Обрван: Ова не е најдоброто од Македонија - Канал 5

Обрван: Ова не е најдоброто од Македонија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван, по победата над Црна Гора (35:28) во пријателскиот меч одигран синоќа во Скопје, изрази задоволство од играта на своите избраници, но и уверување дека неговите избраници можат уште подобро.

Обрван: Ова не е најдоброто од Македонија

Тој очекува воочените недостатоци во одредени делови од играта да бидат надминати и во најдобра форма да се отпатува на еврошампионатот во Полска.

- Ова беше корисен натпревар, како и дуелите со Словенија. Остварен е добар резултат против една цврста екипа како што е Црна Гора. Сепак, имаме уште неколку работи на кои треба да поработиме и да ги поправиме, пред се тоа се однесува на одбраната која мора да биде уште поподвижна. Во секој случај задоволен сум со победата. Не беше ова нашето најдобро издание и има уште простор за напредок, но беше добар натпревар, изјави Обрван по мечот со Црна Гора.

Хрватот веќе денеска ќе има можност уште еднаш да види во какво светло ќе се прикажат неговите избраници во мечот против истиот противник.
Во среда репрезентацијата патува за Краков, каде в петок (15 јануари) ќе го одигра и првиот меч на првенство и тоа против актуелниот олимписки, светски и европски шампион Франција.

Другите две репрезентации од групата се домаќинот Полска и Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдињо слета во Италија за да го заврши спектакуларниот трансфер (ВИДЕО)

Поранешната фудбалска ѕвезда на Барселона и Милан, Роналдињо, пристигна во италијанскиот регион Ромања. 

Роналдињо слета во Италија за да го заврши спектакуларниот трансфер (ВИДЕО)

Тој слета со приватен лет од Милано во 11:50 часот на аеродромот Ридолфи во Форли, а потоа се упати кон Равена со својот тим, пишува goal.com. На аеродромот го пречекаа претставници на клубот и околу триесет навивачи. Бразилецот накратко застана за да се фотографира со публиката и да даде автограми.

Презентација на плажа пред илјадници луѓе

Официјалното претставување на Роналдињо како нов играч на Равена ќе се одржи вечерва во Марина ди Равена. Настанот е најавен за периодот од 20:30 до 22:00 часот на плажата во близина на јужниот бранобран, а организаторите очекуваат помеѓу пет и шест илјади посетители. Роналдињо ќе остане во Ромања утре, кога е закажано да го посети клубот Спејс во Ричионе.

Гол: Последен гол во кариерата

Клубот го објави доаѓањето на бразилската ѕвезда на 23 јуни, заедно со порака за амбициите на проектот. „Роналдињо потпишува за Равена и станува играч на клубот Равена ФК од Чипријани. Ова е еден од најзначајните трансфери во историјата на клубот и момент што ќе ја стави Равена во фокусот на светскиот фудбал.

Овој трансфер е повеќе од симболичен; Роналдињо си постави јасна цел - сака да го постигне својот последен професионален гол во дресот на Равена. Ова ќе додаде многу лично поглавје во една од најпознатите кариери во фудбалската историја. Неговото доаѓање испраќа јасна порака: Равена гради сериозен проект, а италијанската фудбалска култура добива нова основа. Така започнува најфасцинантното поглавје во историјата на клубот, а тоа е само почетокот.“

Роналдињо стана ко-сопственик на клубот

Односот на Роналдињо со Равена нема да биде ограничен само на враќање на теренот. Легендарниот Бразилец ќе стане и ко-сопственик на италијанскиот тим од третата лига, потврди претседателот на клубот Игнацио Чипријани. Точниот процент од уделот што ќе му припаѓа на 46-годишниот освојувач на Златната топка сè уште не е објавен.

Италијанските медиуми објавуваат дека Роналдињо влегува во клубот како полноправен партнер, а не само како амбасадор или лице на проектот. Од 2024 година, Равена е под контрола на Чипријани и инвестицискиот фонд „Блек Дак“, кои имаат големи амбиции со клубот.

Доаѓањето на Роналдињо веќе донесе огромно меѓународно внимание кон Равена, а Чипријани сака да го искористи својот глобален статус за понатамошен развој на клубот и брендот. Равена се натпреварува во Серија Ц оваа сезона, додека Чипријани јавно зборува за долгорочната цел да стигне до Серија А, а плановите вклучуваат модернизација на инфраструктурата и нов стадион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов топлотен бран со температури до 40 степени, заладување од недела

Утре минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени, соопштуваат од УХМР.

Нов топлотен бран со температури до 40 степени, заладување од недела

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

23 Попова Шапка, 28 Крушево, 29 Маврови Анови, 32 Претор, 33 Берово, 34 Крива Паланка, Охрид, 35 Прилеп, Битола, 36 Струмица, Виница, Тетово, 37 Штип, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Петровец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Белград се сретна со својот српски колега, Драган Гламочиќ. 

Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија

Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во земјоделството, преработката, безбедноста на храната и ветеринарната заштита, како и создавањето нови развојни можности меѓу двете земји.

Министрите Серафимовски и Гламочиќ посочија дека географската близина, поврзаноста на пазарите и сличните предизвици со кои се соочуваат земјоделците претставуваат добра основа за поцврсто партнерство. Соработката меѓу двете земји, како што беше нагласено, треба да добие практична димензија преку размена на знаење и технологии, нови деловни врски и подобро поврзување на примарното производство со преработувачката индустрија.

Министерот Серафимовски нагласи дека македонското земјоделство влегува во нова развојна фаза во која институционалната поддршка се насочува кон поттикнување на поголемо и поквалитетно производство, модернизација и подобра пазарна позиција на домашните производи.

„Нашата задача е земјоделството да произведува повеќе и поквалитетно, да привлече нови инвестиции, да биде подготвено за климатските и пазарните промени и да понуди препознатливи производи со поголема додадена вредност, усогласени со европските стандарди. Регионалната соработка може да ја забрза таа промена и да отвори нови можности за земјоделците и сточарите“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, Драган Гламочиќ, оцени дека двете држави имаат добра основа за натамошно продлабочување на соработката, особено преку размена на искуства во модернизацијата на производството и усогласувањето со европските земјоделски политики. Тој посочи дека редовниот дијалог меѓу министерствата може побрзо да ги трансформира заедничките иницијативи во конкретни проекти.

„Со поголема поврзаност меѓу институциите, земјоделците и деловната заедница можеме да создадеме простор за нови инвестиции и посилен регионален пазар“, истакна министерот Гламочиќ, соопшти МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер