Обрван ги враќа во репрезентацијата Ристовски и Стојановиќ - Канал 5

Обрван ги враќа во репрезентацијата Ристовски и Стојановиќ

Селекторот на нашата машка ракометна репрезентација Ивица Обрван денеска го објави списокот од 26 ракометари кој ќе бидат во комбинација за настап во двата клучни квалификациски натпревари против Швајцарија и Португалија,за пласман на ЕП во Данска во 2014.

Обрван ги враќа во репрезентацијата Ристовски и Стојановиќ
По подолго време на списокот на репрезентативци е искусниот лев бек Раде Стојановиќ , кој последните настапи во црвено – жолтиот дрес ги имаше на СП во Хрватска во 2009 .Стојановиќ беше изоставен од селекцијата поради конфликтот со тогашниот селектор Темелковски кој се случи токму на Мундијалот во Хрватска.

Хрватскиот тренер во репрезентацијата го враќа и голманот Борко Ристовски. Нашиот прв голман поради слаба форма го пропушти последниот натпревар на селекцијата во квалификациите против светскиот шампион Шпанија.

На поширокиот список на селекторот Обрван се:
Голманите: Ристовски, Даскалоски и Митревски.
Крилата: Алушевски, Ојлески, Недановски, Темелков и Златко Мојсовски.
Бековите:Кире и Филип Лазаров, Наумче Мојсовски , Јоновски, В. Маркоски, Миркуловски, Ангеловски, Мајнов, Кузмановски, Левов, Стојановиќ , Пецаковски, Никола Стојчевски, Јовчевски и Чаневски.
И кружните напаѓачи: Димовски, Стојанче Стоилов и Никола Марковски.

Нашите најдобри ракометари клучните натпревари во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во данска во 2014 ги играат на 12 јуни против Швајцарија на гостински терен и четири дена подоцна со Португалија во Скопје.

За пласман на Европското првенство на црвено жолтите им се потребни две победи, но и Португалија да загуби на домашен терен од Шпанија во вториот меч од претпоследното коло во нашата група.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата

Деветмината осомничени во аферата со ФЗО и очната клиника „Санте Плус“, добија мерки на претпазливост. 

 За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата

Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО ГОКК, па на осомничените им се одземени пасошите и ќе мора редовно да се јавуваат во судот. доцна синоќа бил уапсен и сопственикот на „Санте Плус“, турскиот бизнисмен Билал Кара, кој се товари за кривичното дело – перење пари.

-Полициски службеници, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, го лишија од слобода Б.К. за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Кара им е добро познат на органите за прогон и во регионот, а Албанија од лани го бара и со потерница поради сомнежи за неколку кривични дела.

Меѓу нив се непријавување на приходи од еден милион евра преку клиниката„International Medicare“, поранешна „Санте Плус“, како и за користење на лекови со истечен рок и нелегално внесени медицински препарати.

И во „Санте Плус“ во Приштина според тамошните медиуми, биле утврдени сериозни законски прекршувања, болницата работела две години без лиценца, а имало случаи каде на пациенти наместо ботокс им се вбризгувала вода.

Очната болница во Скопје, која според пријавата оштетила помеѓу 3000 и четири пациенти со тоа што наплаќала за операции и од фондот и од пациентите денеска работи под полна пареа. Екипата на Канал 5 побара одговори од менаџментот но досега не добивме.

Приватната болница вчера била затворена, но денеска функционира вообичаено, внатре холот е полн со пациенти кои вршат прегледи и закажуваат операции на очите

Со спорниот договор помегуи фондот и Санте Плус буџетот бил оштетен 1,7 милиони евра, а приватната болница се стекнала со противправна корист од речиси 4,5 милиони евра. Договорот е потпишан кога со фондот раководел Ден Дончев кој според извори на Канал 5, не е во земјава ..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падот на Вучиќ се уште ја бранува политичката сцена во Македонија

Не стивнуваат партиските реакции во земјава по падот на Александар Вучиќ во Србија. 

Падот на Вучиќ се уште ја бранува политичката сцена во Македонија

Повикувајќи се на информации од свиркачи СДСМ обвинува дека во изминатиот период им се сугерирало на институциите во Македонија да работат преку Алта Банка, за што бараат одговори од премиерот Мицкоски и гувернерот на Народната Банка Славески. Тврдат дека од централата во Белград до Скопје од српските избори до денес биле префрлени над 50 милиони евра, трансфери кои велат дека се дел од криминална мрежа со амин од власта, како попатна станица до Москва.

„Можевме и вчера да го видиме на една дебата, односно не е дебата, туку гостување на телевизија, гледам еден уплашен политичар којшто зборува за сè, но не зборува за она што сите го прашуваат. Преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка. “-Андреј Жерновски – член на ИК на СДСМ.

Премиерот Мицкоски уверува дека критериумите за влез на банки во државата се строги и мора да се испочитувани. Во гостување на Само интервју ги отфрли обвинувањата од СДСМ за соработка со Вучиќ и рече дека не очекува српското сценарио да се отслика и кај нас.

„ Не знам дали е се во ред, но за да дојде во Македонија банка има таков клиринг процес во рамки на Народната банка што апсолутно не може било каков фенинг капитал да влезе овдека без да помине низ тој регулатор. /

Бидејќи ова со студентите некако брзо промптно реагиравте на нивните барања, вчера ги примивте.. Дали се плашите можеби да не има некое такво движење и кај нас да се појави? – Зарем ви личам на исплашен човек? Апсолутно, таман работа, прво, јас сум универзитетски професор кој секој ден е на линија со студентите. Второ, како човек никогаш нема да дозволам да се создаде движење коешто ќе биде толку радикално против моите политики, затоа што политиките што ги водам се народни и продржавни, промакедонски. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада (Само интервју 29.10).

За тврдењата на СДСМ гувернерот Славески изјави дека самиот факт дека средства се префрлаат од една во друга земја не значи дека станува збор за сомнителна активност. Го повтори ставот на Народна банка дека неповерени тврдења за други банкарски системи не требало да се коментираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание

Четириесет и четиригодишниот скопјанец Игор Дашковски Стојановски обвинет за палењето на две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје ја призна вината на денешното прво судско рочиште. 

Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание

Посочи и дека никој не го поттикнал, ниту му наредил да ги запали возилата. Кои му биле мотивите, не кажа.

„Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив“, рече Дашковски пред судијката Фанка Јанчулева Михаиловска која го води предметот.

Обвинет е за кривично дело „Загрозување лица под меѓународна заштита“ според кое му се заканува казна затвор од најмалку една година затвор. Настанот се случи на 15 јуни годинава. Според обвинението, Стојановски со автобус пристигнал во централното градско подрачје, по што од бензинска станица наполнил пластично шише со бензин, а потоа ја преминал улицата и се приближил до двете паркирани дипломатски возила. Обвинителката Катерина Коларевиќ вели дека тој бил пресметлив во моментот на извршување на делото.

-Осудителна ќе е секако пресудата, во однос на казната ќе одлучи судот. Има факти кои се изнесуваат во вештачењето кое е изготвено од Д-р Марцикиќ во поглед на психичката состојба на обвинетиот. Па откако ќе ги сослушаме и тие факти ќе биде изведен како доказ вештиот наод и мислење во поглед на пресметливоста на обвинетиот, тој секако е пресметлив како личност и во состојба на пресметливост го сторил кривичното дело. Ќе ја сослушаме и одлуката на судот во поглед на казната,- изјави – Катерина Коларевиќ – Обвинител во ОЈО ГОКК.

Следното рочиште е закажано за 11 ноември... Обвинителството посочува дека бугарскиот амбасадор бил повикан да се произнесе за настанатата материјална штета, а во постапката биле испитани и претставници на амбасадата кои се под меѓународна заштита.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер