Илон Маск на удар на демократите, почнуваат голема истрага: Ќе ги следиме фактите, ќе примениме закон
Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња
1Илон Маск на удар на демократите, почнуваат голема истрага: Ќе ги следиме фактите, ќе примениме закон
2Туристи плаќале за влезници, а парите завршиле во туѓи џебови- измамата на Малта е откриена со две ливчиња
3Вооружени и маскирани разбојници ограбија златарница во центарот на Париз- однесоа плен од стотици илјади евра (ВИДЕО)
Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
1Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
КултураOбрезание Христово, Нова Година, Свети Василиј Велики - три празници во еден денВо осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка… Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за воспоставување врска со Бога поради што необрежаните се сметале за неосветени и нечисти, а со тоа и отпадници од еврејскиот народ. Исус како божји син можел и да не биде обрежан, но тој не дошол на земјата за да ги негира законите туку за да ги потврдува и да служи за пример. Поради тоа светото семејство на осмиот ден од раѓањето го донесло во храмот новородениот син каде што по извршувањето на овој обред му ставиле име, онака како што им рекол ангелот при јавувањето на Света Дева Марија, Исус (еврејски збор што значи Спасител) и Христос (грчки збор што значи помазан). Во Евангелието според Лука е запишано: „А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му кладоа име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.“ (Лука, 2, 21) Во спомен на овој настан светата црква го востановила празникот Обрезание Господово на осмиот ден по Божик ‒ денот на Христовото раѓање. Како што може да се види „Христос го прими обрезанието како што предвидуваше Старозаветниот закон. Бидејќи се роди и живееше во конкретна средина, ги пазеше сите одредби и обичаи на таа средина. А бездруго обрезанието треба да се протолкува низ богословието на понижувањето (кеносисот), што го прими за спасение на човечкиот род.“ Имајќи предвид дека празникот на Христовото раѓање не е од најстарите Господови празници, дека најпрво споменот на Христовото раѓање бил слеан во Богојавление, денот на неговото крштевање, (односно на неговото духовно раѓање), и дека подоцна тој настан е поврзан со денот 25 декември, може да се рече дека и денот на Господовото обрезание подоцна е ставен на осмиот ден по раѓањето. Како што се пее во еден тропар „Слегувајќи Спасителот при родот човечки го прими повивањето во пелени; не се одврати од плотското обрезание…“ Христос, како што од љубов и човекољубие го прими повивањето со пелени, така го прими и плотското обрезание. Тоа крајно снисходење и понижување Христово, од црквата се смета за голем Господов празник.“ Треба да се спомене и тоа дека Исус со обрезанието покажа дека примил вистинска човечка природа. „Тоа е многу значајно, затоа што во древната црква се појавила една ерес која се нарекува докетизам и која тврдела дека Христос не прими вистинска човечка природа, вистинско човечко тело, туку привидно тело.“ Во таа смисла обрезанието има врска и со крштевањето. Зашто, ако како што вели свети Јован Златоуст „плотското обрезание ги одделуваше Израелците од јазичниците“ со светото крштение се одделувале верните од неверните. „Луѓето со обрезанието стануваа добри Израелци, избран народ Божји. Со Крштението и воопшто со животот во Христа луѓето стануваат деца Божји, го стекнуваат посинувањето по благодат и ја победуваат смрта.“ Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики познат и како Кесариски поради тоа што бил најпознат владика во градот Касарија Кападокиска. Роден е во овој град, во 329 година, од побожни родители, татко кој исто така се викал Василиј и мајка Емилија. Уште мал се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука. На големата популарност му завидувал тогашниот владика во Кесарија поради што Василиј заминал во пустина каде што останал до смртта на владиката. Потоа се вратил и бил поставен за владика, направил многу добри дела по кои црквата сè уште го споменува. Умрел на 1 јануари 389 (според некои 379) поради што црквата секоја година на овој ден го празнува споменот на неговото име. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики. Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Житие Обрезание на Господ Исус Христос Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што ? благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Самиот го дал преку Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот. (Во црковното богослужење овој Господов празник нема ниту претпразненство ниту попразненство). Тропар Ти, Кој седиш во огнозрачен престол на висините, со Твојот беспочетен Отец и со Божествениот Дух, си благоволил да се родиш од неискусомажна девојка – Твојата Мајка, Исусе! Поради тоа си бил и обрезан како човек осмодневен. Слава на Твојот себлаг совет; слава на Твоето снисходење, единствен Човекољупче! Кондак Господарот на вселената трпи обрезание и, како добар, ги отстранува човечките прегрешенија; денес на светот му дава спасение, а во висините се радува и Создателовиот светлоносен ерарх и божествен Христов тајник Василиј. Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква - Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ Преданието за „Василопитата” или лебот на свети Василиј Велики Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики (330-379) стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадуваше на верните од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници. На денот на Новата Година кога сите луѓе дојдоа во црква, тој на секого му даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него. Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ наш Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година. Тропар Твоето учење се рашири по целата земја, и таа го прими твоето слово; преку него си поучувал долично за Бога, си ја појаснил природата на Света Троица, и си го поправил однесувањето на луѓето. Светителу со царско име, оче преподобни, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши. Кондак Ти се покажа непоколеблив темел на Црквата, давајќи им на сите луѓе неукрадливо господство, запечатувајќи го со Твоите заповеди, преподобен Василие, откривачу на небото.Тагови: МПЦ -ОА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ТенисНајпопуларниот Јутјубер на светот одигра тајбрејк со Серена, доби предност од 6:0 (ВИДЕО)Серена Вилијамс се врати на теренот по пензионирањето. Една од најголемите, а според многумина и најголемата тенисерка на сите времиња, одигра еден натпревар на Вимблдон, го загуби, а сега се врати на теренот во интересен судир. Американската тенисерка го прифати предизвикот и ги вкрсти рекетите со најпопуларниот стример и јутјубер во светот, „Спид“. Американскиот јутјубер имаше и голема предност во тајбрејкот што го одиграа. Тој доби предност од 6:0, па му требаше само еден поен за победа. View this post on Instagram A post shared by B/R W Sports (@brwsports) Дуелот започна, „Спид“ го имаше првиот сервис, меѓутоа, Серена освои осум последователни поени со прилично бавно темпо и славеше. Беше многу јасно дека дури и со 10% од нејзината сила во играта (можеби и помалку) Серена немаше проблем да го добие овој необичен натпревар. „Спид“ беше нервозен, фрлајќи го својот рекет, ништо не помогна. Легендата е легенда на крајот на краиштата. Serena Williams gave IShowSpeed a 6-0 lead in a 7 point tiebreak. She won 8 points in a row. There are levels to this. 😭😭 https://t.co/L2QrxDXaYQ — SAINT JHN-88 (@Jhngotswag88) November 11, 2026 Тагови: Серена Вилијамс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветИлон Маск на удар на демократите, почнуваат голема истрага: Ќе ги следиме фактите, ќе примениме законЛидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, не ја исклучи можноста за конгресна истрага против Илон Маск.Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, не ја исклучи можноста за конгресна истрага против Илон Маск, бидејќи повиците за истрага против Одделот за владина ефикасност (DOGE) и другите сојузници на Доналд Трамп се интензивираат пред демократското преземање на Претставничкиот дом. „Ќе ги следиме фактите“, рече Џефрис за можната истрага. „Ќе го спроведеме законот. Ќе го почитуваме Уставот“. Маск се појави како потенцијална цел за демократски надзор, а некои конгресмени повикуваат на темелна истрага за неговата работа на чело на DOGE. Повиците за истрага доаѓаат откако демократите, по победата на среднорочните избори, почнаа да ги мобилизираат партиските редови за да истражат наводна корупција во администрацијата на Трамп. Кога беше прашан дали Илон Маск треба да биде истражен од новото демократско мнозинство, Џефрис одби да се обврзе на формална истрага, туку наместо тоа посочи конгресмените од кои се очекува да ги водат напорите за надзор на демократите. „Џејми Раскин и Роберт Гарсија ќе ги водат нашите напори за конгресен надзор. Ќе им го препуштам тоа на нив“, изјави Џефрис за Fox News Digital. Раскин, демократ од Мериленд, веќе навести дека DOGE може да биде под лупа на Конгресот. Тој минатата недела за Fox News Digital изјави дека верува оти истрагата е оправдана, иако призна дека во овој момент нема конкретен план. „Немав никаков конкретен план. Слушајте... DOGE беше катастрофа за Америка и сум прилично сигурен дека барем еден конгресен комитет ќе го истражи. Таа истрага е неопходна“, рече Раскин. Со мнозинството, можноста за нови истраги добива на интензитет, бидејќи се очекува Раскин и Гарсија да ги преземат функциите претседатели на Комисиите за судство и надзор на Претставничкиот дом. Џефрис, Раскин, Гарсија и помошникот на демократскиот лидер Џо Негус веќе почнаа да развиваат стратегија и планови за истражната агенда на партијата. Џефрис е во трка за претседател на Претставничкиот дом, откако официјално ја објави својата кандидатура само еден ден откако демократите го вратија мнозинството на среднорочните избори. Сепак, демократите се поделени околу тоа дали да го поддржат Џефрис или друг кандидат кој ќе ја претставува партијата како претседател. Изборите за лидерство на Демократската партија во Претставничкиот дом ќе се одржат на 18 ноември, а членовите на партијата ќе гласаат со тајно гласање за да ги зачуваат своите индивидуални избори доверливи. На Џефрис ќе му треба едноставно мнозинство од гласовите на демократите за да ја добие номинацијата на партијата, но ќе му требаат 218 гласови на пленарната седница за официјално да биде избран за претседател на Претставничкиот дом.Тагови: демократите Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМаж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)Одгледувањето шафран обично се поврзува со постудена клима и природна средина, но еден пар од индиската држава Махараштра пронашол начин да го произведе овој скап зачин во својот стан-гарсониера.Наместо традиционалните земјоделски методи, тие решиле да се потпрат на технологијата и да претворат простор од само 37 квадратни метри во мала фарма, објавува Observator News. Специфични услови за одгледување Акшај Холи и неговата сопруга Дивја Лохакаре развиле бизнис базиран на аеропоника. На овој начин, тие успеале да создадат средина во која шафранот може да расте, и покрај високите температури во градот каде што живеат. Нивниот потфат им донел значајни финансиски резултати. Според Акшај, бизнисот им донел годишен приход од приближно 38.000 до 47.500 евра. Акшај дипломирал на Факултетот за бизнис администрација, додека неговата сопруга Дивја претходно работела во банкарскиот сектор. Двајцата почнале да ја истражуваат можноста за одгледување шафран во 2020 година, препознавајќи можност на пазар каде што побарувачката за зачинот е голема, додека домашното производство е релативно ограничено. Причината за ова се специфичните услови потребни за негово одгледување. Шафранот генерално успева во области со соодветна клима, па затоа неговото одгледување може да биде многу тешко во региони со екстремни температури. 🚨 Nagpur couple earns over Rs 4 lakh per month from a 400 sqft room business that has a profit margin of 80% https://t.co/jkVW7cf80W — India Live (@IndiaLiveIN) November 12, 2026 Првичните обиди не донесоа резултати Наместо да се потпираат на традиционалното земјоделство, Акшај и Дивја решија прво да ја совладаат технологијата што ќе им овозможи да произведуваат во затворен простор. Во текот на две години, тие поминаа три месеци во неколку наврати учејќи од одгледувачи кои произведуваат шафран во контролирани услови. Нивните почетни обиди не ги донесоа очекуваните резултати. Во почетниот експеримент, тие користеа 100 единици саден материјал, со вкупна тежина од еден килограм, а првата жетва даде само неколку грама од зачинот. Сепак, тие не се откажаа. Подоцна, тие пробаа поголема количина и успеаја да произведат 1.600 грама шафран. Овој резултат ги охрабри да го прошират својот бизнис и да продолжат да инвестираат во производството. Клучот за нивниот бизнис е аеропонскиот систем, во кој растенијата не се садат во земја. Наместо тоа, нивните корени ја добиваат потребната влага и хранливи материи преку контролирано прскање или фина магла што содржи хранлив раствор. Берба од август до декември На овој начин, можно е прецизно да се контролираат условите за раст на растенијата и да се прилагодат на нивните потреби, без оглед на надворешната клима. Токму оваа технологија им овозможила да одгледуваат шафран во град каде што високите температури инаку се сериозна пречка. Тие организирале производство во просторија од 37 квадратни метри, но планираат дополнително да го прошират бизнисот. Поради досегашните резултати, двојката подготвува нова производствена единица со површина од дури 480 квадратни метри. Бербата на шафран трае од август до декември, додека преостанатите месеци се користат за одгледување и одржување на садници за следните сезони. Според Акшај, тие продаваат шафран по цена од приближно шест евра за грам, што значи дека килограм од овој зачин достигнува вредност од околу 6.000 евра. Голем дел од работата ја работат сами. Дополнителна предност е издржливоста на опремата што ја користат, бидејќи машините во нивниот систем, според нив, можат да работат помеѓу 20 и 25 години.Тагови: гарсониера Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter