да поработи на своето танцување за време на прославата.

„П.С. Тара, продолжи да вежбаш танцови чекори со тато. Има уште многу простор за напредок“, напишала во шега славната тенисерка..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер